Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БЕЗОБРАЗНАТА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ЦАРЕВСКА

May 4, 2021 Filed Under: Колумни

БИЉАНА СЕКУЛОВСКА

Не е ова текст против оваа власт. Ова е само прослава на нашите последни денови од сознанието дека постои комплициран, неразбирлив и неизговорлив збор … – дигитализација- онаа, на Мила Царовска.  Затоа што, ние како родители сме им оставиле за проучување доволно ќенефи за цел живот. Тоа е нашето наследство, и толку можеме, ни милиметар повеќе од тоа

Зошто во Србија ќе се гради фабрика за ПЦР тестови и погон за секвенционирање на геноми? Имаше најава и за производство на вакцини, нели? Зошто Србија може, а Македонија не? Тука не се работи за дилемата дали Вучиќ е поспособен од Заев, сигурно. Има многу подлабоки, многу посуштински и трагични  причини зошто Србија може, а ние- секогаш не.

Првата, можеби и клучна причина, најверојатно е фактот што ние дури и не можеме да го изговориме зборот- секвенционирање.

Не велиме да го разбереме, најмалку помислуваме да дебатираме и анализираме, никако не сме дошле до таа фаза на човечкиот развој  да понудиме решенија, да не се преценуваме, сепак. Туку само, единствено, за почеток, да се обидеме да го изговориме.

Дури и да го поделиме во слогови, треба исклучителен напор, од кој одамна ние сме кренале раце. Буква по буква, развлечени слогови за да се упрости зборот, децении развлекување, паѓање, па станување, кршење на јазикот, петелчење, превиткување, ништо од тоа нам не ни оди.

Нам ни остануваат поедноставни, прости и строги македонски зборови, некои од нив всушност и се турцизми, но се одомаќиниле, останале да се развлекуваат, се закотвиле со цел да го збогатуваат јазикот, но никаде тука не може да се види нашиот придонес за нешто подобро и повеќе. Ние не сме тргнале понатаму и поважно од тоа.

Во ќепенец, ние сме отсекогаш зад стариот, сосема распаднат, импровизиран, со трули даски, мувлосан и рѓосан, раштркан на сите страни, кутриот тој ќепенец. Затворени, забрикадирани  од надворешниот свет, о, да, по свој избор, улулкани во ароганцијата и самодовербата- нашиот ќепенец е се што имаме и се што сме посакувале.

Ќенев, земете го зборот ќенев. Колку градови и села во оваа земја немаат воопшто канализација, некаде воопшто, некаде не се функционални. Колку ќенефи прават еден живот, колку животи треба да поминат, за да го надмудриме времето, за да ги надминеме старите, заостанати, примитивни ќенефи, да направиме што и да е. Видете, во останатиот свет се е повеличенствено од еден обичен, расклатен, мизерен, а сепак, емиркустуровски живописен, ќенеф.

И така, низ вековите, ние некако опстануваме во нашата ќерамидница од земја, од која секојдневно паѓаат трошни ќерамиди по нашите тврди глави, се ронат и не осакатуваат понекогаш. Но, ние секогаш мислиме и тврдиме дека сме жилави, опасна сорта, нашите глави се неверојатно цврсти, непробојни, преживуваме сепак, за чудо, какво е тоа големо, фасцинантно чудо, за кое светот никогаш не се сетил да падне на теме.

Секвенционирање. Да почнеме да се обидуваме да го изговараме овој збор. Можеби следниот век ќе знаеме и да го напишеме.

Ви велам, не е ова текст против оваа власт. Ова е само прослава на нашите последни денови од сознанието дека постои комплициран, неразбирлив и неизговорлив збор, кој допрва треба да се дешифрира и проучува во тетратките на нашите деца, на кои секако дека не им треба еднакво нејасниот и тежок за изговарање збор- дигитализација- онаа, на Мила Царовска.  Затоа што, ние како родители сме им оставиле за проучување доволно ќенефи за цел живот. Тоа е нашето наследство, и толку можеме, ни милиметар повеќе од тоа

 

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet