Организацијата на „сајбер-партизаните“ во Белорусија избројале 800 композиции на шините со воена опрема која дошла од Русија во нивната земја. Дали е тоа насочено кон Украина или и кон Полска? Се прашуваат граѓаните на земјата, која навидум е независна,.дали нивниот суверенитет постои? А на постарите читатели секако им се враќа асоцијацијата на доктрината на Брежњев за ограничен суверенитет од 1968 година
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Во едно од последните изданија на британски „Гардијан“ излезе статија на дописникот од Москва Ендрју Рот за тоа колкава се воена сила влегла во Белорусија во светлината на актуелната ситуација со Украина и заканата од напад на Русија. Од неговата преписка со група на опозиционери во Минск произлегоа неколку податоци врзани за стационирање на огромна руска сила во нивната земја. Потенцијалните хакери од највисок ранг најпрвин докажале дека имаат точни податоци за влезот на тенковите и другото тешко оружје со користење на железницата (на пример, ги дале точните датуми на поминување или престој на Рот во Белорусија и времетраењето на тие боравења). Активистите тврдат дека можат да ги парализираат возовите што ги движат руските сили за потенцијален напад врз Украина, за да го спречат тој процес на претвопрање на Белорусија во голема странска касарна. Нивната дилема повеќе е врзана за она „кога“ отколку за она „дали“, бидејќи, се уверени дека нивната земја нема веќе целосен суверенитет и дека најблаго речено е во некаква унија со Русија,
Целите на групата, која во електронски сообраќај се потпишува со кирилчна „ж“, вклучува ослободување политички затвореници, отстранување на руски војници од Белорусија и спречување Белорусите да „гинат за оваа бесмислена војна“. (.https://www.theguardian.com/world/2022/jan/25/cyberpartisans-hack-belarusian-railway-to-disrupt-russian-buildup)
Еден член на „сајбер-партизаните“ му рекол на дописникот на „Гардијан“
дека групата досега ги криптирала или уништила внатрешните бази на податоци што белоруските железници ги користат за контрола на сообраќајот, царината и станиците, акција што може да предизвика доцнење на комерцијалните и некомерцијалните возови и „индиректно влијае на руското движење на војниците“.
Нивниот – разбирливо – непроверениот локален извештај вели дека до сега во земјата влегле 200 возови со руски војници и опрема (за илустрација воените заеднички вежби во 2021 година опфатиле само 29 возови),
„Паризаните“ тврдат дека имаа пристап до многу чувствителни податоци во делот на серверите на Министерството за внатрешни работи на Белорусија, добиле пристап до базата на податоци за пасоши, тајни досиеја на белоруски шпиони и безбедносни функционери на КГБ, полициски бази на податоци на информатори и затворени CCTV мрежи кои ја блокираат полицијската бруталност и тортура. Тие објавија дека има часови од прислушни разговори, претежно од оние кои се на највисоките функционери.
Но, дилемите на овие опозиционери не враќаат во времето на постоењето на СССР. Варшавскиот пакт и случаите на воена интервенција во земјите на „сопствениот двор“ (ГДР – 1953 г., Унгарија – 1956 г. и Чехословачка)- 1968 г.. По воената интервенција во тогашен ЧССР во август 1968 година, првиот човек на Источниот блок во било која смисла – Леонид Брежњев, говорел дека воените интервенции го чуваат единството во социјалистичкиот лагер. Во формален смисол тој термин го воведуваат „кремљолозите“ во Вашингтон, но и извесен теоретичар С. Коваљев кој пишува уводник за московска „Правда“ на 26 септември 1968 (едем месец по интервенцијата во Чехословачка) под наслов „Суверенитетот и интернационалистичките обврски на социјалистичките земји“. Во текстот авторот заклучува дека според марксистичкото сфаќање, правните норми и меѓусебните обврски на социјалистичките земји не можат да се толкуваат „тесно формално“ (денес би се рекло: потребно е „креативно толкување“), надвор од општиот контекст на класата. борба и меѓународни односи. Дури потоа, во својот говор на Петтиот конгрес на Полската обединета работничка партија на 12 ноември 1968 година, Брежњев, истакнува: „Но, познато е дека постојат и општи закони на социјалистичката конструкција, од кои отстапувањето може да доведе до отстапување од социјализмот како таков. И кога внатрешните и надворешните сили непријателски на социјализмот се обидуваат да го свртат развојот на една социјалистичка земја во насока на враќање на капиталистичкиот поредок, кога постои опасност за социјализмот во таа земја, опасност за безбедноста на целата социјалистичка заедница – тогаш тоа веќе не е само проблем. социјалистички земји“.
Накратко: доктрината за ограничен суверенитет всушност би ја означувала практиката на Советскиот Сојуз, како тогашна суперсила на светската сцена, цврсто да го држи заедно својот воено-политичко-економски сојуз. Доктрината всушност значеше дека земјите-членки на Варшавскиот пакт (истовремено членки на Советот за взаемна економска помош – CЕП) имаат обврска за координирана заедничка акција во сите меѓународни прашања, дека се значително ограничени во спроведувањето не само на надворешната политиката и одбраната, но и во некои домени и во водењето на внатрешната политика. Откако станаа дел од еден блок, овие држави мораа да се согласат да го ограничат нивниот суверенитет заради заеднички интерес што ги надминува парцијалните.
Во време на воената интервенција во ЧССР од 1968 г. запдните земји реагираа млако. Имаше вербално осуди на тој чин, но не се отиде далеку од тоа. Никој друг, туку генерал Де Гол не го објасни тој став. Три дена после влезот на тенковите во Праг тој рече дека не гго интересира она што се случува од другата страна на „железната завеса“. Она што го договориле лидерите на САД, Британија и СССР на Јалта е практично поделбата на континентот на зони на интерес и – толку. Тоа треба да се почитува, односно е дел од логиката на потврдување на„ограничениот суверенитет“. И реакцијата на Западот во однос на воените дејкствија на Путин во Украина (анексијата на Крим, де факто припојувањето на Домбас) има елементи од онаа поговорка дека „историјата се повторува…“. Но не е секогаш тоа фарса, туку многу, многу опасна ситуација по светскиот мир.