Заѕвонив еднаш многу дискретно и со еден дел во себе посакав вратата да не се отвори, бидејќи не ми беше сфатливо како е можно еден „клошар“ да ми овозможи состанок со Е.Е., еден многу ценет хирург. Вратата за среќа се отвори а човекот што ми ја отвори со тивок глас ми рече: „Добро дојдовте, докторката ве очекува.“ Да можеше во тој момент земјата да се отвори, сигурно ќе скокнев.
Мислев дека кога ќе го завршам Медицинскиот факултет таа далечна 2000 година, ќе бидам пресреќен, зошто сепак, не беше така лесно да се заврши овој факултет во тие 90-ти од минатиот век. Се излажав. Дури тогаш увидов дека тоа тогаш беше најголемото разочарување, бидејќи очекувањата како млад лекар дека ќе започнам усовршување и ќе го работам она што го учев беше заблуда. Затоа одлучив да одам во Западна Европа и да се обидам во некоја странска држава која можеби ќе ми даде шанси за работа и учење.
Барем да пробам, а не некоја таму 2018 година да се каам што не сум се ни обидел кога за тоа сум имал можност. Успеав да добијам виза и отпатував за Белгија без познавање на јазикот.
Бев пресреќен кога успеав да пронајдам евтин и пристоен стан во близината на центарот на Брисел, но ми беше потребно многу време за да сфатам дека во Западна Европа најевтините станови всушност се во центарот на градот и дека сето она што вреди се наоѓа на периферитаја, 10-тина километри од центарот.
Започнав со интензивно учење на јазикот и барање на можности да ми се признае дипломата од Медицинскиот факултет. Дојде 2002 година, јазикот успешно го совладав но не успеав да го совладам ѕидот на кој наидував при барањето можности за некако да ми се признае дипломата.
Тогаш почнав да се кршам во духот и размислував да се вратам дома, но сепак ми беше криво зошто толку многу години учев за да работам нешто сосем друго. И токму во тоа време, во зградата во којашто живеев, сопственикот издаваше една соба на човек кој повеќето свое време го минуваше на улица со своето куче и кого сите главнината го викаа „клошар“. Имаше долга коса и брада и главно имаше валкана облека на себеси. Беше крупен и висок со изразено сини очи. Јас го викав по неговото име Франк.
Докторе, можеш ли да ми да дадеш две евра за пиво? – ми рече Френк во една прилика. Му дадов, а следниот ден повторно го сретнав: Добар ден Докторе, како сте? Јас му одговорив: Те молам немој да ме викаш докторе.
-Па како, мене ми рекоа дека си доктор.
-Да, сум доктор, ама штом немам дозвола, бидејќи не ми ја признаваат дипломата, тогаш не сум доктор – му одговорив како од пушка. Франк само молчеше.
Следниот ден кога се вратив во станот, видов едно писменце: „Драг докторе, по повод признавањето на вашата диплома утре имате закажано во 14 часот со госпоѓата Е.Е. на долу назначената адреса.“ И сега додека го пишувам ова го гледам пред очи тоа ливче хартија. Почнав нервозно да го пребарувам, го немаше, го чекав до 2 часот наутро, но тој никако да се врати во неговата соба.
Утредента во 13 часот одлучив да одам кај Е.Е. По пат ги повторував речениците кои сакав да ги кажам. Дојдов до куќата означена на адресата, а нејзиното име беше обележано на вратата.
Заѕвонив еднаш многу дискретно и со еден дел во себе посакав вратата да не се отвори, бидејќи не ми беше сфатливо како е можно еден „клошар“ да ми овозможи состанок со Е.Е., еден многу ценет хирург. Вратата за среќа се отвори а човекот што ми ја отвори со тивок глас ми рече: „Добро дојдовте, докторката ве очекува.“ Да можеше во тој момент земјата да се отвори, сигурно ќе скокнев.
Ме сослуша и следниот ден веќе имав закажано со деканот и претседателот на комисијата за доделување на специјализации по Хирургија. Нострификацијата, т.е. еден огромен испит на проверка на моето знаење беше закажан за три месеци, а секоја среда и асистирав на Е.Е. во приватната клиника за што бев адекватно платен.
Ако ми речеше дека треба јас да и плаќам, ќе и плаќав. Животот ми се промени од корени. Но со месеци не спиев повеќе од 5 часа бидејќи Франк повеќе не го гледав. Во слободно време се шетав по улиците на Брисел барајќи го.
После три месеци успеав да ја нострифицирам дипломата и да добијам специјализација по Хирургија. И така после 5 месеци, една среда, во текот на една операција со Е.Е. успеав да ја прашам: „Мене Франк ми помогна… се обидувам да го пронајдам ама не успевам, кој е Франк?“
Е.Е. со тивок тон ми одговори: „Франк, неговиот татко, дедо и прадедо потекнуваат од една многу угледна белгиска фамилија. Сите по професија се архитекти. Франк имаше семејна несреќа и во сообраќајката ги загуби жената и детето, па оттогаш со своето дете скита по улици.
Никој го нема видено пет години. Кога се појави кај мене пред врата и ме замоли да ви помогнам како на сопствен син, многу се изненадив. Од љубов кон неговото семејство не можев да го одбијам. Поминаа години, години од тогаш. Завршив со најдобри оцени по хирургија во Белгија и Франција. Работев во најеминентни болници специјализирани за трансплантација на органи.
Бев поставен за шеф на ургентниот дел на Хирургија. Сето она ошто сигурно немаше да го постигнам дома, а го оставрив како странец во Европа. Франк го немав видено до 2012 година. Минувајќи по една улица со голема гужва, со крајот на окото го забележав Франк со неговата долга седа коса како се спушта по скалите во метрото. Со трчање се упатив кон него, но не успеав да го стигнам.
Во животот никогаш не знаете кој се’ ќе ви помогне. Ако не можете да помогнете, барем не одмагајте и никогаш не омаловажувајте било кого, па дури и оној што спие на улица. Мене животот ми се промени еден таков човек, како Бог лично да го испратил. Франк фала ти, никогаш нема да те заборавам.
(Galama)