Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „Трилинг“ рече дека во декември ќе има преговори за датумите за претседателските избори и дискусија дали може изборите да бидат заеднички
СДСМ, како политичка партија имавме став да има одвоени избори, прво претседателски, па парламентарни, но го покажуваме демократскиот капацитет да разговараме со сите други политички политички чинители дури и со озицијата која не е научена дека треба да се седнува да преговара и разговара, нагласи Битиќи во интервју за емисијата „Трилинг“.
Битиќи не ја исклучи можноста за евентуално коалицирање, со ДУИ, Алијанса и со сите проевропски сили во нашат земја.Следните избори ќе биде битка помеѓу нашата европска иднина на нашата земја, иднината на наите деца, наспроти враќање назад некаде каде не знаеме која иднина ќе треба да ја избереме, порача потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи.
Алчноста е индивидуална категорија, која луѓето или ја имаат или ја немаат. Гледавме како никнуваат бели палати и различни објекти кои не вродија никаква придобивка за обичниот граѓанин, па констатацијата е таа. Дека алчноста на тие кои доаѓаат на власт за личен профит била нивен императив, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Трилинг“ на ТВ24.
Тој додаде дека сега Владата работи за да се подобрат работите кои останале како наследство од работењето без државнички капацитет во минатото.
„За жал, времето нe гази, а алчноста останува лична категорија. Затоа јас повикувам на лична, наспроти колективна одговорност“, истакна Битиќи.
Инаку, да се потсетиме, тој во Владата влезе како советник на премиерот, но во овој мандат доби многу повисока позиција – тој му е заменик на премиерот и задолжен за координација на сите економски ресори. Фатмир Битиќи сепак важи за човек кој доаѓа од бизнисот – претходно гласен критичар на практиката гласот на стопанството да не се слуша, сега вели дека работат само по слухот на засегнатите. Во интервју за Фактор мк ги открива сите детали за домашната економија од аспект на креаторите на политиките.
Според него Владата има чувство дека сторила многу во оваа економска криза. Битиќи вели дека со политиките спасиле најмалку 80.000 работни места, а да не биле мерките БДП ќе паднел за минимум двојно повеќе од сега. А во моментов анализите покажуваат дека годината ќе ја завршиме со проектираниот пад од 4,4 проценти. Најавува дека најверојатно повторно ќе има субвенции за плати, а се разгледуваат и консултираат и предлози за дури педесетина нови мерки во новиот петти пакет за помош на стопанството и на граѓаните, кои стигнаа од сите засегнати страни.
Битиќи на позицијата вицепремиер за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции го наследувате Кочо Анѓушев. Тоа место се смета како резервирано за човек од бизнисот. Анѓушев беше директен предлог, но и него во коморите ге сметаат како човек од нивна страна. Ноцинрите го прашуваат далу му се променилаи перцепцијата за носењето на одлуките.
– Многу интересно прашање и интересен вовед за тоа како сум дошол овде и мислам дека ова е несекојдневно, затоа што подолг период бев на другата страна, едно време пред да дојде на власт коалицијата СДСМ-ДУИ, јас бев доста гласен критичар на претходната власт особено за тоа „вклучување“ на тие кои треба да бидат слушнати. Јас зборував често, а малку се слушаше и малку имаше слух за нашите зборови. Сега секако сум во слична позиција – да ги слушаш или не. Јас од првиот ден укажав дека ако работите ги правиш ад-хок тогаш веројатно не си ја постигнал целта. Една држава не функционира со ад хок механизми. Или ќе поставиш систем или се што ќе направиш ќе биде вештачки. Инсистирам за да се консултираме со засегнатите страни. Пред две години беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Владата и стопанските комори и платформа за јавен приватен дијалог во која беа вклучени четири репрезентативни комори. Јас од прв ден реков дека оваа платформа треба да продолжи да функционира и притоа ќе воспоставиме систем секој последен петок од месецот во 10 часот да се собираме и да разговараме, без разлика на агендата. И тоа се покажува како добар механизам.
Вториот механизам е социоекономскиот совет во кој има претставници на работодавачите на синдикатите и Владата. Исто така еднаш месечно се гледаме и така тие се инволвирани во сите случувања. Сфатив едно време дека има една група луѓе која не е вклучена во овој систем, а тоа се експертите. Ако сме Влада која се грижи за човечкиот капитал кој е најскапоцениот ресурс, тогаш и луѓето што живеат во Северна Македонија, не заминале и ја сакаат оваа држава може да помогнат. Затоа ја иницирав платформата „За Татковината со љубов“ и поканив една група експерти која ќе се вклучи со свои предлози и ќе биде консултирана за дел од процесите. Затоа што јас верувам дека за луѓето кои ја сакаат државата тоа е бесценото. Дури и да сакаш да ги платиш овие експерти, реално да не можеш да ги платиш, затоа што тие тоа го прават првенствено поради љубов кон татковината. Поканив и истомисленици, но и неистомисленици – за да имаме подобри решенија. Го направив тоа затоа што некогаш чувствував дека од другата страна нема слух.
(користени се текстови од faktor.mk и од емисијата „Трилинг“)