Бегалците од Босна за време на војната мислеа дека ќе се смират кога дојдоа во САД. Сега ги напуштаат пак своите домови
МЕЛИНА ДЕЛКИЌ
На Бериз Нукиќ му требаа две одини откако стигна во САД како воен бегалец да покрене бизнис. Попатно учел англиски и отворил пржилница за турско кафе за Босанците, кои ја пијат како да е вода. Потоа во продавницата отвори и слаткарница а потоа и ресторан – „Бенкс“.
И сето тоа се случувало во Бево Милс, некогаш рурален дел на Сент Луис, кварт кој стана место од соништата за многу дојденци. Во улици со врамени прозорци без стакла, она што останало откако сиромасите го напуштиле квартот, дошле други луѓе, кои бегале за да сочуваат гол живот. Се спасувале од етничкото чистење, носејќи со себе стотина планови. Научиле англиски, отвориле кафулиња, фризерск исалони, внеле живот во крајот кој потоа бил викан Мала Босна.
Амер Ирискиќ (28) се сеќава на преселбата во овој регион во 1998 година, кога тој беше седумгодишен, три години по крвавата граѓанска војна во Босна и Херцеговина, поранешна република на поранешна Југославија.
„Луѓето секогаш беа надвор и беше убава атмосфера“, вели тој. Неговиот татко и чичко отвориле месарница продавајќи јагнешко и телешко месо, што им недостасувало на нивните босански клиенти во Америка.
Во Сент Луис, град што жителите го напуштаат со децении – од 1950-тите до 1990-тите, населението се преполовило – приливот на најголемата група Бошњаци надвор од Босна направил чудо. За прв пат во неколку генерации, урбаниот наратив на напуштените куќи, пропаднати бизниси и помалку и помалку луѓе почнаа да се менува.
Но, тоа не траеше долго. Сент Луис денес, како и некои други градови на Средниот Запад, се бори со застоена економија, запоставени училишта и една од највисоките стапки на убиства во земјата, а во последните неколку години, луѓето што бегаат од бруталното насилство на нивната земја, повторно бегаат од предградијата.Еден од првите луѓе што се засолниле од Бево Мило беше Нукиќ кој го преселил тука својот ресторан. Ирискиќите исто така се преселиле на југ и отвориле месарница во предградијата.Оттогаш, многу салони, кројачи, месари се приклучија на овој потег.Ситуацијата е слична во другите градови во САД уште со децении после бејби-бумот од дваесеттиот век. По масовните преместувања во предградијата, дури и големите инвестиции во урбаните центри не успеваат да го соберат населението назад.Иришкиќите ја чуваат куќата во Сент Луис и сега ја издаваат, но велат дека населбата продолжила да се распаѓа откако ја напуштиле.„Секогаш кога ќе одам да си ја наплатам киријата гледам дека ситуацијата се влошува“, вели Иришкиќ. „Нема повеќе деца кои шетаат и играат надвор“.
Во екот на доцните 90-ти и раните 2000-ти, бројот на Бошњаци, вклучително и оние родени во Америка, достигна 70.000 во и околу Сент Луис, според Меѓународниот институт за бегалци „Сент Луис“. Според истите податоци, денес ги има помалку од 50.000.
Иако е тешко да се процени колку луѓе останаа во рамките на градските граници, Ана Крослин, директорка на институтот, наведува: „Не би ме изненадила ако се стотина а не илјадници“.
Повеќето од оние што заминале во предградијата велат дека Мала Босна не ислезнала ама се сменила. Нукиќ изнајмува простор на Бошњаците кои имаат свои работни местаместа. Две куќи подолу е Лејме Месо, каде што семејството Ирискиќ ја отвори својата втора месарница. Во истата зграда е босанска осигурителна компанија. Преку патот е банка што им служи на Бошњаците, а по патот е џамија.
Сент Луис бара стратегија што ќе го направи јужниот крај на градот атрактивно место за живеење за нови жители, од каде и да потекнуваат. Јавното училиште во областа беше реакредитирано пред две години, а се спроведува нов план за борба против насилството во него.
Проектот за реновирање од 12 милиони американски долари е во тек од минатата година.„Во овие делови, за разлика од североистокот или Калифорнија, мора да ги убедите луѓето дека е кул идеја не само да остануваат овде повремено, туку и да живеат и да ги воспитуваат своите деца“, објаснува Филип Кашиниќ, директор на програмата за постдипломски студии по меѓународни студии миграција на Градскиот универзитет во Њујорк.
„Проектот вклучува промени во американскиот начин на размислување што трае веќе половина век“, додава Кашиниќ.