Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БЕЛГРАДСКИ „НОВОСТИ“ НАПРАВИ АФЕРА ВРЗ ОСНОВА НА ЛАЖНА ВЕСТ: НЕМА ВРСКА МЕЃУ ХАРВАРДСКИ ПРОФЕСОР И КОРОНАВИРУСОТ

April 7, 2020 Filed Under: Свет

Чарлс Либер, шеф на катедрата за хемија ихемиска биологија на американскиот универзитет Харвард, нема никакви познати врски сокреирањето и продажбата на коронавирусот на Кина – објави порталот Фектчек (Проверка на факти)

ЗОШТО Е ПЛАТЕН Амеиканските власти се интресираа заради што Кинезите го плаќале Либер

Чарлс Либер, шеф на Катедрата за хемија и хемиска биологија на универзитетот Харвард, нема позната врска со создавање и продажба на коронавируси на Кина – објави порталот Фектек (Проверка на факти). Тоа е веб-страница со седиште во САД, чија цел – како што е наведено на FactCheck.org – е да го намали нивото на измама и збунетост во американската политик. Основана е од Центарот за јавна политика „Ененберг“, „Фектчекк портал“ е четирикратен добитник на наградата Вебиби на Меѓународната академија за дигитални уметности и науки во Њујорк.

Информациите за наводната вмешаност и апсење на професорот Либер и двајцата кинески државјани Јанг Же и Заосонг Зенг се појавија на социјалните медиуми во саботата. И во целосно погрешно претставен контекст на наводното производство и препродажба на коронавируси во Кина – беше објавен извештајот на американската телевизија АБЦ за апсењето на Либер, како и двајцата Кинези. Објавената статија ги објаснува наводите и сомневањата против нив – кои не се поврзани со наводното производство и продажба на вирусот на Кина.

Твитер објавувањето од саботата беше споделено повеќе од 18.000 пати, додека видеото имаше повеќе од 730 000 прегледи.

Во Србија, овие информации први ги објави Вечерње новости, а потоа започнаа да ги пренесуваат и другите медиуми – главно таблоидни ориентации. Оваа статија во „домашна изработка“ ја имаше и на македонските сајтови.

Кога станува збор за факти, сепак, според студијата на Фектчек, Министерството за правда на САД објави на 28 јануари 2020 година дека покренало посебни постапки против три лица – од кои најистакнатите биле научник, Либер.

ПОТВРДА Студентие тврдат дека нивниот професор од Харвард никогаш не се бавел со вируси

Тој, наводно, кажал невистинити податоци до надлежните во Секретаријатот за правда и националниот институт за здравство за неговите врски со кинескиот универзитет „Вухан“ (во кој се појави епидемијата, а подоцна и започна пандемијата на коронавирус) и програма од кинеските власти наречена „Илјадниот план за таленти “- чија цел е да се вратат кинеските експерти во Кина – како и да се ангажираат странски експерти.

Тој е обвинет дека не го објаснил потеклото на значајните суми пари што му биле исплатени од кинеската влада – вклучително и 1,5 милиони американски долари за формирање лабораторија Вухан – заедно со месечна плата од 50.000 американски долари и покривање на трошоците за живот додека присуствувала на универзитетот Вухан. Порталот „Фектчек“ посочува дека не постојат познати врски помеѓу научникот Либерман и вирусот. Ниту, пак, има докази дека Ковид 19 е произведен во лабораторијата.

Заосонг Женг, 30-годишен кинески државјанин, бил вклучен во истражување на ракот и бил обвинет во Соединетите Држави за обид за шверц на 21 ампула биолошки примероци надвор од земјата. Според обвинението, Женг, кој беше уапсен на 9 декември 2019 година на аеродромот во Бостон, признал во полицијата дека прошверцувал примероци со цел да ја продолжи истрагата за карцином во Кина – и да преземе целосен кредит за резултатите од истрагите што ги спровел, објави порталот Фектчек.

Чарлс Либер, сè до неговото апсење признат експерт, се занимава со проучување на ситни честички или наночестички (нанометарот е милијарда метар). Неговото неодамнешно истражување се засноваше на изнаоѓање нови начини на користење нано-врски во клетките. Либер, според Factcheck.org, не е ниту биолог, ниту специјалист за справување со вируси.

СТРАНИЦА НА НОВОСТИ Колку лесно се налепи Новости на оваа лажна вест

Јангжинг Же, 29-годишна кинески државјанка која беше обвинета за случајот Либер за активности од крајот на 2017 година до пролетта 2019 година, по четири точки на обвинение: измама за виза, давање лажни изјави, агент за надворешна влада и заговор . Според обвинението, таа прикрила дека имала чин поручник во кинеската армија за да може да добие виза. Во исто време, обвинението тврди дека додека била во САД, таа истражувала американски воени проекти и собирала информации за двајца професори специјализирани за компјутерска безбедност и роботика. Порталот Factcheck.org на универзитетот Бостон не најде доказ дека таа имал никакви знаења или врски со вирусологијата.

Првите случаи на коронавирус се пријавени во кинескиот град Вухан – почетокот на болеста е поврзана со нехигиенските услови во кои животните се чуваат и продаваат на локалниот пазар. По брзото ширење во Кина, поради што кинеските власти презедоа строги мерки за борба против болеста – коронавирусот започна да се појавува скоро во секоја земја во светот.

Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи пандемијата на 22 март. СЗО објави дека 1,3 милиони потврдени случаи на Ковид се пријавени ширум светот. Епицентарот на пандемијата во моментот е во Соединетите Држави, каде според последните податоци вкупно се разболеле 273.808 лица.

Filed Under: Свет

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet