Новата власт не мора секогаш да им кажува на медиумите како да ги третираат пожарите во земјава. Уредиц ите во повеќето од нашите медиуми си имаат вграден, условен рефлекс како да се постават кон било што ќе го загрози раатлукот на Мицковата екипа
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Една недела а можеби и повеќе мина откако серијата на пожари се рашири низ земјава, настани кои предизвикаа меѓународно внимание и заради барањето на помош во нивното гаснење од другите,земји, пред се од соседството. Дури денес, на 18 јули на вестите на МТВ стигна на првото место во редоследот на прилозите што не соодветствува со приоритетот што одговорните го даваат на оваа опасност (опасности) со оценка на уредникот на вестите дека тешко совладливи огнени јазици на широки површини со опасност по населени места има на 13 географски точки. Мицковски мораше во тој редослед по долго време да падне на трето место во редоследот на значењето, Да се надеваме дека нема да летаат пердуви во редакцијата на националниот радио и телевизиски дифузер?!
На оваа ситуација во нашите медиуми веќе накусо неколку пати пишував белешки на мојот Фејсбук профил во слична насока. Па, треба ли граѓаните низ прозорец да се информираат за да видат дали им се приближува пожар, бидејќи и другите медиуми не и даваат на ситуацијата достоен простор, загрозувајќи ја потребата граѓаните да знаат во која мерка и каде се ставени во немиолост и што треба да преземат да се спасат себе и и својт имот. Не може да се рече дека проценка на власта –да бидам конкретен оваа власт уште во времето додека беше опозиција – во рамките на својата повеќе од видлива моќ поседува инструментариум да ги димензионира ситуациите по потреба, Таа и сега е наокулу и одредува колкава ќе биде видлива за јавноста реалната опасност и колку се заканува со својата практична несовладливост во мигот. Па просто нема корелација со жестокоста на апелот со кој Скопје побара помош и ја доби од Загреб, Белград, Букурешт… Можеби ќе пропуштиме некого.
Но, медумското оддувување на пожарите е со цел да се намали одговорноста и способноста на оваа власт во адекватноста на одговорот на настаните на теренот (имавме нели дури и отсуство на градоначалникот на Неготино, човекот се одморал во Грција ама го заменувал неговиот сосед од Кавадарци!) сепак фати некаков корен во јавноста! Не заради тоа што портпаролот Наум дава изјави против претходната власт (не сторила доволно за време на своето владеењее за совладување на пожарите кои ќе дојдат во раатлукот посакуван од новите луѓе во органите задолжени за цревата). Просто уредбнуиците во најголем дел од нашите медиуми имаат словен рефлекс како да не се допира во барањето на одговорност на партијата сместена во Палата Татарчев. Таа вкоренета навика се одраазува дури и на итернет порталите (!), каде има се’ и сешто ама не за она што кај публикумот можеби му се случува пред очите. Во други времиња истите портали ќе измислуваа и дека доѓале ајкули во Вардар а сега прават карти каде се’ се почувствувалле скопски земјотрес со силина од 2,1 степен во епицентарот, нудејќи сеизмографска карта каде шестарот е поставен така што досегнува и до Соклун. Иако, реално таков земјотрес нема теоретски шанси да се почувствува и во епицентарот. Просто тоа е ноторна вистина за човековите њсетила! Зошто тоа го прават медиумите кога веќе нема потреба ниту од ајкули, змии, мечки што не навјасела, туку треба да се погледне кон хоризонтот. Особено ноќе…
Запрашана за тоа дали нашите телевизии ја зборуваат вистината или лагата, новинарката-ветеран кога се работи за тв критиката Мери Билиќ (https://www.youtube.com/watch?v=NmbhtwCuVNw) во интервјуто за емисијата „Да сум јас некој“ одговара дека тие ја говорат белата лага. И дека доста рано се научиле на неа.
Што е белата лага? Па тоа е „пакување на лагата во шарен целофан, прри што таа добива сосема друга димензија, прифатлива за опној кому му е упатена“ (https://vukajlija.com/bela-laz/508506). Оваа дефиниција е интересна бидејќи не го посочува само оној кој ја крие вистината, туку ни го предава и оној кој сака да биде измамен, кој не е сосема без соодговорност, па се добива пакт меѓу едните и другите, медиумите и нивните консуматори! Ете зошто никој не се труди да направи, логично нели, репортажа за тоа како огнот ја загорзува Битола, како е прекинат патот меѓу Штип и Неготино, како експлодирата бомби на полигонот Криволак, колкава е широчината на опожарените ридови на Огражден и одмерување и од око на направената штета… А секако се сеќаваме сите какви репортажи од тој тип имаше кога се гаснеа пожарите во Малешевијата пред две години и кога исто така имаше голема интернационална помош, пред се на пожарникарите од Словенија. Тогаш сегашната власт, како опозиција се сеиреше и го говореше она што сега е просто еден вид на „општестествен договор“ на прскокнување на реалните опасности. Време за користење на белата лага.