Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА, СТАНА ЕВРОПСКИ СИМБОЛ НА НЕПРИЈАТЕЛСКО ЗДРУЖУВАЊЕ ПРОТИВ ДЕМОКРАТИЈАТА

December 18, 2018 Filed Under: Македонија

Протестантите во Белград во саботата му порачаа на својот Вучиќ како што побегна Груевски и тој да седне во автомобил и да оди за Унгарија. Аселборн за случајот Груевски: Унгарија му даде азил на деликвент

РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС

ПРИМЕР Унгарија ги собира диктаторите од континентот – смета професорот и академик Душан Теодоровиќ

Луксембург е единствената земја членка која го осуди одобрениот азил за експремиерот Никола Груевски во Унгарија. Mинистерот за надворешни работи на оваа држава, Жан Аселборн за МИА изјави  дека е вчудовиден од одлуката на унгарските власти.

Неверојатно е што поранешниот премиер на Македонија кој е осуден на две години затвор, доби меѓународна заштита во Унгарија, земја која си ги „штити“ границите од 2015 од бегалци. Еден деликвент да добие заштита во земја на ЕУ, кога оние кои бегаат од војни не ја добиваат е запрепастувачки.

Аселборн ја повикува Европската Унија да си ја врати „кохерентноста“ во однос на основните човекови права и во однос на прашањата за азил и миграција, вклучително и Женевската Конвенција.

-Ако тоа не се случи, ЕУ ќе ја загуби својата душа и своите вредности, загрижено вели Аселборн.

Министерот за надворешни работи, кој е исто така задолжен за миграција во неговата влада, за МИА изрази голема загриженост што „третина од земјите членки не го потпишаа Пактот за миграции“ на ОН во Маракеш.

-Она што е најстрашно е што тие што треба да добијат меѓународна заштита не ја добиваат, а еден деликвент ја доби, еден тип кој е осуден доби азил во земја што ги затвори своите граници…, вели Аселборн.

Унгарија, заедно со повеќето источноевропски земји членки, но и Австрија, која е на чело на ЕУ до крајот на оваа година, се противат на солидарни и мултилатерални решенија за миграциските предизвици и не го потпишаа маракешкиот пакт.

АСЕЛБОРН Унијата треба да си ја врати својата кохерентност во однос на заштитата на основните човекови права – од средба со нашиот министер за надворешни работи Димитров

Прашањето за азилот на Груевски до сега ниту еднаш не било покренато во рамките на Советот на ЕУ, односно на земјите членки, дознава МИА.

Аселборн вели дека земјите членки од правна гледна точка немаат начин да го отворат тоа прашање бидејќи одлуките за доделување азил се стриктно национални. Но, вели, тој „можеме политички да го осудиме овој чин“.

Повеќе дипломатски извори во ЕУ за МИА потврдуваат дека ниту на Советот за надворешни работи во понеделникот, ниту на Советот за општи работи каде тема беше правната држава во Унгарија, не станало збор за Груевски.

Досега единствена осуда дојде од Европскиот Парламент кој изгласа два амандмани со кои се осудува унгарската одлука за азил. Но, ниту Европската Комисија, ниту земјите членки не реагираат.

Европратеникот од Унгарија, Јавор Бенедек, му испрати писмо на еврокомесарот задолжен за владеењето на правото, Франс Тимерманс, во кој бара одговори од ЕК за легалноста на унгарската одлука. Јавор за МИА потврди дека се уште не добил одговор од комесарот.

-Тотален молк од Комисијата на оваа тема, како што велиме на унгарски: молк кој кажува многу, рече Јавор.

МАКЕДОНСКИ СЛУЧАЈ Српската опозиција посакува да се повтори и кај нив успехот на нашата „шарена револуција“ – од протестот во саботата

Аселборн не сака да го коментира молкот на европската извршна власт, но вели дека состојбата во ЕУ “длабоко го загрижува“. Министерот, кој е еден од ветераните на ЕУ, додава дека “во петнаесет години колку сум тука не сум видел развој во ваква насока во ЕУ, нема повеќе кохерентност во однос на човековите права“.

Самитот на ЕУ кој се одржа во Брисел беше во најголем дел посветен на Брегзит. Во делот за надворешната политика се разговараше за Украина и Русија. Балканот не беше на дневен ред, а никој не ни очекуваше на Орбан да му биде поставено било какво прашање во врска со Груевски.

Но затоа на протестите кои се одржаа во Србија на 15 декември, на кој земаа учество 25 илјади граѓани и кој мина без инциденти, еден од говорниците го спомна случајот со нашиот експремиер Груевски. Говорејќи од говорницата кај Филозофскиот факултет, академикот Душан Теодоровиќ му порача на својот претседател Вучиќ да се качи уште таа вечер во автомобил и да замине за Унгарија. „Орбан го прибра македонскиот диктатор Груевски, па ќе те прими и тебе“ – истакна академикот.

Ете како едно бегство, на нашиот Груевски, стана симбол во Европа за непријателско здружување против слободата и демократијата.

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet