Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БЕСИМИ: ЗОШТО ЈА ЗАБРЗУВАМЕ ДИНАМИКАТА НА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ПРОГРАМИ

May 9, 2023 Filed Under: Македонија

Нема експропријација на дивоградби, законскте измени се заради забрзаната динамика и пониски трошоци за реализација на проектите – вели министерот за финансии Фатмир Бесими

ФАТМИР БЕСИМИ Дел од пакетот закони се измените на Законот за експропријација кои се во насока на намалување на административниот товар

Забрзување на реализацијата на значајните инфраструктурни проекти од јавен национален интерес е целта на неодамна усвоениот пакет закони поврзан со проектот Коридор 8 и 10д. Дел од пакетот закони се измените на Законот за експропријација кои се во насока на намалување на административниот товар, кој го успорува процесот и на тој начин и реализацијата на проектот, а од другата страна ги штити граѓаните и нивните права.

„Она што го правиме е олеснување на постапките и намалување на админитративниот товар за институцијата која е носител на реализацијата на проектот, но секако и заштита на правата на граѓаните, но не значи легализација на бесправно изградени објекти, кои ќе бидат предмет на експропријација во овој проект. Конкретно измените на Законот за експропријација имаат два аспекта и се насочени да го олеснат и забрзаат процесот на експропријација, а со тоа и директно да влијаат кон забрзана динамика на реализација на целиот проект. При тоа се водеше сметка и за заштита на правата на граѓаните“, рече министерот Бесими.

Измените, додава министерот,  не значат дека ќе се овозможи легализација на нелегално израдени објекти. Легализацијата на бесправно изградените објекти, а за кои има поднесено барање се одвива согласно законско решение донесено во 2011 и направените измени подоцна. Она што се овозможува со измените во Законот, што неодамна беа усвоени на седницата, е дека граѓаните за имот кој ќе биде предмет на експропријација, а живеат во него, ќе имаат право на надомест за закуп во период од 12 + 6 месеци.

„Овие законски решенија се во интерес на сите. Тие се во насока и даваат можност проектот да се реализира за пократок период и со пониски трошоци, а истовремено и придобивките од него да ги користат граѓаните побрзо, односно како што е предвидено во овој случај за 5 години,  рече министерот.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ Изградба на коридорите 8 и 10 годишно ќе го зголемува годишниот БДП за два отсто а ќе вработува 8.000 лица

Во насока на забрзана реализација на овој проект се и измените и дополнувањето на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот  кои ќе овозможат ослободување од данок на додадена вредност, увозни давачки, акциза на енергенти и данок на моторни возила на увозот кој е извршен од страна на Стратешкиот партнер за цели на пректот.

Ова се измени кои веќе биле ползувани  и при реализација на проектот за изградба на автопатот Штип – Миладиновци и Кичево – Охрид и не претставуваат исклучок. Министерот се осврна на економските придобивки и посочи дека Владата работи во интерес на граѓаните, во интерес на бизнисот, во интрес на државата и дека инвестицијата ќе даде придонес годишно од 2 % во номиналниот бруто-домашен производ, средства кои ќе се слеат во домашната економија и значат отворање на нови 8000 работни места.

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet