Овие уреди ги служат група луѓе што се наоѓаат на арздаслеченост од максимум 300 метри. Можат да се следат само ако полицијата однапред е известена дека ќе се случи криминал на одреден простор, што во овој случај изостанал како сознание

Уште додека траеше неиспорачувањето на обвинетиот Палевски од Турција во еден текст обрнав внимание на фактот дека на масата на Палевски во неговата партиска канцеларија на масата често имало пиштоли и токи-воки апарати. Не печати, документи, програми (на „Десна“) туку орудија кои служат само на оние кои се учесници на валканиот криминал! Зошто се користат вакви уреди? Па затоа што тие не се следат, имаат дооворена фрекфенција а по исклучок полицијата има можност да ги следи само ако однапред дознала за акција на нивните поседувачи. Дострелот е до 500 метри а најсигурно ако таа оддалечен од членовите на групата е околу 200-300 метри па некој може да чува стража, втор може да врши подготвителни дејствија а трет да речеме да изврши егзекуција на жртвата. Потоа тие лица може на кратјо да се раздвојат за да не бидат сомнителни или да влезат во различни возила кои возат на некое блиско растојание а меѓу нив да има други учесници во сообраќајот што ќе служат без да сакаат за маркирање на групата.
Индикативно е дека потоа таа слика за радио врските дадена во едно од сведоштвата кај обвинителството некако исчезна во јавноста, кога ќе се говореше за злосторствата на Палевски и неговите пајшати, бидејќи, сама по себе добро ја отсликува целта на оваа партија-банда. Но, таа слика барем делумно, на последното судско рочиште од овој февруари сликата беше вратена.
Така, во Основниот кривичен суд Скопје на 21 февруари со изведување на материјални докази продолжи судењето за убиството на Вања и Панче. Во судница беа прикажани видеа каде Обвинителството тврди дека се гледаат обвинетите, вреќа за спиење, кофи, лопати… Првообвинетиот Палевски, даде оценка дека презентираните материјали се манипулирани и неверодостојни и обвини за наметнување лажни докази.
На предлог на Обвинителството нинаку беа изведени шест ЦД дискови со видеа од безбедносните камери поставени на куќата на обвинетиот Велибор Манев во Велес, каде се наоѓа материјал од безбедносните камери, што ги опфаќа деновите од 20.11 до 3.12 2023 година со 24-часовен надзор.
Во видео материјалите, најпрвин се гледа како лице влегува во дворот на Манев, а Обвинителството тврди дека е тоа обвинетиот Боре Видевски, како што тврди, според видео снимките, дека подоцна во дворот дошле и обвинетите Влатко Кешишев и Љупчо Палевски.
– На видеото се забележува како Палевски и Видевски, но и Манев разговараат на микрофоните од радиостаница (токи-воки – н.з,) односно вршат тестирање дали истите функционираат. Забележливо е и дека Палевски на јакната има закачено микрофон, а истото го имаат и Манев и Видевски, посочи обвинителката при изведувањето на доказите.
Според забелешката на Обвинителството, на едно од видеата Палевски носел јакна што на ракавите има три бели ленти, а исто така и обвинетиот Манев бил облечен во тренерка што на ракавите има три бели ленти.
– Значајно е бидејќи на минатото рочиште имаше видеа од камерите на Романтик кај Велес, беше забележано дека две лица во возилата – по едно во цитроен и рено кангу, на своите ракави имаа бели траки, беше појаснето од страна на обвинителката.
Како што тврди Обвинителството, на едно од видеата, Велибор Манев излегол од дворот и се упатил пеш во правец кон Велес каде се наоѓала куќата на Панче. По Велибор и возилото рено кангу се упатило кон истиот правец кон Велес, каде се наоѓа куќата на оштетениот Панче.
Според видеата што беа презентирани, Обвинителството појаснува дека имало еден неуспешен обид за грабнување и убиство на Вања, на 24 ноември, кога на снимката имало и подавање, најверојатно на црни ракавици, а биле извадени и две лопати и други предмети, две кофи, вреќа за спиење.
Бранителот на Палевски, адвокатот Јовица Страшевски даде приговор за доказите и рече дека му е жал што не можел да реагира директно на снимките. Според него, се гледало препаркирање и движење на возила, без конкретни дејствија.
Палевски во судницата за денеска презентираните материјали рече дека се манипулирани и неверодостојни. Тој обвини за наметнување лажни докази.
Да се опотсетиме – случајот го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска. За двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски обвинети се Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, кои се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.