Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БЕЗ УСПЕШЕН СИСТЕМ НЕМА ДА УСПЕЕ НИТУ ЕДНА РЕФОРМА

May 4, 2021 Filed Under: Колумни

НИКИЦА КОРУБИН

Проверка на суштинската и формална (не)функционалноста на институциите: јавната расправа за концептот на реформата во основното образование во Собрание

Јавната расправа е необврзувачки инструмент на законодавната власт. Обезбедува вклученост на јавноста и фелата и е одличен механизам за суштинска интервенција на било кој акт, во случајов предлог концепт на реформа во основното образование. Но, само ако е тоа намерата за нејзино организирање. За жал, праксата покажува нешто сосема друго, не само во овој случај, туку и во било која друга јавна расправа организирана во собранието.

Забелешките, доколку се дадени, освен што ќе бидат формализирани во извештај на матичната комисија, која ја организирала јавната расправа, никогаш и нема да бидат дел од иницијалниот документ. Во случајов, прашање е и каде е извештајот.

Јавната расправа за концептот на реформата во основното образование се организираше на 05.02.2021 година. Еден месец подоцна таа беше усвоена од страна на владата. Речиси три месеца подоцна, се’ уште нема, барем јавно достапен, официјален извештај на матичната комисија во собранието, каде интегрално ќе се видат излагањата, односно забелешките. Уште помалку колку од тие забелешки се прифатени.

Ваквиот начин на водење дебата или дијалог, остава впечаток на политизираност, во поглед на исходот. Ако, предлагачот секако смета дека концептот е добар и нема потреба од интервенции, за што служи јавната расправа? За формално покривање на вклученост на јавноста и формална транспарентност? За што служи собранието?

Следи уште еден чекор од реформата, измена на законот за учебници и делумна или целосна дигитализација на истите. Дали повторно ќе следи јавна расправа, која нема суштински да служи за ништо? Како точно се интегрираат различните ставови и аспекти? Ако, воопшто се интегрираат …

И како ние ќе постигнеме одржливост на било која реформа, при политичко/партократско, исклучиво водење на процесите, во општество со целосно нарушена доверба во и од институциите?

Криза на системот. А, без системот ниту една реформа нема да може да биде спроведена од истиот систем.

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet