Стресот води кон лошо спиење, што пак ја чини германската економија годишно околу 54 милијарди евра, пресмета уште во 2016 година тинк-тенкот Маргините на Европа
ДИНА СЛАЊАНКИЌ
Луѓето живеат сѐ понапнато, па сѐ почесто посегнуваат по антистресни апаратчиња и средства. Неколку начини на кои што концерните си прават златни рудници од стресната состојба на луѓето.
Во канцеларија, за време на испити на студии или заглавени во долгите редици на автопатишта на пат кон работното место: 87 проценти од Германците се чувствуваат под стрес, покажува актуелна студија на здравствената каса Пронова БКК. Тоа води кон лошо спиење, што пак ја чини германската економија годишно околу 54 милијарди евра, пресмета уште во 2016 година тинк-тенкот Маргините на Европа. Редуцирањето на стресот поради тоа добива зголемена важност за работодавачите и вработениците.
Тоа добро им доаѓа на студијата за фитнес и претпријатијата специјализирани за ментално здравје. Агресивната хистерија околу постигнување внатрешен мир е енормна. Фактичката ефикасност е во заден план, индустријата е полна со идеи како од стравот од тотален брнаут, емоционална и психичка исцрпеност, да направи пари.
Ментална релаксација за по пат. Апликациите за медитација моментно доживуваат вистински бум, тенденцијата е во пораст. Апликации како „Хедспејс“( „Headspace” ) и „Калм“ ( „Calm” ) ветуваат моментно внатрешно соземање и закрепнување, кое, да биде иронијата поголема, доаѓа преку еден од топ факторите на стрес- паметниот телефон. Медитирачки вежби и музика за опуштање треба да припомогнат во јакнење на внатрешното задоволство. Понудувачите врбуваат со ветување дека секој, без големи средства, може да научи да медитира во секое време и на секое место.
Само „Хедспејс“ во меѓувреме има преку 40 милиони претплатници. Основачот Енди Падикомб неодамна на Онлајн маркетинг рокстарс 2019 конференцијата во монашки стил тврдеше дека не го знае прометот на својата фирма. Но, со месечна претплата од десет евра, можни се приходи од 400 милиони евра. Конкурентот „Калм” има вредност од преку 1 билион долари. Значи, внатрешниот мир не бара големи средства, но чини пари.
Курсеви „дух и тело“ за духовна виталност
Студијата за фитнес одамна профитираат од стремежот кон подобро здравје. Покрај физичката кондиција сѐ поголем акцент се става и на психичкото здравје, на поврзаноста на духот и телото. Се креираат специјални курсеви, се ангажираат учители по јога и се прави огромна реклама со „перфектни луѓе’.
Сепак, дури и ако сакаат да ги посетуваат само курсевите кои нудат комплементарен тренинг на телесното и умственото, „дух и тело“, муштериите треба да плаќаат целосна членарина во фитнес-клубовите. Германските фитнес студија лани оствариле промет од 5,3 милијарди евра, а притоа бележи бум омиленоста на јогата. Само пазарот за облека за вежбање јога, според податоците на Глобал јога маркетс до 2022 година ќе порасне за 3,4 милијарди долари. Тоа е исто така резултат на хистеријата по духовна виталност.
За живот без стрес трговците сега нудат и т.н. бреинфуд, храна за мозокот. Супер храната веќе неколку години зачестено се користи, иако научниците сѐуште се неединствени во поглед на нејзиното фактичко дејствување.
Посебно омилени кај поклониците на здравјето се рецепти за супер храна или дури и цели книги за исхрана концентрирана на „хранење“ на мозокот.
Фирми како „Омни-биотик“ и „Бреинефект“ дојдоа на идеја да нудат т.н. пребиотици, кои наводно помагаат за „пребродување на стресни времиња“. Малите капсули дејствуваат со корисни бактерии и се сметаат дури за алтернатива за антидепресивните лекови. Затоа пак имаат и своја цена – верзијата од 100 грама чини околу 90 евра.
Предмети за сузбивање стрес
Наводно, и обични предмети од домаќинството можат да бидат пренаменети за намалување на стресот. Една од поиновативните идеи потекнува на пример од една калифорниска фирма, која произведува терапевтски покривачи.
„Гравити-јорганот“ поради поголемата тежина ветува „доволно закрепнување на телото и духот“ и значително намалување на нивото на напнатост. За таа цел муштериите треба да платат речиси 500 долари за покривач.
Да не ја заборавиме и козметичката индустрија. И тука одамна е детектиран факторот стрес како средство за зголемување на профитот. Антистрес кремови, маски за релаксирање, речиси да нема козметички производ од кого не постои и „релаксирачка варијанта“. Во прв ред поновите претпријатија ставаат акцент на здрава козметика, која ги опушта сетилата и по правило чини поскапо од „нормалната“ верзија. Дали овие производи навистина го имаат рекламираниот ефект, не е секогаш сигурно. Едно е јасно- козметичката бранша во ликот на младите потрошувачи ја потрефува токму онаа целна група фасцинирана од животниот стил „јога&компанија“.
Од внатрешниот немир значи профитираат пред сѐ новоформирани фирми со иновативни концепти. И додека притисокот врз психата натамошно се зголемува, за одделни претпријатја важи девизата: колку повеќе стрес, толку подобро
(issuu.com/absolutmedia/docs/azur-mn-en-1705)