Во однос на локацијата на која би се градел новиот клинички центар во Скопје, министерот рече дека била правена СВОТ-анализа за шест локации во главниот град, при што, на крај, повторно Веле Поле, покрај обиколницата во Општина Ѓорче Петров, се покажала како најсоодветна
Четири извештаи се добиени во септември, но јас не сакав посебно да се објавуваат поради целиот процес. Последниот извештај, за кој верувам дека во текот на следната недела ќе го финализираме, е извештајот за хемофилтрацијата како метод за лекување пациенти со ковид-19, вели министерот за здравство
Министерот за здравство Беким Сали објави дека идната недела ќе биде објавен финалниот извештај од работата на неколкуте комисии и државни здравствени институции во случајот „Жан Митрев“ по документарецот на ИРЛ „Нечиста крв“, кој откри дека хемофилтрацијата со која се лекувале болни од ковид-19 во оваа болница, всушност, била клиничко испитување, а не проверен метод, за кој, патем, се плаќале по неколку илјади евра. Во гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, Сали не сакаше предвреме да открие дел од наодите, меѓу другото, и поради истрагата што ја води јавното обвинителство.
Петте комисии и институции работеа на утврдување на состојбата: Државниот санитарен и здравствен инспекторат, МАЛМЕД – надлежна во делот на клинички истражувања, Лекарската комора, посебно формираната комисија за интрахоспиталните инфекции, како и посебната комисија за хемофилтрацијата.
„Четири извештаи се добиени во септември, но јас не сакав посебно да се објавуваат поради целиот процес. Последниот извештај, за кој верувам дека во текот на следната недела ќе го финализираме, е извештајот за хемофилтрацијата како метод за лекување пациенти со ковид-19. Во него треба да се добие образложение за тоа колкава била индикацијата или имало и контраиндикации, или била начин кој предизвикал смрт на многу пациенти. Тоа ќе биде нашата професионална констатација“, рече Сали во „360 степени“.
Во интервјуто, Сали одговараше и на прашања за вонредните финансиски контроли што Фондот за здравствено осигурување ги направи во 35 клиники и клинички болници за да се провери начинот на кој се пресметувале платите и надоместоците за директорите на овие јавни институции. Повод беше случајот со директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова, на која и биле плаќани дежурства во период кога била на службен пат заради стручно усовршување. „360 степени“ ги обезбеди извештаите на Фондот со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и подготвуваме детална сторија за емисијата в понеделник (26 декември 2022 г.).
Сали објави и дека Владата неделава одржала тематска седница на која тој презентирал концепт за реорганизација и консолидација на јавните здравствени институции во земјава. Министерот рече дека концептот не се однесува само на изградба на нов клинички центар во Скопје, туку и на нови шест регионални болници за да се подобри квалитетот на услугите во секундарното и терциерното здравство, а се води сметка и за здравствениот кадар. Притоа, вели министерот, концептот не предвидува дополнителни задолжувања од државата.
Ова подразбира да направиме нешто ново, со тоа што ќе го дадеме старото, нешто што е во согласност и со стратегијата или со нашите национални цели за здравството до 2030 година, рече министерот за здравство во емисијата „360 степени“
Во однос на локацијата на која би се градел новиот клинички центар во Скопје, министерот рече дека била правена СВОТ-анализа за шест локации во главниот град, при што, на крај, повторно Веле Поле, покрај обиколницата во Општина Ѓорче Петров, се покажала како најсоодветна
Владата неделава одржала тематска седница на која министерот за здравство Беким Сали презентирал концепт за реорганизација и консолидација на јавните здравствени институции во земјава. Во гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, Сали рече дека концептот не се однесува само на изградба на нов клинички центар во Скопје, туку и на нови шест регионални болници за да се подобри квалитетот на услугите во секундарното и терциерното здравство, а се води сметка и за здравствениот кадар.
Притоа, вели министерот, концептот не предвидува дополнителни задолжувања од државата.