Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БАЛКАНСКО ОРО НА ИСТОЧНИТЕ СОСЕДИ

July 16, 2019 Filed Under: Македонија

Политичката акција на Русија на Балканот за поранешниот американски генерал Весли Кларк е „балканска игра“, додека за професорот од Универзитетскиот колеџ во Лондон, Марк Галеоти, тоа е руска политичко-воена машинерија

ЕМИЛ ЗЛАТКОВ

ВЕСЛИ КЛАРК Русија, Кина и Турција играат оро на Балканот а НАТО мора брзо да реагира

Балканот повторно и многу лесно може да стане кризно тло, бидејќи е регион кој е на тектонската плоча на човековата раса, каде цивилизациите од секогаш се судирале и денеска се судираат. Со таа разлика, велат експертите, што овој пат тоа е модерно, политички, но никако не смее да се заспие и на двете очи оти некои нови мешања во регионалните односи и во прозападните желби на Балканот имаат можна тенденција за пламнување на конфликти.

Или, како што вели поранешниот американски генерал Весли Кларк, кога на Балканот оро играат Русија, Турција и Кина, тогаш ЕУ и НАТО мораат да бидат брзи и енергични, бидејќи тие се стратешка цел на Македонија, Косово, БиХ, Албанија…

„Лутите зборови и агресивните дела можат да доведат до конфликти на Балканот многу побрзо одошто каде било на друго место во светот. И треба да бидеме загрижени. Треба што побрзо да го внесеме Западен Балкан напред во западната и во трансатлантската цивилизација“, вели генералот Кларк, во изјава за неколку регионални медиуми.

Кларк: Москва се судира и со Анкара на Балканот

Кларк смета дека не само што Русија има своја „битка“ на Балканот за ширење на своето политичко влијание, туку бие битка и со други ривали кои не се од Западот.

„Турција и Русија често се судираат меѓусебно на Балканот. Тоа не се случува во Босна и Херцеговина, во Романија, во Бугарија и во другите држави“, додава Кларк.

ГАЛЕОТИ: Руска политичко-воена машинерија е ефикасна – има за цел да ја намали одбрамбената способност на противникот

Што се однесува до влијанието на Кина, аналитичарите велат дека Пекинг на Балканот доаѓа со инвестициски фондови и дека не треба никој да се изненади ако тие фондови дојдат со политички врски прикачени за нив.

„Кога носите кинески пари добивате и кинеско влијание. Но не е само Кина, Сите три земји, Русија, Турција и Кина играат т.н. балканска игра“, појаснува поранешниот генерал.

Таа балканска политичка игра, или како што дел од експертите велат „балканско оро“, во анализите на Марк Галеоти од Универзитетскиот колеџ во Лондон, е отсликано како нешто многу пожестоко. Московската политика на Балканот против Западот и балканските евроатлантски интеграции според Галеоти е „руска политичко-воена машинерија“.

„Таа руска политичко-воена машинерија е ефикасна поради нејзината стратешка цел – да се ослабне капацитетот на противникот, да се оневозможи тој да се спротивстави на обидите за искористување на неговата ранливост, и особено поткопување на неговото политичко и граѓанско единство“, вели Галеоти.

Поради сето тоа, вели Галеоти, Западот, сакал или не, е во своевидна војна, војна која ја диктираат моменталните околности.

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet