АНА ЧУПЕСКА
Особено важно е дека, освен со самиот процес на дигитализирањ ќе треба да заземе и вредносна, не само техничка позиција, за изградба на состојба т.н. дигитaлен хуманизам
Но, прв пат, имам впечаток дека конечно станува јасно – колку всушност ДОЦНИМЕ со разбирањето дека во тек не е 21-ви, туку 23-ти век во контекст на тековната рапидна дигитализација, развојот на информатичките системи и последиците од тоа – имено: бионадзорот, и надзорот воопшто; тргувањето со нашите податоци и интервенциите врз нашето однесување, следствено и третманот на ваквите деликти.
ЖАЛНИ И СУПЕР-БАВНИ ЖЕЛКИ, СИТЕ СМЕ ТУКА Затоа, од нас се бара да убрзаме со когницијата, со свеста, и со адаптацијата, т.е. да се интелегенизираме и да го промениме традиционалниот начин на размислување и на делување. Поточно, крајно време e да еволуираме во перцепцијата на безбедноста и одбраната на државата, и во врска со одбраната и заштитата на самите себе! Од нападите на неолибералните бионадзорни инстанци, пред сé. Да се заштитиме од тргувањето со нашите лични податоци, од симултаните интервенции врз нашето однесување преку дата трејдофи и стимулативните екстрасензонри клик-бајтерски дразби – кои секако не се бесплатни.
И претходно сум ги адресирала овие прашања, се разбира без некој посебен успех, но тука само би ја посочила колумната “За прогресивната агенда денес и дигиталниот хуманизам https://libertas.mk/progresivnata-agenda-denes-za-digitalniot-humanizam/”.
Упорно тврдам и инсистирам другарчиња, дека имаме сериозен проблем со разбирањето на контекстот во кој живееме.
Особено важна тука е улогата на СОЦИЈАЛ-ДЕМОКРАТИТЕ и какво е нивното разбирање на дигиталната трансформација – колку е прогресивна или не; колку е сензибилизирана за новите предизвици поврзани со купопродажбата на нашите податоци; со неолибералната логика на сé уште нерегулираниот пазар на податоци, со „бихевиоралниот сурплус” кој е нова точка на репродуцирање на најбруталната форма на капитализам! Каде е левото овде?
Сакам да кажам, соц-дем прогресивата има ДОЛЖНОСТ во овие услови да даде соодветен одговор на проблемите поврзани со дигитализацијата, а не само КОМПУЛЗИВНО ДА „ДИГИТАЛИЗИРА“
административни податоци и олеснува достапност на вакви или онакви услуги. Многу повеќе е потребно, особено во смисла на заштита на интегритетот на човекот и во смисла на одбрана од интервенции во однесувањето на луѓето преку дилови од тргување со личните податоци и сл.
Иако до пред некое време хибридните напади ги доживуваме како нешто многу оддалечено од нас или нешто што им се случува на „некои таму други држави”, сепак, нападот на ДИК пред некоја година, лажните закани за поставени бомби со кои се соочуваме последните шест месеци, актуелниов врз ФЗО – дефинитивно мора да ги вклучи сите аларми за градење: прво, на НАЦИОНАЛЕН САЈБЕР БЕЗБЕДНОСЕН СИСТЕМ како дел од националната безбедносна стратегија и второ, ова мора да ги следи и позициите за стратегијата за дигиталната трансформација. Вторава пак, особено важно е дека, освен со самиот процес на дигитализирање – МОРА ДА СЕ ЗАНИМАВА И СО ХУМАНИСТИЧКАТА ДИМЕНЗИЈА ПОВРЗАНА СО ТОА – а не „главом без обзира да дигитализира”. Или, ќе треба да заземе и ВРЕДНОСНА, не само техничка позиција, за изградба на состојба т.н. дигитaлен хуманизам.
Ова, како што неколку пати имам адресирано е сериозна дебата на ниво на ЕУ, a придружено е со препораки и прогресивното лево европско семејство го јакне нон стоп и е доста гласно.
РСМ патем важи за земја која има особено широко достапна и особено распространета интернет мрежа?! This is Wi Fi Country, ако се сеќавате на аеродромот имаше огромни табли Грујо што ги залепи. Но, дали оваа широкодостапност и распространетот, можеби значи дека на некој начин на ТРАКТОРИСТОТ сме му дале СУПЕР СОНИЧЕН АВИОН од најновата генерација да го лета? Или, можеби значи дека нашата мрежна, а со тоа и “дата отворeност” се, простете ми на изразот „РАШИРЕНИ НОЗЕ НА ИЗВОЛТЕ”?
И КОНЕЧНО, ШТО Е ОВА? По повод ФЗО, остануваат отворени прашања – дали ќе се откупи кражбата со крипто–средства? Но, уште поважно, дали ќе има истрага и локус на нечија одговорност, можеби?! Затоа што за ваков бионадзорен деликт – и – криптопазарење – не би смеела државата да остане нема и слепа.
А, за крипто-денарот, крипто-пазарот и крипто-мајнерите во земјава, истотака ќе треба да се продискутира јавно. Верувам, тоа ќе се случи , наскоро.