Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БЕРЛИНАЛЕТО ЗАПОЧНА СО КОНСТАТАЦИЈАТА – НЕМА ДОБРИ ЛУЃЕ

February 17, 2026 Filed Under: Ревија

Имено, „Нема добри луѓе“ е насловот на авганистанскиот филм со кој се отвори Фестивалот, како означувањена уште една тмурн година на планетава

НЕМА ДОБРИ ЛУЃЕ: Оа е насловот на делото што го отвори Берлиналето, потресна а на моменти и романтична приказна

Меѓународниот филмски фестивал во Берлин – Берлинале – оваа година се одржува од 12 до 22 февруари, а беше отворен со авганистанската драма „Нема добри луѓе“. Овој фестивал кој отсекогаш имал во себе силна политичка гама, некогаш дури и неприфатлива за ореолот на спектаклите што го негувале други големи филмски смотри така започна со силна политчка порака. Дејствието на третиот филм на наградуваната режисерка Шахрбану Садат е сместено во периодот непосредно пред талибанската офанзива во 2021 година. Филмот ја раскажува приказната за снимателка во телевизиска редакција која се чувствува разочарано поради недостаток на потенцијални романтични партнери во длабоко патријархалното авганистанско општество.

Филмот претставува комбинација од политичка драма и романтична комедија – спој кој совршено го отелотворува духот на Берлинале,.

Минатогодишното издание постави апсолутен рекорд со 336.000 продадени билети, што го потврдува статусот на еден од најголемите филмски фестивали во светот.

Директорката на фестивалот, Триша Татл, за ДВ изјави дека Берлин „не се плаши да поддржи многу политички филмови што отвораат тешки теми“. Иако повеќе од 200 филмови се на програмата, жанровите се разновидни – од хорор и романтични комедии до експериментални дела.

Татл додава дека секој филм, на некој начин, е политички, сè додека преку него се согледуваат културни или општествени проблеми. Но фестивалот, исто така, има цел да ја поддржи филмската индустрија во борбата за привлекување публика во кината.

ПРЕМИЕРИ И ЅВЕЗДИ НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ Филмот „Крвавата грофица“, дел од специјалната програма на Берлинале, ќе донесе гламур на црвениот тепих. Во хорор-комедијата главната улога ја толкува Изабел Ипер, која го потврди своето присуство во Берлин. Режисерка е Улрике Отингер, а сценариото е коавторство со нобеловката Елфриде Јелинек.

Џон Туртуро и Стив Бјусеми се дел од филмот на Ное Сеган – „Единствениот жив џепарош во Њујорк“, кој ќе има светска премиера на фестивалот. Меѓу најочекуваните европски премиери се:

– трилерот „Тежина“ на Падрик Мекинли, пофален на Санденс, со Итан Хок и Расел Кроу;

– научно-фантастичната комедија на Гор Вербински „Среќно, забавувај се, не умирај“, со Сем Роквел, Џуно Темпл и Зази Биц;

– сатиричниот псевдодокументарец „Моментот“, во кој поп-ѕвездата Чарли Екс-Си-Екс глуми пејачка што се обидува да ја продолжи својата слава.

За главните награди – Златна и Сребрена мечка, годинава се натпреваруваат 22 филма. Меѓу најкоментираните е „Кастрење на розовата грмушка“ на Карим Ајнуз, со актерска екипа што ја сочинуваат Калум Тарнер, Рајли Кио, Џејми Бел, Ел Фенинг и Памела Андерсон. Татл го опишува филмот како „комплексен трилер за привилегирано семејство чие распаѓање го предизвикуваат мрачни тајни“.

– Ејми Адамс, шесткратно номинирана за Оскар, настапува во филмот „Покрај морето“ на Корнел Мундруцо, играјќи поранешна танчерка која започнува нов живот по рехабилитација.

– Во „Жозефина“ на Бет де Араухо, награден на Санденс во јануари, Ченинг Тејтум и Џема Чен глумат родители на осумгодишно девојче сведок на сексуален напад.

– Француската легенда Жилиет Бинош игра во филмот на Ленс Хамер „Кралица на морето“, кој го истражува влијанието на деменцијата врз семејството.

ЕЈМИ АДАМС ВО „ПОКРАЈ МОРЕТО“ Шесткратно номинираната за Оскар актерка игра во дело за рековалесцентка која се враќа во професијата

МЕЃУНАРОДНИ ПРОДУКЦИИИ СИЛНО ГЕРМАНСКО УЧЕСТВО Во конкуренција се филмови од целиот све, а учествуваат копродуценти од 28 држави. Африканската кинематографија е претставена преку копродукции од Гвинеја Бисао, Сенегал, Тунис и Чад.

Германија е силно застапена со три филма во главна продукција и уште два како копродуценти. Меѓу нив се истакнува историската драма „Роза“ на Маркус Шлајнцер, сместена во 17. век, со Сандра Хилер, која игра мистериозна војничка жена прерушена во маж. Добитничката на две Сребрени мечки, Ангела Шанелек, се враќа со филмот „Мојата сопруга плаче“.

Режисерот Илкер Чатак годинава се натпреварува со „Жолти писма“, посветен на репресијата врз уметничката слобода во Турција.

Конкуренцијата опфаќа и биографски филм за џез пијанистот Бил Еванс, јапонскиот аниме-филм „Нова зора“ и документарецот на Ана Фич снимен во период од десет години.

ВИМ ВЕНДЕРС НА ЧЕЛО НА ЖИРИТО Добитниците на наградите ќе бидат објавени на 21 февруари, а жирито го предводи славниот германски режисер Вим Вендерс.

На отворањето, Мишел Јео ќе ја добие почесната Златна мечка за извонреден придонес во филмската уметност и улоги како во „Клекнат тигар, скриен змеј“ (2000) и „Сè во исто време“ (2022).

Фестивалот доделува и други значајни награди. Признанието „Теди“ оваа година слави 40 години и им се доделува на филмови што обработуваат ЛГБТК+ теми.

Програмата „Перспективи“ обединува 14 долгометражни дебитантски филмови – натпревар воведен минатата година, со цел откривање нови таленти. „Фестивалите имаат клучна улога во развојот на следната генерација филмски автори“, вели Татл, додавајќи дека и оваа година програмата нуди „сјајни таленти и филмови полни срце и креативност“.

НАШЕТО УЧЕСТВО Агенцијата за филм и годинава учествува на Европскиот филмски маркет (EFM), што се одржува од 12 до 18 февруари во рамки на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин – Берлинале. Претставувањето ќе биде преку промотивен штанд поставен во музејот „Гропиус Бау“, централната локација на индустрискиот сегмент од фестивалот.

Македонската делегација на маркетот ќе ги претстави најновите филмски остварувања и актуелни проекти, а се предвидени и бројни средби со можни меѓународни партнери со цел развивање копродукциски соработки. За таа цел подготвен е промотивен каталог и дополнителен материјал.

Особено значајно е учеството на македонскиот филм „17“ во режија на Косара Митиќ, кој е селектиран во програмата „Перспективи“ на Берлинале – секција што ги претставува најдобрите долгометражни дебитантски филмови. Светската премиера ќе се одржи на 18 февруари во 19 часот во киното „Блумакс“ на Потсдамер плац, една од најрепрезентативните фестивалски локации. Филмот ќе има вкупно пет проекции на различни фестивалски точки во Берлин.

Од Агенцијата истакнуваат дека изборот на дебитантско дело на млада македонска режисерка ја потврдува креативната енергија на новата генерација автори и важноста на институционалната поддршка за современите филмски продукции.

Делото „17“ е продукција на „Црна Мачка Продукција“, со финансиска поддршка на Агенцијата за филм, а е копродукција со „Арт & Попкорн“ од Србија и „Децембер“ од Словенија. Филмот е поддржан и од филмските центри на Србија и Словенија, SEE Cinema Network, како и преку CineLink – Work in Progress на Сараевскиот филмски фестивал.

ПРЕМИЕРА Во програмата „Перспективи“ ќе дебитира и македонскиот филм „17“

Покрај физичкото присуство во Берлин, Агенцијата ќе биде активна и преку онлајн платформата на EFM, овозможувајќи им на професионалците кои не присуствуваат лично да ги следат сите активности.

Европскиот филмски маркет се смета за еден од најзначајните филмски пазари во светот, а континуираното учество на Агенцијата за филм обезбедува поголема видливост на македонските автори и продукции, зајакнување на меѓународната соработка и пристап до нови извори на финансирање, со што се поттикнува развојот на домашната филмска индустрија.

Со оваа селекција, филмот „17“ ќе се натпреварува во програмата наменета за најдобрите дебитантски долгометражни филмови на светско ниво. Во рамки на селекцијата „Перспективи“, македонскиот филм ќе биде оценуван од тричлено интернационално жири, кое ќе одлучи кој од вкупно 14 дебитантски филмови ќе ја добие наградата за најдобар филм во оваа програма.

По повод селекцијата на филмот на Берлинале, на 21 јануари 2026 година во Скопје се одржа средба со медиуми, на која присуствуваа режисерката Косара Митиќ, продуцентот Томи Салковски, актерките Ева Костиќ и Мартина Даниловска, како и членови на авторската екипа на филмот. На настанот присуствуваше и директорот на Агенцијата за филм – Сашко Мицевски.

Филмот „17“ ја следи приказната за седумнаесетгодишната Сара, која заминува на училишна екскурзија криејќи тајна за која никој не знае. Кога екскурзијата ќе излезе од контрола и таа ќе стане сведок на насилство врз нејзината соученичка Лина, двете девојки ќе се поврзат засекогаш.

(текстто е комбинација од повќе новинарски прилози на истакнати медиуми)

Filed Under: Ревија

ШЕЌЕРИНСКА: РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е ОД СТРАТЕШКО ЗНАЧЕЊЕ
УНИШТЕНИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НЕ Е НЕУСПЕХ, ТУКУ ИСПОЛНЕТ ПЛАН
АНАЛИТИЧАРИТЕ И НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК: ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ РАЗБУДИЈА АМА ПРОБЛЕМОТ НЕ Е ВО ТОА
БЕРЛИНАЛЕТО ЗАПОЧНА СО КОНСТАТАЦИЈАТА – НЕМА ДОБРИ ЛУЃЕ
ДИЗАЈН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИОТ ЛЕГИТИМИТЕТ ВО ПОНОВОТО ВРЕМЕ (2)

Најново

  • ШЕЌЕРИНСКА: РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е ОД СТРАТЕШКО ЗНАЧЕЊЕ
  • УНИШТЕНИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НЕ Е НЕУСПЕХ, ТУКУ ИСПОЛНЕТ ПЛАН
  • АНАЛИТИЧАРИТЕ И НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК: ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ РАЗБУДИЈА АМА ПРОБЛЕМОТ НЕ Е ВО ТОА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet