Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БЕЗБЕДНОСЕН ФОРУМ СКОПЈЕ 2026 – ЗАПАДЕН БАЛКАН КАКО АРХИТЕКТ НА СТАБИЛНОСТА

June 17, 2026 Filed Under: Македонија

На форумот беше разгледувана сталоста на Полусотровот во новата безбедносна реалност

ФОРУМ На овој натан учествуваа експерти и дипломати од Полска, Северна Македонија, Србија, Романија и Австрија

Во Собранието на Република Северна Македонија, во салата под големата купола, во вторникот започна Скопскиот безбедносен форум 2026, под наслов „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“.

Форумот обедини претставници на академската заедница, државните институции, дипломатскиот кор, меѓународните организации, безбедносни експерти, медиуми и граѓанското општество, со цел да се отвори стратешки дијалог за улогата на Западен Балкан во европската безбедносна архитектура.

Годинешната тема го поставува регионот во контекст на современите геополитички предизвици, хибридните закани, дезинформациите, големодржавната конкуренција, енергетската безбедност и потребата од засилена регионална соработка и отпорност.

На отворањето се најавени обраќања на претставници на Собранието, Владата, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, академската заедница и Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија. Главниот говор ќе го одржи проф. д-р Јулијан Чифу од Центарот за превенција на конфликти и рано предупредување од Романија.

Првиот панел, „Геополитиката на Западен Балкан и идејата за европска безбедносна идентификација на регионот“, ќе го модерира Џабир Дерала од ЦИВИЛ Медиа. На панелот ќе учествуваат експерти и дипломати од Полска, Северна Македонија, Србија, Романија и Австрија.

Вториот панел ќе биде посветен на „Судирот на големите сили на европската периферија“, додека третиот ќе се фокусира на „Отпорност, поликризи и хибридни закани“.

Организатори на форумот се Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Универзитетот во Тетово. Скопскиот безбедносен форум 2026 се одржува во време кога безбедносната дебата во Европа е силно обликувана од руската агресија врз Украина, растечките хибридни закани и потребата Западен Балкан да се третира не само како регион во процес на интеграција, туку и како важен дел од европската стабилност, демократска отпорност и безбедност.

Во пресрет на одржувањето на Skopje Security Forum 2026, организаторите ја промовираа официјалната брошура на Форумот, со што дополнително ги доближуваат неговите цели, програмски содржини и визија до пошироката јавност.

Брошурата претставува информативен и промотивен документ што нуди сеопфатен преглед на концептот на Форумот, тематските панели, партнерствата и стратешките определби на оваа нова меѓународна платформа за дијалог и соработка во областа на безбедноста, како и биографија за учесниците и модераторите.

Цивил Медиа Деск

 

Filed Under: Македонија

ФУШЕРИ ЗА ЕКОНОМИЈА
ВЛЕН – ДУИ: КОЈ Е ЗАСЛУЖЕН ЗА НЕИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ- БЛАЦЕ?
ИЗРАЕЛ НЕ ВОВЛЕЧЕ ВО ВОЈНАТА: АЛАРМ ОД ПРЕД ШЕТ МЕСЕЦИ
НA САРАЕВО ФИЛМ ФЕСТ: ДВА ФИЛМА – ПЕТ НАГРАДИ
ЦЕНАТА НА ВОЈНАТА ПОЧНА ДА СЕ ФОРМИРА ПРЕД ОЧИТЕ НА НАЦИЈАТА!

Најново

  • ФУШЕРИ ЗА ЕКОНОМИЈА
  • ВЛЕН – ДУИ: КОЈ Е ЗАСЛУЖЕН ЗА НЕИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ- БЛАЦЕ?
  • ИЗРАЕЛ НЕ ВОВЛЕЧЕ ВО ВОЈНАТА: АЛАРМ ОД ПРЕД ШЕТ МЕСЕЦИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet