Сопственикот на фабриката за оружје од Самоков е уапсен во Белград како осомничен за индустриска шпионажа. Подготвил 30 илјади евра за да добие документација за изработка на куршуми од одреден калибар
ГЛОБУС МАГАЗИН
Српскиот весник „Вечерње новости“ неодамна објави дека е приведен во полиоција нашиот државјанин Шевшет Демировски, кој прибирал докуметација од фабриката за муниција „Први Партизан“ од Ужице, со цел да изработи машина за производство на муниција со калибар 12,7 мм. Тие куршуми би биле разработувани во погоните на некогашната фабрика за муниција „Сувенир“ во Македонски Брод, како и во фабриката за оружје во Катар, каде пак тој е косопственик. Ова се случува додека Србија токму воената индустрија е во центарот на медиумие заради окривањето на фактот дека како повластен извоз на производи од оваа индустриска гранка е таткото на српскиот министер за внатрешни работи.
Судот во Белград веднаш одредил 30 дена притвор на четворица осомничени, меѓу кои и за македонскиот стопанственик по основ на кражба на индустриска сопственост. Освен Демировски тројцата српски државјани се осомничени се нашле зад решетки во предизстражна посташка за илегално откупување на документација која се води како воена тајна, а се однесува на машини за правење на куршуми за снајпер, која потоа би се искористила за добивање комерцијална вредност.
Демировски во мигот на апсењето бил во белградски хотел „Контантин Велики“, каде веќе престјувал два дена, каде треба да добие докумнтација која веќе била украдена од српската фабрика за наменско производтсво „Први Партизан“ од Ужице. Бизнисменот веќе подготвил 30.000 евра за поткуп на тројца вработени од фабриката а во игра наводно бил и еден пензиониран инженер. Оваа сума се смета за авансна.
Акцијата започнала по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, во акција на Безбедоносно информативаната агенција (БИА), Воено-безбедносната агенција (ВБА) и на МВР на Србија. Според првичните информации од истрагата, како што објави „Вечерње новости“, повикувајќи се на оперативните сознанија на БИА и Вишото јавно обвинителство во Белград и во Краљево, „двајцата сегашни и еден поранешен вработен во „Први партизан“ веќе подолго време недозволено ја присвојувале и изнесувале техничката документација, со цел остварување на материјална корист добиена од конкурентни компании, пред сè, од Северна Македонија, Катар и Босна и Херцеговина.
Пензионираниот инженер Боривоје Глишиќ во понеделникот, на 11 ноември, се состана со Шефќет Д. во белградскиот хотел „Хилтон“ за да се договори за собирање и доставување на документација од поранешен работник во „Први партизан“. Според информациите објавени во белградските медиуми, Боривоје за споменатиот сопственик на „Арс груп“ на претходна средба на 16 октомври во белградскиот хотел „Константин Велики“, во форма на аванс добил околу 30.000 евра. За останатиот дел, постојат сомнежи, дека веројатно требало да добие ист износ, по завршување на работата односно по достава на целата документација, објави „Вечерње новости“.
Според весникот за време на состанокот на пензионираниот инженер и македонскиот државјанин во Белград, полицијата по налог на надлежното Обвинителство, на подрачјето на Ужице и Пожега ги уапси и Небојша Ивановиќ од Пожега и Милован Милевиќ, активен инженер во фабриката, под сомнение дека ја ставиле на располагање на својот поранешен колега документацијата од „Први партизан“, како и дека за оваа услуга имале материјална корист.
На осомничените одредена им е мерка притвор 48 часа, поднесена им е кривична пријава и поради сослушувањето ќе бидат изведени пред надлежен обвинител. Тие се товарат за злоупотреба на службена должност и примање мито односно дека при извршување на кривичното дело продавале проекти и друга документација која и припаѓаа на „Први партизан“ од Ужице, а се однесува на производство на оружје и муниција.
Фабриката „Први Партизан“ од Ужице е една од најстарите и најголеми фабрики за муниција и покрај производството на околу 400 типови на муниција за карабини, пиштоли и револвери, компанијата произведува и артилериска муниција, машини за производство на муниција, алати за производство на муниција и друго.
Оваа муниција најповеќе се користи за специјални дејства, како и за снајперски пушки и противавионски митралези. Многу е барана на пазарот, затоа шѕо се произведува во Србија, Америка и во уште само неколку држави во светот. Брзината на проектилот е 806 метри во секунда.
Компанијата „АТС Груп“, чиј сопственик е уапсениот Шефќет Демировски, е основана во 2017 година. Во јули оваа година во Визбегово крај Скопје, отворија современ производствен погон вреден повеќе милиони евра, за производство на композитни материјали и заштитна армиска и полициска опрема.
Како што на отварањето на погонот потврди нејзиниот сопственик, фирмата две децении работела на странскиот пазар, а сега повеќе од три милиони евра инвестирала во погон во родната земја. Станувало збор за гринфилд инвестиција во капацитет со „современи машини од најновите генерации за автоматско производство“ со гаранции за висок квалитет според НАТО стандарди.
Годишниот обрт на производство на компанијата „АТС Груп“, спорд наши медиуми, изнесува 30 милиони евра.