Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БИТИЌИ: ВЛАДАТА НЕМА КАПАЦИТЕТ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ

November 18, 2025 Filed Under: Македонија

Очевидно е дека Мицковски и министрите целосно потфрлија во одење кон развој – парите не се умеат да се искористат а сега и не се планираат. Буџетот треба само да покрива тековни трошоци, да исплатува за ургентни потреби – смета некогашниот потпретседател на Владата

БИТИЌИ Пензискиотфонд за три години ќе стане неодржлив

Ова е потрошувачки Буџет затоа што 90% од буџетот е наменен за тековните расходи а само 10% се за капитални инвестиции кои треба да се двигатели на развојот, направен е преседан со намалување на капиталните инвестиции, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емсијата „Вин Вин“ на телевизија Телма.

„Ако оваа година, 2025-та, која е чиста година на владеачкото мнозинство, покажа дека има капацитет за 50 отсто спроведување на капиталните расходи, тоа значи дека овие 10 отсто ќе останат 5 отсто на крај на годината во 2026. Толку е капацитетот. И ако 90 отсто отидат во тековни расхови, затоа што таму не можеш да не ги трошиш, оти на секој први ќе дојде некој, ќе тропа и ќе рече „треба да се плати ова, сакал ти или не сакал“. Прашањето е за пет години од денеска каде ќе бидеме“, рече Битиќи.

Загрижува тоа што во тековната година има само 48% реализација на капиталните инвестиции, но вистинското прашање е зошто ги нема толку озборуваните проекти, додаде тој.

„Дури и направивме меморандум за соработка со Велика Британија во која што ќе ни отворат финансиска рамка од 6 милијарди, а тоа се да не заборавиме проектите во здравство, клинички центар Штип и Скопје. За нив се се издвоени само 3,5 милиони денари“, рече Битиќи.

Пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер за еконоски прашања додаде дека со оваа власт задолжувањето на граѓаните и на државата оди во опасна насока, дека власта се обудува тоа да го прикрива и запраша дали се ова реални проекции во буџетот?

Пршање е дали ова е вистина предлог буџет за 2026 или е предбуџет за 2026, увертира во реалниот буџет кој што ќе ни стигне на сите на маса во април – мај или јуни, рече Битиќи.

„Дали бројките за проекциите за следната година се вистинити? Дали дефицитот на буџетот е вистина 3,5% или 7% или е многу повисок? Дали во проекциите за јавниот долг во 2026 навистина ќе бидат под 60% или вистинскиот јавен долг ќе биде над 70%? Затоа што ако задолжувањето од 1,9 милијарди дојде веќе наредната година во април- мај не може да се скриете дека тоа не е дел од јавниот долг во нашата држава. А 1,9 милијарди на проценет бруто домашен производ е 12%. Владата може да купува време, да не го пријави одеднаш задолжувањето за коридорот 10 од 1,9 милијарди евра, но во 2028 ќе има буџетска дупка од две милијарди, која ќе ја плаќаат нашите деца.“  рече пратеникот на СДСМ: НОВИОТ БУЏЕТ НОСИ РЕКОРДНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ На последната комисиска расправа за финансирање на буџет, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи обвини дека предложениот буџет на Владата носи рекордно задолжување и историски најголемо плаќање камати.
„Во 2026 година јавниот долг ќе се искачи над 62% од БДП, со планирано задолжување над 120 милијарди денари и „рекордни 21,27 милијарди за камати“, посочи Битиќи.
Тој нагласи дека парите наместо во развојни проекти се топат во дефицитот.
„Од проектираните даночни приходи од околу 200 милијарди денари, наместо да завршат во училници, операциони сали, лаборатории, патишта и железници, тие ќе исчезнат во јазот на дефицитот и во каматите“, рече Битиќи.
КАДЕ СЕ КАПИТАЛНИТЕ ПРОЕКТИ? Тој укажа и на сериозно кратење на капитални проекти. Капиталните расходи се планирани на 40,2 милијарди денари, значително помалку од 47,3 милијарди во ребалансот за 2025.
Битиќи предупреди и на падот на странските директни инвестиции кои паѓаат од 570 милиони евра на 220 милиони евра.
„Средствата за општински инфраструктурни проекти се кратат од 6,3 милијарди на 2,6 милијарди денари, а во технолошко-индустриските зони има само 273 милиони денари. Исто така и евроинтегративните програми се кратат од 4,45 на 3,2 милијарди денари, што е јасен сигнал за оддалечување од ЕУ“ потенцираше Битиќи.
Тој оцени дека 2026 година е подготвена како популистичка или изборна година, со раст на тековните расходи и кратење на капиталните инвестиции.
„Пред нас имаме октроиран буџет на влада која абдицира од фискална дисциплина, транспарентност, инклузивен дијалог и развојна одговорност. Граѓаните заслужуваат да ја видат вистината. СДСМ ја повикува Владата да повлече ваков модел на волунтаризам и да изготви буџет кој ќе биде легитимен по постапката и развоен по суштината.“, посочи Битиќи.

ВЛАДАТА ТРУПА ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА, ПИОМ СТАНУВА НЕОДРЖЛИВ „Прашањето е за пет години од денеска кај ќе бидеме. При носењето на одлуката за линеарното зголемување на пензии во собранието укажав дека не можете буџетскиот дефицит во ПИОМ од 31% да го зголемите на 48% и да кажете ништо не се случува во државата. Морате на пензионерите, морате на сите млади, морате на сите генерации да им кажете дека зафаќањето којшто го правите со линеарното зголемување наспроти усогласувањето методолошки предвидено коешто на крај на денот ќе донесеше повеќе пари кај пензионерите а не само линеарно за сите, цената е дека за три години пензискиот фонд ќе биде неодржлив, истакна пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емсијата „Вин Вин“ на телевизија Телма коментирајќи го предложениот Буџет од страна на власта.

Тој нагласи дека владата не прави никакви реформи туку на сметка на тоа се трупаат партиски вработувања.

„Ако не направите вистински реформи во јавната администрација и упорно јавната администрација се трупа со нови партиски кадри, еве власта треба да одговори колкав е бројот на новата администрација во овие 18 месеци? Ако не ја кажат ќе ја кажува опозицијата колкава е цената за плаќање на партиските војници и каде тоа води. Клучот и одговорот е во реформската агенда, реформите што треба да се превземат, за да имаме одржлив буџет наредните години и во суштина држава којшто може да се справи со последиците, рече пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емсијата „Вин Вин“ на телевизија Телма.

Filed Under: Македонија

КAKO ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА МОЖЕ ДА ГО РЕШИ СВОЈОТ ДЕМОГРАФСКИ ПРОБЛЕМ
ВЛАДАТА ДО КРАЈ ЌЕ ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА КОМОРАТА ВО ВРСКА СО НАЈНИСКАТА ПЛАТА
ИВАН КРАСТЕВ: СTРАВОТ ОД ИДНИНАТА ЈА ПАРАЛИЗИРА ДЕМОКРАТИЈАТА
ИВОНА ВАСИЛЕВСКА – СТРУЖАНКА КОЈА СТИГНА ДО ВРВНИТЕ НАУЧНИ КРУГОВИ ВО СВЕТОТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (153): КАДЕ СЕ КРИЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА?

Најново

  • КAKO ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА МОЖЕ ДА ГО РЕШИ СВОЈОТ ДЕМОГРАФСКИ ПРОБЛЕМ
  • ВЛАДАТА ДО КРАЈ ЌЕ ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА КОМОРАТА ВО ВРСКА СО НАЈНИСКАТА ПЛАТА
  • ИВАН КРАСТЕВ: СTРАВОТ ОД ИДНИНАТА ЈА ПАРАЛИЗИРА ДЕМОКРАТИЈАТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet