Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БИЛЈАНА ИВАНОВСКА: СТАГНАЦИЈА ВО ЗНАЧАЈНА АКТИВНОСТ ЗА ОПШТЕСТВОТО

February 2, 2021 Filed Under: Македонија

Во соопштеието на  ДКСК се вели дека во земјава недостига ефикасност во борбата со корупцијата

СТАГНАЦИЈА: Во ДКСК сметаат дека оценката за корупцијата е дион есена врз голем број на индикатори

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешенел покажува дека, со освоените 35 индексни поени, Македонија стагнира во борбата против корупцијата, но едновремено бележи и пад од пет места на ранг листата на земјите.

Според методологијата, за оценката на Северна Македонија користени се седум извори на податоци, а според моменталните расположливи информации пад е забележан во областите на владеење на правото и на човековите права и слободи, соопштува Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со перцепцијата на корупцијата на Транспаренси Интернешенел.

– Она што навистина загрижува и што со години наназад се случува е недостигот на ефикасност во справувањето со корупцијата, иако декларативноста е секогаш високо изразена. Но за ефикасна борба покрај нормираниста и декларативноста неопходни се и адекватни ресурси на надлежните институции и надзорни тела и што е уште поважно, посветеност и проследување на случаите на корупција и судир на интереси. Влијанието на политиката, злоупотребите на службената положба и овластувања, непотизмот, клиентелизмот и кронизмот се сеуште широко распространети. Делувањето на ДКСК, покрај другите надлежности е особено насочено и во овие области кои се препознаени како високоризични и се дел од мерките утврдени во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, се вели во соопштението од ДКСК.

Нагласуваат дека за успешно завршување на детектираните случаи и надминување на воспоставените негативни состојби неопходна е и спроведливост на нејзините препораки, укажувања и иницијативи од страна на надлежните институции. Токму тоа е констатирано и препорачано и во последниот извештај на Европската комисија за напредокот од 2020 година, нецедуваат од Антикорупциската комисија.

Filed Under: Македонија

ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ
ОРБАН СО КОМПЛИКУВАН ИЗБОРЕН СИСТЕМ ПРОТИВ УНГАРЦИТЕ
АЛШАР КАКО РУДНИК ОД КАДЕ СЕ ГЛЕДА СОНЦЕТО
КАКО ГИ ЛАЖАТ ЛУЃЕТО ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА ЗА УБИЕНИТЕ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА

Најново

  • ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
  • КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ
  • ОРБАН СО КОМПЛИКУВАН ИЗБОРЕН СИСТЕМ ПРОТИВ УНГАРЦИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet