Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БИТИЌИ: ДОЦНЕЊЕ ВО ПОРАСТ НА ДДВ ЈА ЗАГРОЗУВА ЛИКВИДНОСТА НА ФИРМИТЕ

October 22, 2026 Filed Under: Македонија

Во градежништвото 70 отсто се плаќа со компензации. Оние 100 милиони евра што му се должеа на стопанството во последните шест месеци од 2024 година, се претворија во половина милијарда евра помала стопанска активност следната година!

НЕЛИКВИДНОСТ Градежниците се неликвидни и затоа нивната активност стивнува

Поранешниот вицепремиер за економски прашања и актуелен пратеник од редовите на СДСМ, Фатмир Битиќи, ја критикува практиката на власта да го одложува повратот на ДДВ, велејќи дека сомнежите за криминал кои можеби надлежните институции ги имаат, не можат да се однесуваат на целиот бизнис-сектор.

„Не може целото општество да е криминално. Можеби еден процент имаат криминална намера“,вели Битиќи.
Прашан дали доцнењето со повратот на ДДВ е потврдено со податоци, Битиќи одговора дека бизнисмените ретко јавно зборуваат за проблемот. Тој ја спореди нивната воздржаност со периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски, кога, според него, компаниите почнале да зборуваат дури откако состојбата станала неодржлива.

Битиќи вели дека, додека бил вицепремиер, имал месечни средби со стопанските комори и дека постоела платформа за јавен и приватен дијалог. Според него, преку неа редовно се разгледувале проблемите на компаниите, но вели дека таква комуникација сега нема.

Тој проценува дека во различни временски периоди повратот на ДДВ што им доцни на фирмите изнесува меѓу 50 и 100 милиони евра. Ако, како што рече, во втората половина на 2024 година не биле вратени 100 милиони евра во рок од шест месеци, очекуваната последица следната година би била најмалку 500 милиони евра помала економска активност.

„Тоа значи помала ликвидност на компаниите. Ако постојано ги држите во проблем со ликвидноста, немаат што да инвестираат“,вели Битиќи.

Како пример, тој го посочува градежништвото каде, според разговорите што ги водел со компаниите, речиси 70 отсто од плаќањата се одвивале преку компензација. Наместо паричен надомест за договори што може да изнесуваат два или три милиони евра, фирмите добиваат станови, автомобили или друга стока, тврди ексвицепремиерот.

Според него, ваквата состојба може да придонесува и за растот на цените на становите.

Filed Under: Македонија

СЕДУМ ТОНИ МАРИХУАНА ШТО ЈА МИНАА ГРАНИЦАТА СО СРБИЈА ОСТАНАА ПРАКТИЧНО БЕЗ ЕФЕКТИВНИ ОБВИНЕНИЈА
MАКЕДОНИЈА НЕ Е НА ПРОДАЖБА
ПAТЕКИ  И ЗАБОКОЛУВАЊА НА ПОЛТИЧКОТО СОЗРЕВАЊЕ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА
СВЕТСКИ РЕКОРД НА МАТКА: ВРЕЛО Е НАЈДЛАБОКАТА ИСТРАЖЕНА ПОДВОДНА ПЕШТЕРА
ИРАН ЈА УНИШТИ ГЛАВНАТА АМЕРИКАНСКА БАЗА ВО КУВАЈТ

Најново

  • СЕДУМ ТОНИ МАРИХУАНА ШТО ЈА МИНАА ГРАНИЦАТА СО СРБИЈА ОСТАНАА ПРАКТИЧНО БЕЗ ЕФЕКТИВНИ ОБВИНЕНИЈА
  • MАКЕДОНИЈА НЕ Е НА ПРОДАЖБА
  • ПAТЕКИ И ЗАБОКОЛУВАЊА НА ПОЛТИЧКОТО СОЗРЕВАЊЕ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet