Не е доволно само Владата, има стотици и илјадници институции на државно ниво кои се буџетски корисници и кои со недоволна фискална пруденција оперираат и се одговорни, отчетни, транспарентни и ефикасни кон буџетските линии
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, академик Алдулменаф Беџети, во гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, зборувајќи за владиниот пакет-мерки за ублажување на последиците од економската криза, вели дека е навремен, иако можел да биде донесен и една недела порано.
Сепак, Беџети смета дека Владата треба секојдневно да ги следи трендовите и „ако е можно на дневна основа флексибилно да реагира со мерки“, а ги повика и сите други надлежн„ Дел од институциите треба да бидат пример за да ги повикаат граѓаните да бидат посвесни за воената состојба, бидејќи ова е последица на воена состојба. Фала му на Бога што немаме војна во целосна смисла на зборот, но економската војна некогаш удира исто толку и е болна како другата војна, со тоа што од овој аспект Владата овој буџет, како што знаете, од пред 3-4 месеци кога го кроеше, го кроеше со истакната фискална пруденција, во смисла дека кратеше многу потрошувачки позиции кои се непродуктивни, за да им покаже пример на другите. Но, не е доволно само Владата, има стотици и илјадници институции на државно ниво кои се буџетски корисници и кои со недоволна фискална пруденција оперираат и се одговорни, отчетни, транспарентни и ефикасни кон буџетските линии. Ова треба да го прави Владата и во зголемување на другите капацитети, во смисла на набљудувачки органи, пред се алудирам кај инспекторатите во овој аспект“, истакна Беџети.
Тој истакна и дека „едно е да се дизајнираат, а друго да се применуваат мерките“, поради што смета дека малку институции имаат капацитет да вршат ефикасна контрола и мониторинг за тоа како се спроведуваат на терен.
„На пример, и на самите тие кои ги дизајнирале мерките мислам дека не им е јасно што претставува нето и бруто маржа, за да се соочат во реалноста. Од друга стрна, ние во овие ситуации немаме толку луѓе, набљудувачки структури кои можат да ги применат. И доколку немате можност да ги примените, подобро не ги правете, бидејќи тие прават дополнителни шпекулации“,нагласи Беџети.
Инфлацијата во февруари, во однос на ланскиот февруари е 7,6 проценти, а растот на храната и на безалкохолните пијлоци, која најмногу ги засега граѓаните, е 9,6 проценти – покажуваат податоците од Државнит завод за статистика. Притоа, лебот и житото за една година поскапеле за 11,1 процент, месото за 6,2 проценти, млекото, сирењето и јајцата имаат заеднички рат на цените од 4,4 проценмти, овошјето е поскапо за 10,4 проценти, а зеленчукот за 18,5 проценти.
Од храната, очекувано, најголем годишен раст имаат маслата и мастите, со зголемена цена од 23,8 проценти. Поради растот на цената на горивата, значаен раст има и кај трошоците за транспортот и тие се зголемиле за 19,3 проценти за една година, а растот на трошокот за електрична енергија е 9,4 проценти.
На месечно ниво пак, инфлацијата е 1 процент, односно за толку се зголемиле трошоците за живот во февруари во однос на јануари.
Јануарската инфлација на годишно ниво (јануари 2022 година во однос на јануари 2021 година) беше 7,3 проценти.
Нашата економија, како мала и отворена е високо зависна од случувањата во европската економија. Засега не се очекува рецесија во Европската Унија. Европската централна банка, и покрај новонастаната ситуација со Украина, очекува годинава ЕУ да има раст, иако помал од првично очекуваниот. Сепак, ризиците се присутни и тие зависат од развојот на настаните, санкциите и времетраењето на кризата, посочува во интервју за МТВ, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.
– Ние сме отворена економија со многу силни врски со европската. Европската економија е наш најзначаен трговски партнер, каде извезуваме 77 отсто од вкупниот извоз. Европската централна банка излезе со три прелиминарни сценарија, во зависност од развојот на тековните случувања во Украина. Сепак, би потенцирала дека оваа состојба е навистина неизвесна и тешко е било која централна банка да ги прави проекциите тековно, токму поради голема неизвесност, посочува Ангеловска-Бежоска.
Гувернерката вели дека засега се зборува за три канали преку кои руско-украинската војна би можела да ја погоди европската економија.