Последната реченица на Иван Бекјарев испратена до режисерот Јордан Дуков пред два дена гласи: „Ќе помине и ова, какви коментари има нашиот филм?“
Два дена пред да почине од ковид, во по малку еуфорично расположение бидејќи имал моментно подобрување на здравствената состојба прашувал за реакциите на јавноста за за документарниот филм „Професор“, каде ја толкѕва главната улога. Инаку Бекјарев е навистина професор и тоа на Филмската акдемија во Белград. Ова е негов последен филм во опусот, завршен 2020 година. Бекјарев, како внук на Илија Џаџев, заедно со режисерот Дуков го истражуваат животот и делото на професорот Џаџев.
„Професорот“ имаше премиера во официјалната програма на фестивалот за документарни филмови „Македокс“, а телевизиска премиера на МТВ ќе има на пролет. Тажно е што Бекјарев не успеа да го погледне филмот. Авторот вели дека се готвеле заедно за премиера во Белград, но ете, животот безобразно знае да спречи некои планови. Во болница бил однесен кон крајот на октомври а во кревет издржал само две недели.
Беше непосреден и професионален. Иако беше на 74 години со огромно искуство, сепак беше послушен ученик кога снимавме. Збогум легендо, те имаме во филм од годината во која почина.
Родителите на Бекјарев потекнуваат од Македонија. Татко му Георги пред Втората светска војна дошол во Белград, а мајка му Радмила (со потекло од Гевгелија во Белград дошла 1945 година. Татко му на Иван пред војната го сменил на српски своето презиме во Беќаревиќ, но после Ивановото раѓање, повторно го преименувал во Бекјарев, како би ги избегнал непријатностите затоа што така се презивал Бошко Беќаревиќ, шеф на белградската Специјална полиција која соработвала со Германцие во текот на војната.
Ивановиот татко 1952 год. службено преместен во Краљево. После заврштетокот на основната школа, упишал Шеста белградскс гимназијс, а потоа и Факултет на драмски уметности. За приемен на факултет го спремале Миќа Томиќ и Оливера Марковиќ.. Заедно со него студирале Јосиф Татиќ и Милан Гутовиќ.
Прва улога на филм ја одиграл 1967 година, во филмот „Боксерите одат во рај“, каде главната улога ја толкувал Мија Алексиќ.
Славата ја стекнал со улогата на Вујковиќ во ТВ серијата „Бањица“ (1984) и на Стевица Курчубиќ во ТВ серијата „Подобар живот“ (1987 – 1990).
Иван Бекјарев бил кандидат за народен пратеник на изборите за Народната скупштина на Србија 2007. Долг низ на години Бекјарев се занимава со педагошка работа, како редовен професор на глума на Академија на уметностите каде е во 2001 биран како ванреден и 2006 редовен професор. Неговите студенти биле Милан Калиниќ, Ива Штрљиќ, Александра Балмазовиќ, Данијел Николиќ.
„Разочаран сум што се’ помалку ми се јавуваат, а и кога ќе го направат тоа, ми нудат улоги кои морам да ги одбијам. Не сум одбил толку улоги во текот на целата кариера колку во последните година дена. Тоа се неверојатно понижувачки улоги, секој статис може да ги одигра. По нешто и ќе прифатам, но за многу улоги се покаав. Тоа е страшно, а кога ќе дојдеме до износот на хонорарот, дури тогаш е срамно. Толку е нашата работа обезвредена, немам зборови. Никогаш не било полошо. Тоа се улоги под секое актерско достоинство. Ми нудат, да речеме, да кажам две реченици во некоја серија, за тоа не им треба образован актер. Но, за сето тоа малку придонесе и хиперпродукцијата на актерите. Секое село речиси има своја академија и тие актери прифаќаат се’ и сешто за никакви пари и ја рушат цената на нашата работа”.
Многу од неговите колеги се простија од Бекјаров, посочувајќи дека ќе го паметат како фантастичен актер, но уште подобар човек. Актерите од помладата генерација на кои актерот им беше и професор, сведочат за неговата човечка големина.
„Те знаевме како актер, ни стана професор, а потоа и пријател“, „Ти ни беше како втор татко“, „Ти благодариме за се што не’ научи“, се само дел од пораките.
Меѓу оние што емотивно го доживеаја заминувањето на Бекјарев е и актерот Андрија Милошевиќ, кој изјави:
„Во трагедијата на секој актер има и нешто величествено, а тоа е времето со радост посветено на публиката, живот проживеан за насмевките да останат вечни. Ќе го паметите големиот Иван Бекјарев“.