Има многу отпори кон влез во оваа економска асоцијација – Отворен Балкан. Ама што ако се остварат предвидувањата дека дури 80 отсто од странските инвестиции во регионот ќе одат кон земјите како Северна Мкедонија, Србија и Албанија. Дали и тогаш оваа идеја ќе биде „удбашка“?
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Се сеќавам овие денови како со пренсот на текстот на аналитичарот Тим Џуда од лондонски „Економист“ на крајот на летото 2010 година за прв пат во животот заинтересирав некои службеници на Владата за објавен напис. Се јавија на редакцискиот телефон од МНР и прашаа дали преносот е веродостоен, не сакајќи, очевидно да веруваат дека некој сакал „да ја возобнови Југославија“. Таја барем се читаше таа реакција од владина страна.. Факт е дека не бев некој што го следи „Економист“ и дека до тој текст стигнав преку паничните реакции што се јавија во хрватскиот перчат. Во нив стоеја емотивни содржини со кои се тврдеше дека ете се настојува да се „воскресне Тито“ преку идеја да се создаде лабава заедница во форма на пазарна унија, во која, би постоел слободен проток на луѓе и стоки. А ова би бил предтекс за влез на државите од Западен Балкан зво Унијата.
Велат nomen est omen односно дека „имањата кажуваат се’“ Таа конструкција Џуда ја нарече Југо-сфера, поаѓајќи најнапред од тоа дека во неа ги гледаше кандидатите за блискост со европскиот пазар од некогашна Југодлавија, но и од Албанија, која своевремено, во ерата на затворениот Енвер Хоџа ја одбиваше идејата на Тито оваа земја да стане седма република.
Новинарот од Лондон прво потсети дека земјите од Источна Европа исто тска влегоа најпрцвин во заедница од тој тип (Вишеградска група) и дека тоа беше некој вид на приемен испит дека можат да опстојат во далеку погголема и објективно посложена заедница. Кусо потсетување – групата води потекло од самитот на водачите на Чехословачка, Унгарија и Полска во унгарскиот град Вишеград одржан на 15 февруари 1991 година. Локацијата била избрана како намерна алузија на средновековниот Вишеградски собир во 1335 помеѓу Јован I од Бохемија, Карло I од Унгарија и Казимир III од Полска. По распадот на Чехословачка во 1993, Чешка и Словачка станале засебни членки на групата. Сите четири земји-членки на Вишеградската група станале членки на ЕУ на 1 мај 2004.
Видливо е дека тие тогашни „професори“ од Брисел очевидно им попуштиле „вишеградците“ во оценката за подобноста за Унијата ама новинарот Џуда, познат и признат експерт за балканските прилики, рече дека со југо сфера би одело многу полесно: се работи за земји кои – со исклучок на Албанија – долго живееле заедно и имаат многу културни врски и денес, по распадорт на Југославија и згора и постои јазична блискост, што ја олеснува работата.
Додека Словенија беше комотна во однос на другите земји од екс-Југоалвија од 2004 година, Хрватска беше во вистинска паника – таа влезе во Унијата дури три години подоцна, после овој текст во „Економист“. Јасно, оценката во Загреб беше врзана за тоа дали ЕУ ја форсира оваа форма како иднина за Балканот или е тоа само индивидуален поглед! Обично зад вакви писанија може да стои и некаква долгорочна стратегија, нели?
Ниту во земјавата тогаш немаше реакции. Најнапред заради ептен индиферентен однос што го носи непознатата идеја. А потоа и заради оценката дека е подбро да постои голуг на гранката. Тогашната лидерка на опозицијата кај Шеќеринска ми истакна дека ние си ја имаме ЦЕФТА и дека со тоа е доволнио да постои атмосферата за слободна трговија. Мое убедување, од разговорите во Стопанската комора на Македонија беа спротивни. На пример, македонските градежници во тоа време беа буквално истерани од албанскиот пазар, иако беа пионери на модерното сообраќајно поврзување во таа земја. Други заинтересирани групи во Тирана сватија дека тие треба да ја земаат „маста“ во овој бизнис, особено откако Албанија влезе во НАТО и веднаш, за една година, доби инвестиции од 5 милијарди долари! Во БиХ постоеше правило од Македонија да не се примаат преработки од овошни сокови, на пример. А колку пати доживувавме потоа и необјасниви бојкоти, па и вистински трговски војни од косовска страна?! Но ЦЕФТА остана како категорија за „мирен сон“ а во реалноста на Полуостровото го имавме проблемот со слободниот тек на стоки и луѓе.
Во меѓувреме остатокот на Западен Балкан, Србија и Црна Гора започнаа преговори за влез во Унијата а С.Македонија и Албанија се прескокнуваат веќе трета година по ред откако дојде она ветување дека „а 5 месеци ќе започнете сигурно преговори“.
Првите две земји од регионот – Црна Гора и Србија се во предност со приближувањето кон ЕУ, но ја чуватсвуваат игноранцијата на Брисел кон нивните очекувања, додека втората група е постојано спречувана во своите планови од Софија, од причини кои се познати за читателите.
И така дојдовме до вториот чин од интегративната драма – до идејата на српскиот претседател Вучиќ од октомври 2017 година за „мини-Шенген“ од крајот на септември 2019 година. Продолжување ли е ова на југо-сферата?
Иницијативата на српскиот претседател Александар Вучиќ за укинување на трговските бариери меѓу Србија, Албанија и С. Македонија веднаш доби позитивни критики од економистите и стопанствениците, но политиката и политичките аналитичари главно беа воздржани. Коморџиите се надеваат дека продлабочената соработка ќе доведе до зголемен економски раст во регионот, за политичките аналитичари како што говореа спорни се мотивацијата, но и архитектурата на иницијативата која регионалните медиуми ја нарекоа „мини Шенген“.
„Албанија и Косово нема да ја поддржат оваа иницијатива, а сигурен сум дека и С. Македонија нема да прифати парцијални решенија“, вели за ДВ, Наим Рашити, директор на Балканската истражувачка група од Приштина. Се виде дека не е сосема во право.
Факт беше дека Вучиќ идејата за создавањето на оваа мини-балканска групација и ја замислувал како Вишеградската група. „Важно е земјите од регионот да разберат дека имаат корист од тоа, дека нашите луѓе разбираат дека настапуваме како блок, бидејќи така ќе бидеме повеќе почитувани во Европа“, рече Вучиќ. Српски претставници кои во меѓувреме се обвинувани за постоење на идеја за некаква беклградска доминација на Балканот објаснуваа дека поентата е во тоа просторот на Западниот Балкан да се уреди како заеднички пазар и единствена инвестициска дестинација, со хармонизирани прописи и поедноставени процедури.
Кај нас претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, во изјава за Танјуг порача дека „идејата треба веднаш да се реализира, во било кој формат, било кога и било каде“. И Петар Гошев, поранешниот македонски министер за финансии и гувернер на Народната банка, гледаше позитивно на предлогот.
„Енергетскиот и транспортниот сектор се многу важни. Забрзувањето на протокот на стоки, намалените трошоци и отстранувањето на пречките би користеле за подобар економски развој на регионот”, вели Гошев.
Главниот отпор произлегуваше од психолошкки отпор на било какво споменување на зборот заедница. На Балканот не беше можеби и завршен процесот на расцепкување а тој процес како да можеше да се спречи со влез во Унијата, постепен и поединечен или пак групен, без оглед на различниот степен на општествен развој на земјите-кандидатки.
За тој отпор еднаш говореше и токму албанскиот премиер, кој под најсилен удар за тогаш мини-Шенгенот..„Не се работи за творба од ’удбашките подруми’ туку за една замена за преспората интеграција на Балканот кон Унијата. Засега се тоа јасно омеѓени процеси на соработка, кои треба да донесат предности за трите економии.
За да нема забуни во однос на намерата на оваа интеграција која не е замена за влезот во Унијата, дојде и до промената на „фирмата“ – она што бешр Мини-шенген стана Отворен Балкан, со што имаше и приближување до американските визури по кои не смее да се застане на бројот три. Во промената на „фирмата“ – Отворен Балкан – регионот,добива отворена покана, како обид за некаков скок на БДП-то а веројатно и какви-такви европски инвестиции во некои од проектите.
во земјите од Мини-шенгенот односно од Отворен Балкан!
Официјалните реакции на С.Македонија, Албанија и Србија потврдија дека „Отворен Балкан“ е резултат на добра соработка меѓу политичарите кои го послушаа гласот на бизнис заедницата. Отворените граници од први јануари 2023 година ќе ја зајакнат економската соработка и ќе придонесат раст на заедничката економија за 2,5 отсто. Сега веќе поранешниот премиер Заев рече дека „три се повеќе од еден“ јасно укажувајќи дека отворени се секогаш вратите за оние кои ќе се придружат во остварувања на целите кои можеби делуваат прозаично но се со практични придобивки како што е нула минути чекање на границите за транспортерите на стоки и услуги, без царини и намалени административни трошоци; слободно движење на граѓаните меѓу трите земји; унифицирани регистри за пазарот на трудот како можност за размена на работна сила помеѓу земјите односно дозвола на граѓаните да работат трите земји или заедничка реакција на природни и други катастрофи.
Што е битно да слушнат оние кои се опираат кон оваа иницијатива? Најнапред, постои проценка дека дури 80 отсто од инвестициите кои се наменети за Балканот ќе заминат во некоја од трите земји од „Отворен Балкан“. Од погорното јасно е и зошто.
Дека интересот кај стопанствениците е голем фговори и податокот дека на последниот Форум организиран од овие три земји беа присутни повеќе од 300 компании.
Оттаму, може да се рече дека поддршката за Отворен Балкан доаѓа од економскиот интерес а дека противниците нудат политички аргументи. Јасно е дека општествениот крем во Приштина на Приштина ужива во својот изолационизам, сметајќи го и како своја лична или семејна придобивка. Оваа позиција лесно се врзува и за атрофираната идеја за обединети албански територии.
Во слични клешти се наоѓа и БиХ – Република Српска со актуелното раководство е носена од желбата да се растури оваа Дејтонска твиорба, па било какви форми на нејзино врзување не се добродојдени. Но токму Додик е пример на најлошо србоманство и преку неговиот пример паѓа идејата дека доминацијата на Белград се крие за Отворен Балкан! Уште посилен е примерот со Црна Гора, каде на власт е групација која победи на последните избори со вонредни ангажирања на Српската православна црква. Но, претседателот на ЦГ Караѓиќ, кој беше повиокан на вечера со тројцата лидери на Отворен Балкан во ноември во Белград одби да се приближи кон Отворен Балкан а во Подгорица го подржуваат во ова и позицијата и опозицијата. Ако таму е се уште јасно кој е опозиција а кој позиција!
Ќе има и надворешни отпори – Бугарија веројатно ќе биде противник на Отворен Балкан, иако не толку гласна. Во оваа нивна конфузна внатрешно-политичка ситуација ним сепак им е јасно дека вредноста на нивниот отпор и уцена на Македонија сериозно, преку оваа форма, се девалвира. Идмната влада во Софија со време ќе го признае тоа
Тука е и Унгарија која му вети на Додик дека следната година ќе го подрржи неговиот сепаратизам со 100 милиони евра, спротивна на напорите на Брисел за изолација на Република Српска..
Значи, Отворен Балкан е и своевидна лакмус хартија за да се види акко стојат работите со зачленувањето на државите во регионот во Унијата?!