Главниот уредник на „Наша нива“ Јегор Мартинович од притвор зборува за BBC за гаснење на весници во неговата земја
Главниот уредник на независното издание „Наша нива“, Јегор Мартинович, е во истражен затвор од јули 2021 година. Но, формално, таму е под обвинение за економски криминал, властите веќе двапати ја блокираа веб-страницата на медиумот, а неговите новинари ја напуштија Белорусија.
Рускиот сервис на Би-Би-Си успеа да му постави прашања на Мартинович преку синџир на посредници (кои не можат да бидат назначени од безбедносни причини), за да добие одговори на нив и да зборува за издавањето на „Наша нива“ и неговото прогонство.
„Не разговараа со мене, ме тепаа, не им беше важно што ќе кажам“, вели Мартинович во писмото за околностите на неговиот притвор на 8 јули 2021 година. „Ме прашаа кога гласав на избори, а потоа следеше удар. Тогаш ме прашаа кој е сега претседател, па дури и да одговориш дека (Александар) е Лукашенко, ќе ти дојде удар во главата. Оперативците кои ме водеа извикуваа (слогани на опозицијата), „Промени“ – Веруваме, можеме, ќе победиме – и продолжија да ме тепаат. При тоа им беше многу смешно“, опишува тој.
„Наша нива“ е најстарата публикација во модерна Белорусија. Првиот број на весникот, наменет за белоруските интелектуалци, беше објавен во 1906 година.
За време на СССР, весникот не беше објавуван, но беше повторно печатен по 1991 година. Прво со редакцијата во Вилнус, а потоа и во Минск.
Во новиот формат, весникот се позиционираше како општествено-политичка и патриотска публикација на белоруски јазик. Иако сега е веб-портал, публикацијата има и руска верзија. До 2020 година „Наша нива“ беше еден од трите најпопуларни медиуми во Белорусија.
Јегор Мартиновиќ стана главен и одговорен уредник на весникот „Наша нива“ во 2017 година. „Весникот ’Наша нива’ отсекогаш имал проблеми со издавањето и дистрибуцијата. Не избркаа од киоскот, на печатниците им беше забрането да ги печатат нашите броеви“, изјави Јегор Мартиновиќ за Би-Би-Си.
Тој додава дека тоа било поттик за развој на печатениот медиум во интернет верзија. „Токму тоа е причината зошто независните медиуми се многу помоќни на Интернет од провладините. Властите едноставно не знаат како да работат на Интернет“, рече тој.
Мартинович вели дека „Наша нива“ во основа работела законски – со сите регистрации и лиценци и дека го почитувала законот. „Затоа што наша задача е да имаме дневен медиум на белоруски јазик, поважен од какви било ризици.
Главната работа е јавноста да може да добие информации на белоруски јазик и од белоруско-центрична гледна точка“, објаснува главниот уредник.
Тој наведува дека државата го прифатила нивното постоење во последните десет години. Повремено нè казнуваа, ни даваа многу опомени, но не нè уништија“, вели тој. Но работите се променија.
Јегор Мартинович беше приведен на почетокот на масовните протести против резултатите од претседателските избори. Бил уапсен ноќта на 11 август, кога се враќал дома по настан во кој работел како новинар. Остатокот од ноќта го поминал лежејќи на подот во полициската станица во областа Заводски во Минск.
Тој на 12 август бил пренесен во притворското одделение во Жодино во регионот на Минск, каде што без обвинение и без никаква документација бил задржан уште три дена. Мартинович не бил на ниту еден од списоците на уапсените, а тој едноставно исчезнал без трага за семејството и колегите.
Мартинович беше ослободен на 13 август по лична наредба на министерот за внатрешни работи Јуриј Караев.
Одделот дури се извинил за притворот, но на 20 септември главниот уредник на „Наша нива“ беше прогласен за виновен за учество во нелегален собир и казнет со 405 белоруски рубљи (околу 140 евра). Иако весникот беше блокиран со одлука на властите на 20 август, новинарите на списокот продолжија да ги следат масовните протести, а редакцијата поднесе жалба и успеа да ја поништи оваа одлука.
Јегор Мартинович беше уапсен одново на 23 септември и помина три дена во притвор по кривична пријава за клевета, но подоцна беше ослободен под услов да не ја напушта државата.
Нов напад започна на по трет пат кога Мартинович и уште тројца вработени во редакцијата беа уапсени од безбедносните сили, а покрај главниот уредник беше уапсен и шефот на секторот за реклами Андреј Скурко. .
Прво беа обвинети за организирање нелегални протести, а веб-страницата „Наша нива“ повторно беше блокирана. „Откако властите го задушија TUT.by, најголемиот онлајн медиум во земјава, стана јасно дека ќе дојдат по секого“, коментира Јегор Мартиновиќ. „Имаше ли сигнал дека ќе добиеме конкретен удар? Не, само сето тоа експлодираше околу нас. Но, продолживме да работиме легално, од што не треба да се плашиме во сопствема зејаа“, се сеќава тој.
Тој додава дека дури и чуварите му се смеат и дека се срами да им каже на затворениците од ќелијата за што се обвинува.
„Наводно, „Наша нива“ плаќала струја по различна цена отколку што требало (за физички, а не за правни лица) и на тој начин биле оштетени електричните мрежи во износ од 3.500 белоруски рубљи (нешто повеќе од 1.200 евра).
„И самата компанија за снабдување со електрична енергија никогаш не ни се обратила со поплаки. А и сега, колку што знам, тврди дека нема долг“, рече тој.
Мартинович посочува дека од јули против него не е водена никаква истражна постапка.
„Тие едноставно ме затворија поради одмазда за мојата професионална активност“, вели тој. „Најтешко е да разберете дека губите време што сте можеле да го потрошите корисно – и сите учесници, и истражителите и обвинителите, го знаат тоа.
„Но, тие живеат по принципот „сè разбираш сам“. И, исто така, тешко е да се разбере дека оваа ситуација го исцрпува семејството“, наведува тој.