Заев: Се определивме за поголем број бегалци, затоа што ние сме народ со големо срце. Но има и поинакви реакции, главно прикриена ксенофобија. Реакција и на Хелсиншкиот комитет
Бројките на оние кои треба како бегалци да стигнат во земјава никој се’ уште никој не може да ги каже зашто и оние кои беа потврдени 780 , од вчера попладне дел се откажале, односно отишле на друга дестинација. Практичлно нема потврда за точната бројка на цивили-бегалци од Авганистан, кои треба да пристигнат во Северна Македонија. Се зависи од ситуацијата на аеродромот во Кабул и распределбата на луѓето кои се евакуираат од оваа земја.
„Бројките се’ уште никој не може да ги каже зашто и оние кои беа потврдени 450, 780 од вчера попладне дел се откажале, отишле на друга дестинација и не можеме да ги потврдиме бројките“, изјави премиерот Зоран Заев.ц „Досега бројката е 750, не можеме да кажеме дали ќе бидат 800, дали дел од тие што потврдиле, а заминале на други локации… Така што таа бројка флуктуира меѓутоа секогаш е во рамките на можностите кои владата ги оценува за привремено згрижување на тие луѓе…“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Станува збор за привремен престој од 90 дена за овие бегалци. Прашањето е дали меѓу нив може да се протнат и лица кои би биле потенцијална безбедносна закана за земјава.
„Постои процедура за издавање на дозвола за привремен престој – еден од сегментите за издавање на оваа дозвола е и проверка преку АНБ. Така што службите се во постојана комуникација за тоа кои се луѓето кои треба да пристигнат и апсолутно секој кој би бил ризик нема да дозволиме да дојде“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Премиерот повтори дека Северна Македонија самата се понудила, за како што вели, заедно со стратешките партнери да ја сподели одговорноста. „И еден човек да спасиме, мислам дека го спасуваме светот“ – изјави Заев.
„Колку пари ќе ја чини државата примањето на тие бегалци? – 74.000 денари – смештајот и храната за тие луѓе кои верувам дека овие денови ќе стигнат зашто е многу комплицирано на аеродромот во Кабул. Прво ќе стигнат лица кои се миротворци, новинари, жени, деца, активисти, преведувачи… Зошто се определивме за поголема бројка од некои поголеми држави? Зашто веројатно имаме поголемо срце, зашто сме повеќе луѓе, веројатно зашто живееме во регион кој трпел конфликти, пател и знае што е солидарност. Такво е и Скопје за кое цел свет ја испрати пораката за солидарност во 1963-та година. Се работи за прашањето дали сме луѓе или не, да подадеме рака“, додаде Заев.
Секој ден, со десетици летови, илјадници Авганистанци се евакуираат откако власта во Кабул ја презедоа талибанците. Дел од овие цивили привремено треба да бидат сместени во земјава, во околината на Скопје, се до нивното заминување на крајните локации.
Во пресрет на јавната дебата поттикната од одредени политички структури во однос на предложената Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година, која беше проследена со значителна појава на говор на омраза насочен кон бегалците, Хелсиншкиот комитет чувствува за потребно да ја прикаже моменталната состојба со бегалците во Република Македонија.
Имено, според Министерството за внатрешни работи, во периодот од јуни, 2015 година (кога започна официјалната регистрација на бегалците) до затворањето на „Балкансаката рута“ во март, 2016 година, низ Република Македонија транзитирале вкупно 472.437 бегалци. Со оглед на тоа што единствено во овој период бегалците беа регистрирани, реалната бројка на бегалци кои поминале е многу поголема. Според статистичките податоци од Европската комисија, низ Република Македонија во 2015 година транзитирале повеќе од 815.000 илјади, а во првите 4 месеци од 2016 година, 89.197 бегалци.[1]
По информации добиени од Министерството за внатрешни работи врз основа на барање за пристап до информации од јавен карактер, Хелсиншкиот комитет утврди дека во текот на изминатите 3 години, односно во периодот од 2015 година, заклучно со месец јуни, 2017 година, во Република Македонија биле поднесени вкупно 2.243 барања за признавање на правото на азил од страна на 2.717 лица. Од нив, на само 5 лица им е доделен статус на признаен бегалец, а на само 11 лица им е доделена супсидијарна заштита. Во продолжение претставуваме графички приказ од добиените одговори.
Од прикажаните бројки може да се заклучи дека само 0.275% од сите бегалци кои поминале низ Република Македонија поднеле барање за признавање право на азил, а на само 0.22% од нив им е признаен статус на бегалец. Ова покажува дека Република Македонија претставува единствено транзитна земја на бегалците од скорешната бегалска криза, а во никој случај не претставува земја на крајна дестинација.Спротивно на ова, во јавноста се покрена инцијатива заснована врз лажни податоци според која Република Македонија требало да се подготви за сместувањето и интеграцијата на бегалци. Јавната дебата која се разгоре беше проследена со високо ниво на ксенофобичен говор на омраза кон бегалците, поистоветувајќи ги со терористи, со навредливи и понижувачки пораки кои повикуваат на спречување на нивното населување во државата. Се покренаа неколку граѓански иницијативи, наменети за собирање потписи на граѓаните против населување на мигранти, кои непрекинато поттикнуваа и провоцираа говор на омраза. Дополнително, во две општини во државата (општина Гевгелија и општина Аеродром, Скопје), веќе се донесени одлуки за одржување референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за или против населувањето и интеграција на бегалците во овие општини. Иако поведувањето на граѓански иницијативи и распишувањето референдум за испитување на мислењето на граѓаните се демократски и законски дозволени механизми, неопходно е тие да не провоцираат и поттикнуваат омраза кон одредена целна група, во овој случај бегалците.
Хелсиншкиот комитет предупредува дека континуираното ширење и поттикнување на говорот на омраза кон бегалците, може лесно да води кон сторување дела од омраза. За потсетување, од почетокот на 2015 година, до денес Хелсиншкиот комитет има регистрирано 34 дела од омраза, сторени кон бегалци или мигранти на територијата на Република Македонија.
Го повикуваме Министерството за внатрешни работи, внимателно да ја следи појавата на говор на омраза и да презема соодветни мерки кон лицата кои шират и промовираат омраза по основ на националност, етничка припадност и верско уверување. Тие мора да бидат соодветно гонети и казнети со цел да се спречи понатамошното ширење на говор на омраза и негово преминување во дела од омраза. Истовремено, ги повикуваме сите политички субјекти и јавни личности да не шират непотребна паника и вознемиреност кај граѓаните со изнесување на лажни наводи за населувањето и интеграција на бегалците.