Со интервенцијата на Москва во Казахстан не се бранеше само тамошниот режим, туку и првата база во светот ода каде започнаа летовите кон всеолената. Засега таму функционира еден систем во кој нема грешка и на кој се потпираат и другите земји кои се дел на стариот детант
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Во рамките на динамичните настани кои се скеојдневни на меѓунардно ниво, често не забележуваме активности кои се многу битни, но на прв поглед можеби делуваат неатрактивно. Еден од тие настани е инцијтивата на Вашинготн за некаквa – условно речено – поделба на вселенскиот колач кој за дел од стручната јавност во светот е прaвнички спорен, но и за другите велесили во освојување на вселената, Русија и Кина пред се во тој договор гледаат извор на несогласувања, бидејќи, им дава второкласни позиции. Договорот кој се однесува на некој вид на поделба на природните добра на Месечината, Русија, главниот партнер на САД за Меѓународната вселенска станица, категорично одби да го потпише До тој миг се чинеше дека токму освојувањето на вселената е дел од најдобрите денови на детантот. Особено затоа што по серијата неуспеси на НАСА во остварувањње на нивниот програм, лансирањата на Роскосмос беше единствениот начин да се испратат американски астронаути во вселенски објект таму.горе.
Да направиме мал скок во дневните настани тука ,на Земјата. На планетава, неодамна се случи влез на руски воени трупи во Казахстан, со цел – спасување на режимот на актуелниот владетел таму. Тоа предизвика различни коментари, главно околу позицијата на мешање на Москва во внатрешни работи на друга самостојна држава. Но, дали таа оценка држи во целина? Има ли тука некој мотив повеќе кај московјаните за присуство на нивни војници во Казахстан.
Па, ако се гледа видеото за атерирањето на воен авиотранспортер од типот Иљушин во Бајконур (urir.rs/planeta/3846887/prepad-na-bajkonur-ruski-desanjtniki-zauzeli-i-obezbedili-kosmodrom-iz-iljusina-se-iskrcali-pod-punom-opremom-video) се станува појасно – заради немирите, налик на зачеток на граѓанска војна во Казахстан. се чинеше дека е загрозен еден од клучните култни статуси на Русија. Најмалку е спорно дека во мигот вселенскиот товарен брод Прогрес која оди до Меѓународната вселенска станица и носеше се што таму е потребно е таа која ја издржа пробата на времето и дека тоа и дава централна позиција на Москва во лоцирањето на објекти во вселената.
Затоа на пистата во Бајконур се најдоа руски војници (на видеото тоа беше сила од околу еден баталјон, но тешко е да се верува дека космодромот би се бранел со толку скудни сили од реална опасност). Што ако протестантите (кои Путин ги нарече „уште една шарена револуција“) и го стават „во аут“ вселенскиот програм од овој космодром?! Каков би бил тоа страшен удар за постојниот руски примат во височините, но и за опстанок на заедничките екипи со американските космонаути, реално единствената работа што остана од некогашниот детант?!
Прашањето на одбраната на Бајконур мора да се гледа како факт кој влијаеше врз одлуката на Мопсква да го активира Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), кој постои речиси тери децении за прв пат! Одлуката на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев да ја покани организацијата, дава формална потв рда за интервенцијата однадвор во неговата земја. Ова доаѓа од фактот дека исто така постѕоеја слични ситуации во најмалку две членки на тој постсоветски сојуз за заедничка одбрана ама до интервенции со војници не дојде! Членката на блокот Белорусија не побара од организацијата да интервенира за време на немирите во 2020 година поради фалсификување на изборните резултати. Но затиоа Ерменија била разочарана од одговорот на ОДКБ на нејзините повици за помош за време на граничниот спор со Азербејџан минатата година, кога имаше отворено воено конфронтирање. Противникот, кој се потпираше на воената помош од Турција, беше понадмоќен во тој судир и победи, Путин одби да се вмеша, иако тоа беше спротивно на одредбите на Договорот за взаемна помош потпишан токму во Алма – Ата!
Азербејџан не е членка на Договорот за колективна безбедност, иако другите три држави богати со нафта (Таџикистан, Казахтан и Киргистан) се членки, како и Белорсуја и секако Ерменија.
Ова секако е потврда дека Москва е таа која единствено одлучува каде и колку ќе им помага на оние кои се дел од тоа, да го наречеме така „постсоветско НАТО“. За да не се конфронтира со Анкара Путин одлучи да не ја помага Ерменија и толку! Треба да се има во предвид и фактот дека операцијата на истоварување на руски трупи во Казахстан ја раководел генералот Сердјухов, кој командуваше со сличен потфат во Крим, како и со помошта што ја доби Асад во Сирија, односно дека е тоа потфат на кој во Кремљ се одело како кон цел каде не смее да има грешка!
Интервеционистичките трупи започнале да си заминуваат од Казахстан – наводни биле вклулчени само 2.500 војници. Колку и како ќе се брани Бајконур, главниот ефикасен постамент на постсоветската ера во Москва не е јасно, иако секако ќе се внимава на тоа како во земјата – домаќин ќе биде воспоставен социјалниот мир. Бајкомур е инаку во област која е изнајмена од Казахстан се до 2050 година.