Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БАЈДЕН И ФЕЈСБУК ВО ВЕРБАЛНА ВОЈНА

July 21, 2021 Filed Under: Свет

Американскиот претседател смета дека дезинформациите за коронавирусот убиваат луѓе a Фејсбук ја отфрла критиката

СРЕДБА СО НОВИНАРИТЕ Тука почна кавгата меѓу Фејсбук и Белата куќа

Со лажните вести на социјалните медиуми, според американскиот претседател Џо Бајден, големите оператори сносат одговорност за смртта на многу луѓе. Фејсбук ја отфрли критиката. На прашањето на еден репортер каква е неговата порака во поглед на ширењето дезинформации на платформи како Фејсбук, американскиот претседател Џо Бајден одговори: „Тие убиваат луѓе”. Корона кризата во САД се претвори во „пандемија на невакцинирани“, дополни Бајден на средба со новинарите пред Белата куќа.

Од аспект на американската влада, лажните вести и дезинформациите на социјалните медиуми како Фејсбук се соодговорни за колебливоста и одбивноста на многумина Американци кон вакцините против коронавирус. Бројот на новоинфицирани во САД во регионите со ниска стапка на вакцинирани повторно бележи нагло покачување, потпомогнато од посебно преносливата Делта варијанта на коронавирусот.

Вакциналната кампања бележи бавен напредок. Според здравствената служба ЦДЦ, во меѓувреме во САД целосно вакцинирани се преку 160 милиони луѓе. Околу 185 милиони лица примиле најмалку прва доза од вакцините, што изнесува околу 56 % од вкупното население.

Неодамна и највисокиот претставник за здравство во американската влада, Вивек Марти, предупреди од влијанието на дезинформациите. „Денес живееме во свет во кој лажните вести претставуваат директна и непосредна закана за здравјето на нашата нација“, истакна Марти.

Во просек во изминатите денови во САД се регистрираат околу 26.000 новоинфицирани дневно, што е зголемување за 70 % споредено со претходната недела. Се зголемува и бројот на луѓето кои поради заболување од Ковид-19 се примаат во болници, како и неделниот број на смртни случаи.

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet