Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БАЛКАНСКИ САМИТ ВО СЕНКАТА НА НАМАЛЕНИОТ РЕЈТИНГ НА ДОМАЌИНОТ

May 1, 2018 Filed Under: Македонија

Иванов: ЕУ треба да овозможи паралелни преговори за името и за членство

РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС

ПРОЦЕС БРДО БРИОНИ Традиционално тоа е собир на највисоки претставници на државите и на млаки соопштенија

Не е јасно дали самитот на балканските политички лидери бил позициониран на 27 април по желба на домаќинот – претседателот Иванов, или пак тоа е само коинциденција во усогласување на тајминзите на учесниците на овој собир, но факт е дека овој календарски избор влијаеше на интересот на медиумите и јавноста воопшто за она што се случуваше тој ден во хотелот „Александар палас“. Имено, годишнината од т.н. „крвав четврток“, како и другите тековни настани – а ги имаше во голем број – просто фрлија чадна бомба врз самитот. За волја на вистината самиот претседател Иванов имаше во тие настани од пред една година важна ролја, не до крај осветлена, на вистина, но доволнен формат неговото име да не се споменува многу во контекст на денот исполнет со сеќавање. Таа политичка мимикријаусоеа, ако беше планирабна, но и беше причина што неговиот домаќинлак вроди со плод наречен: битно намален информационен тонус за настанот!

Сигурно дека листата на гостите не беше таква да го заслужи ѕаквиот новинарски третман, сама по себе. Се работеше за балканската политичка елита која се собра во рамки на континуитетот на процесот „Брдо – Бриони“. На состанокот учествуваа претседателите на шесте држави од Западен Балкан, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателите на Словенија и Хрватска кои се иницијатори на овој процес и премиерот на Бугарија, која е претседавач со Европската Унија (ЕУ).

Нз заедничката прес-конференција по состанокот, престедателот Ѓорге Иванов изјави дека ќе мора да се занимаваме со минатото ако ЕУ не ни` ја обезбеди иднината и повтори дека врвните стратегиски цели на Македонија се членството во НАТО и во Европската Унија.

„Како претседател на Република Македонија, ја повикувам Унијата да овозможи паралелно движење на преговорите за членство и надминување на билатералната разлика меѓу Македонија и Грција“, рече претседателот Иванов. (Се разбира оваа идеја нема врска со реалните процеси на Балканот подолг период). Тој додаде дека, долго време политиката на проширувањето потфрлувала во случајот со Република Македонија не поради принципите и критериумите на Унијата, туку поради непочитувањето на тие принципи и критериуми од страна на една земја членка.

СМАЛЕНА ВЕРЗИЈА Ова се учесници кои се непосредни соседи – претседателите на Словенија, Хрватска, Косово и Македонија

Конечниот збор го има Европскиот совет, а не Европската комисија. А политичкото прашање не може да се реши само со технички пристап и бара храброст, одлучност и креативност од Унијата. Нема подобар пример за тоа од Словенија и Хрватска кои со помош на Европската Унија, успеаја да најдат начин за паралелни преговори. Благодарение на таквиот европски пристап, денес Словенија и Хрватска се лидери на Процесот Брдо-Бриони“, изјави Иванов. (Да појасниме дека Хрватска и Словенија потпишаа договор сличен на оној што треба да го направиме ние со Грција пред Загреб да стане дел од Унијата. Проблемот со Пиранскиот залив кој го имаме денес само покажува дека делумно или лажно решен спор пак ќе се појави на сцената!)

Туск, кој беше специјален гостин на состанокот, нагласи дека на регионот му се потребни повеќе позитивни примери, како Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија и спогодбата меѓу Приштина и Црна Гора.

„Можеби, историјата на Балканот, која наликува на хорор филм, кој никогаш не завршува, сепак да има среќен крај. Она што се случи со Северна и Јужна Кореја покажува дека невозможното станува возможно“, рече првиот човек на Европскиот совет.

Туск напомена дека, за време на неговата турнеја низ Западен Балкан, дал јасна порака дека земјите-членки на Унијата цврсто се залагаат за европската перспектива на регионот.

Бугарскиот премиер Борисов изрази надеж дека Македонија и Грција брзо ќе го решат спорот околу името и направи паралела со Северна и Јужна Кореја, напоменувајќи дека кога овие две држави успеале да постигнат договор, земјите од регионот сигурно ќе можат да ги надминат разликите.

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ја поздрави одлуката со која се препорачува почеток на преговори со Македонија и со Албанија додека словенечкиот претседател Борут Пахор рече дека е од големо значење одлуката на Европската Комисија (ЕК) повторно да ги поддржи реформите во југоисточна Европа за конечно државите од регионот да станат дел од Унијата.

СМАЛЕНА ВЕРЗИЈА Ова се учесници кои се непосредни соседи – претседателите на Словенија, Хрватска, Косово и Македонија

Заедничкиот заклучок на лидерите од процесот „Брдо Бриони“ е дека одговорноста е сега кај државите од Западниот Балкан кои мора да продолжат со реформите во судството, владеењето на правото, човековите права, борба против корупцијата и организираниот криминал, како одговор на обновениот фокус на ЕУ кон регионот.

Тие во заедничките заклучоци наведоа дека интеграцијата во ЕУ станува стратешки катализартор за јакнење на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот и поради тоа од голема важност е воздржување од популистичка, националистичка реторика и активности кои можат да ги зголемат тензиите во регионот.

Шефовите на држави од процесот „Брдо Бриони“ ги охрабрија решавањата на отворените прашања и спорови во регионот, нешто што го порачаат и Туск и Борисов како актуелен претседавач со ЕУ.

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet