Човекот кој направи мнопгу за центарот на главниот град да биде шампионот на кичот, исполнувајќи ги желбитењ на Груевски, за возврат доби влог од 6,5 милиони евра на користење. Подарокот не му беше земен од новата власт ама тој реши да го врати назад
Kомплексот „Македонско село“ во Нерези од четвртокот е затворен, Некои од телевизиските екипи џабе тропаа на портите – не им беше оворено, слушнаа само глас на портирот кој не сакаше да отвори макар и сантиметар. Имаше и неинформирани туристи, пред се странски кои сакаа да влезат зад ѕидините.
Поголем дел од потенцијалните гости имаа прилика претходниот ден да ја слушнаатинформација на менаџментот на комплексот на фејсбук-страницата на комплексот.
„Ве информираме дека менаџментот на комплексот „Македонско село“ донесе одлука за затворање на Комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток).Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години“, пишува на фејсбук-страницата.
Инаку, Комплексот беше даден на 20-годишна концесија на поранешниот градоначалник на Општинa Центар и бизнисмен Владимир Тодоровиќ. Инвестицијата е на поранешната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и изнесуваше 6,5 милиони евра. Причините за затворањето на комплексот, за кој Тодоровиќ беше обврзан да плаќа кирија од 3.500 евра, се уште не се познати. Инаку тоа е кирија со чија вредност треба да минатт 155 години за да се врати цената на влогот. Колку да се види подарокот кој Гуевски му ја дал на Владимир Тпдоровиќ.
ЈСП воведе и бесплатни автобуски линии до „Македонско село“ за време на викенди, со цел, поголема туристичка промоција на местото. Тоа е подарок на едно градско јавно претпријатие, кое го финансираат сите граѓани, да нема забуна. Важно е да се каже дека Македонија туриост мораше да го затвори угостителскиот објект во манастирот Св. Пантелејмон, што го направи претходно на барање на политолигарските со објекти во самиот центар на Скопје!
Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), како надлежна за стопанисувањето на објектите во сопственост на владата, соопшти дека не била информирана за одлуката на менаџментот на комплексот „Македонско село“, објектот да биде затворен и да престане да работи.
– Во договорот склучен меѓу СОЗР и концесионерот, претставуван од компаниите „Тинекс“ и хотелот „Квинс“, има член кој јасно определува дека за ваква одлука давателот на концесијата треба да биде известен најмалку 6 месеци однапред, се вели во соопштението. Од Службата бараат средба со претставниците на менаџментот на концесионерот, во петокот, за да ги информираат за причините за нивната одлука. Компанијата „Тинекс“ на 23 јуни 2016 година свечено го отвори комплексот „Македонско село“, лоциран во село Нерези во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“. Етно-комплексот има 12.000 метри квадратни и е изграден во стилот на традиционалната македонска архитектура. Има автентични куќи од различни краишта на Македонија со сместувачки капацитет за сто гости. Во состав на комплексот се хотел, ресторани и дополнителни содржини. Те дополнителни содржини за жал исчезнаа многу бргу по отворањето!
Според тогашната одлука на Владата, „Тинекс“ и хотел „Квинс“ – два субјекта кои се во сопственост на Владимир Тодоровиќ и неговото семејство, требаше да стопанисуваат со комплексот „Македонско село“ 20 години. На Концесионерот на „Македонско село“ за еднострано раскинување на договорот ќе му биде активирана гаранцијата за квалитетно извршување на договорот во износ од околу 43 илјади евра и подмирување на закупот за наредните шест месеци. Владата, од друга страна, на наредна седница ќе достави информација за целосната постапка што произлегува по раскинување на договорот и потоа ќе донесе одлука за натамошно постапување со комплексот.
Ова го соопшти директорот на Служба за општи и заеднички работи на Владата на РМ Пеце Мирчевски, кој како што информираше денеска имал средба со претставници на концесионерот на „Македонско село“ Тинекс и Квинс хотел на која го повториле ставот за еднострано раскинување на договорот и за обврските што произлегуваат од тоа.
– Претставници на менаџментот известија дека се свесни за правните обврски кои произлегуваат од Договорот, а тоа подразбира активирање на гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот во износ од 2.690.409 денари, односно околу 43.000 евра, изјави директорот на СОЗР Пеце Мирчевски.
Концесионерот, како што извести, го раскинува договорот поради работење исклучиво со загуба.
Мирчевски потенцира дека ако се има предвид дека месечната кирија за комплексот изнесувала 3.500 евра и дека во овој момент се покажува дека таа е неодржлива и дека комплексот работел со загуба, вели дека преку едноставна пресметка може да се заклучи дека за државата и граѓаните да си ги повратат вложените средства би биле потребни повеќе од 155 години.
– Комплексот „Македонско село“ е инвестиција на РМ, одлуката за овој неодржлив проект ја има донесено Владата на РМ и истата е потпишана од поранешниот премиер Никола Груевски и објавена во Службен весник на 24 јуни 2015 година. При тоа од парите на граѓаните за оваа непродуктивна инвестиција се издвоени 6,5 милиони евра, со цел комплексот да биде ставен во функција, истакна Мирчевски.
Одговорајќи на новинарско прашање рече дека комплексот ќе остане затворен, а Владата ќе одлучи за понатамошното постапување.