Овој не мниогу населен дел од земјава станува честа цел на спортистите кои се бават со планински велосипедизам
А 13 и 14 мај сите спортски, културолошки, историски и еколошки патишта, водеа кон легендарната Црвена Вода, во историска Дебрца
Историското место Црвена Вода е селото со кое се поврзани сите нишани од постанокот на современата македонска држава после Втората светска војна. Итото широко ги отвори вратите за учесниците на националчната манифестација: „МТБ (Вело)-тура Караорман 2023”, во организација на Rupicapra MTB Adventure team од Струга и под покровителство на СРЦ „Бела Каса” од Црвена Вода.
Покровителот подготвува големо изненадување за учесниците. Покрај специјалитети карактеристични за овој крај, чорба подготвена од повеќе видови дивеч и шумски плодови, веселото расположение кај учесниците подогна интерпретаторката Елена Јовческа.
Оваа атрактивна тура, која, покрај другото, минува низ кањонот на Песочка Река, всушнос, е кружна: стартот и финишот се кај бензинска пумпа ОКТА (на самиот автопат Кичево – Охрид), по што минува низ селото .Песочан, потоа се искачува до браната кај Радомирово, а од тука до историските споменици, како Славеј Планина, местото на формирањето на батаљонот ”Мирче Ацев”, зародишот на денешната АРМ. Помина низ партизамските бази и заврши во Црверна Вода.
Должина на турата е 40 километри, додека искачувањето е до 1.250 метри надморска височина Охриод е на 700 метри!). Теренот е 95 проценти шумски по патот.
До затворањето на електронската пријава, за настанот беа пријавени 20 регистрирани бајкери од повеќе здруженија во земјата, како и поединци.
Со цел унапредување и афирмација на планинскиот велосипедизам и промоција на Струга како одлична дестинација за активен туризам, организаторите добиваат континуирана поддршка, мегу другите, и од амбасадорот на Словачка Н.Е.Хенрик Маркуш, кој, викендов, им се придружи на учесниците во возењето МТБ на планините Караорман и Јабланица.
Организаторите соопштија претходно дека во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед по планински патеки.
Целата рута е максимално обележана и означена со поставување на патокази и маркација.
Овој проект ќе придонесе за поголема безбедност на планинарите и велосипедистите. Велосипедската култура во земјава последните години доживува подем, а интересот за планински велосипедизам енормно расте во светски рамк.
За местото на случувањето, легендарното Црвена Вида не треба посебно да се зборува. Главниот организатор на НОВ и ПОМ, Петре Пирузе Мајски, заедно со воениот командант Михајло Апосгтолски, го одбраа ова село како партизанска база, поради местоположбата и целосната лојалност на мештаните кон борбата.
Тука е донесен, отпечатен, како прв документ на македонски современ јазик, во партизанската печатница, МАНИФЕСТОТ на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, на 3 октомври 1943 година. Формиран е Иницијативниот одбор, подготвени се документите, подоцна усвоени во Прохор Пчински (АСНОМ), тука се избрани и делегатите за АВНОЈ.
Инаку, таму престојувала и првата сојузничка мисија, на ниво на мајор на британската армија, што, практично, погледнато од денешен аспект, го означува зародишот на соработката со западната алијанса, денес НАТО:
Покрај за овие факти, учесниците се запознаа со Спомен домот, ја разгледаат Спомен собата на НОВ и ПОМ, Спомен собата посветена на Ванчо Николески, родоначалник на литературата за деца во Македонија, а ја посетија и неговата родна куќа.