Во минатиот број пренесовме дел од интервјуто на некогашниот потпретседател на Владата, задолжен за економски прашања за реакцијата на Рацин.мк. Продолжуваме со втор дел од тој разговор за актуелни теми

Да се вратиме сега на некои прашања од непосреден интерес на граѓаните. Да зборуваме малку се растот на платите, за цените, за вашиот пристап, за вашиот поглед на овие работи. Овие денови, на пример, беше објавено дека во Црна Гора просечната плата го надминала психолошиот праг од 1000 евра и сега таа изнесува некаде над 1012, 1014 евра. За многумина тоа е резултат и на доброто спроведување на реформите на таа држава во однос на евроинтеграциите што практично се рефлектира и во однос на вкупниот економски аспект на државата. Дали ние можеме да научиме некои лекции во однос на Црна Гора за прашањето на евроинтеграциите?
– Сметам дека, да, и тоа многу. Прво по големина сме слични, Црна Гора и по население и по територија е помала, но е мала. И за нашата земја ние треба да кажеме дека сме мали. Ако аспирираме да влеземе.
Тоа укажува дека европските интергации, како процес, овозможуваат да се подобрат состојбите внатре. И економски, но и од аспект на владеење на правото. Процесот на преговарање може да биде многу брз ако се има желба за вистински да се направат промени. Црна Гора покажа дека тоа може да го направи. Не дека таму нема политички превирања, но, веројатно, прагматичноста е многу поголема. Но, и од економски аспект покажаа дека економијата може да се носи со реалните предизвици, а денеска предизвикот е како да се справиш со недостигот на работан сила и со зголемената продуктивност на постоечката работна сила. Таму секогаш факторот плата е еден од клучните фактори коишто овозможува да се зголеми продуктивноста. Тоа што го гледам и што, очигледно, не можеме да го разјасниме со сите чинители, а сегашната Влада има некој чуден начин како ги гледа овие прилики и затоа сметам дека платата како таква не треба да биде ствар на преговори, туку треба едноставно да одговара на потребите на сегашните и идните потреби на граѓаните.
Ако тоа е клучот како ги гледате работите, оние сами по себе ќе растат и приватниот сектор ќе биде поспремен за да плаќа затоа што човечките ресурси се секој ден сѐ пооскудни.
Сметам дека денешното немање повеќе желба и визија како да се справиме и со растот на минималната плата и со ценовните шокови коишто секојдневно ги гледаме, покажува дека визијата за справување и за конечно решавање на овој проблем не постои.
Затоа што никаде во светот, ако ги читате економските теории, не постои ваков раст на цени во услови на ниска инфлација. Сѐ е ова одраз, можеби, на манипулација. И државата овде е најповикана да одговори соодветно.
Тоа е исто како за еден прекршувач на правилата во сообраќајот. Он манипулира сио постоечките законски основи. Што правите со него? Или го казнувате, или оставате и последиците се да гинат луѓе.
Така е и во стопанството.
Ако правилата се јасни и некој манипулира со нив затоа што нашол простор, мала врата за сето тоа да го прави, за да профитираат одредени кругови, вие не може да останете како влада неми затоа што вие го имате механизмот. Ние уште повеќе затоа што сме прва земја на Западен Балкан во којшто оставивме закон, Законот за нефер трговски практики којшто само ако почне да се спроведува на конзистентен начин, цените ќе бидат намалени најмалку за 30%. Ќе се вратат назад.
А ние што гледаме сега? Секојдневни превирања. Немало капацитет, па каде тоа, кој ќе го спроведе… чекај, капацитети… Не, не, не. Владата има механизми. Денеска да почнат за седум дена ќе се стави ред. Само со спроведување на законот за нефер трговски практики. Не е природно да очекувате да Владата ги поддржува граѓаните за бојкот.
Ако Законот за нефер трговски практики се спроведува како што треба, цените ќе бидат намалени најмалку за 30%
Тоа сакав да ве прашам. Се најдовме во една ситуација парадоксална, Владата поддржува бојкотот, а ги има сите инструменти за за да се справи со таа појава.
– Јас таков феномен нема видено. Секоја Влада треба да поддржува демократски иницијативи, но кога ги има механизмите при рака да каже дека бојкотот е начинот како ќе направиш притисок на некој да ги ревидира цените, сметам дека е малце… Кога ќе ги исцрпи сите механизми, тогаш можеби, но пак, Владата не е таа што повикува на бојкот, не е природно, никаде во светот тоа го нема. Тоа е исто како денеска, бидејќи најсвежи ни се ситуациите од безбедноста во сообраќајот, да кажете организирајте демонстрации и протести затоа што ние не знаеме како, па вие ќе ни кажете. Не, не, не. Владата е затоа повикана, да се справува со ситуациите, па дури и кога треба да бидат ригорозни мерките ако тоа е начин на справување. Затоа што живото на луѓето е во прашање. Квалитетот на живото на граѓаните е во прашање.
Не може да кажете „ајде вие барајте го патот“. Па кого избраа граѓаните на избори?
Затоа сметам и нема да ме чуди, во одредено време, заради тоа што одредени иснтитуции, одредени министерства несоодвето или недоволно добро постапувале, да слушнеме за граѓанска непослушност кон тие институции од самата Влада, затоа што нема механизам како да ги натераат фиункционираат.
Тоа се навистина сериозни парадокси и апсурди и во овој контекст сакам да ве прашам, вие го начнавте, покажавте, индициравте дека има таков аспект, но да ве прашам конкретно – дали е наивно да веруваме дека во организирањето на трговската мафија има одреден интерес и политичката структура на власт? Дали е наивно да веруваме дека има некаква спрега меѓу овие структури?
– Видете, за тие што се занимаваат со политика знаат дека секогаш е возможно. Јас бев еден од тие кои иницираше пријава пред Кмисијата за заштита на конкуретноста кога имав дојави за евентуално организирање на одредени производители. И тогаш добив одговор дека тоа трае скоро година до две за да сето тоа се сузбие, се најде. И јас кажав тогаш дека тоа не личи на начин на функционирање на земја која што е аспирант за да влезе во ЕУ и тоа не се поврзува со европските вредности. Но тогаш ги немавме бројките и не можевме лесно да ги менуваме законските решенија затоа што опозицијата, сегашната позиција, често знаеше дури да работи кои се битни за граѓаните да опструира да бојкотира, блокира итн.
Сега имаме сосема нова ситуација, сегашната позиција може и да смени закон за 24 часа затоа што има бројки. Ние нема да опонираме за добри законски решенија кои што се нудат добри решенија за граѓаните. Но, гледаме дека немаат јасна слика како сето тоа се прави. Затоа ќе кажам дали може да постои? Сметам дека може да постои искрено, затоа што таму има одредени поголеми интереси, на крај на денот тоа се помали или поголеми профити и времето ќе покаже. Сомневање, претпоставки може сите да имаме, но мислам дека и граѓаните ќе сфатат многу брзо дека одредени работи се можеби заради одредени политички договори пред и после изборите.
Сакам уште една дигресија виз-а-ви позиционирањето на Владата во однос на платите. Сега скоро имаше повторно седница на ЕСС но непоредно пред таа седница премиерот Мицкоски лично рече дека како ќе се договарат синдикатите и работодавачите во врска со платата, тој така ќе постапи. Тоа е една позиција на тргање на страна, на неучество на тој трипартитен дијалог во кој Владата треба да има една активна улога?
– Во трипартнитниот договор има три партнери. Не можете еден од партнерите да каже таа не е моја битка, особено што еден од партнерите е еден од најголемите работодавачи во држвата. Скоро 20% од работното способно население, но и на вработените, работодавач им е Владата. Не може најголемиот работодавач да кажува, не знам, нека се договарат овие другите, па јас ќе видам јас ќе прифатам. Не, нема дијалог и затоа се вика економско-социјален совет во кој учествуваат три партнери, три страни. Работодавачи, приватници, Владата, креатор на политики и спроведувач на политики и синдикатите кои ги штитат интересите на работниците. Овие заедно треба да направат договор, но еве јас вчера кажав во една емисија, пак ќе повторам ние имавме таков еден предлог закон којшто го блокира претходната опозиција пред крајот на мандатот во која што буквално ќе одговорешено на потребите сегашни во кој предлог дозволувавме раст на платите со одредено субвенционирање на придонеси и со замрзнување на придонесите во одредени временски период. И мислам дека тоа законско решение нека го земат, нека го спроведат.
Владата нема да има никакви негативни финансиски импликации, луѓето ќе се одрекнат во име на поголеми нето плати да имаат помали придонеси платено во одреден временски период но тоа ќе го реши и со ценовните шокови и со притисокот кој го добиваме секојдневно од начинот на кој се поставуваат различните стопанственици и севкупниот пазар и сметам дека ќе дојдеме до тоа што би требало реално во државата да се дојде.
Јас сум кажувал, но и СДСМ цврство стои на ставот дека денеска плата од отприлика 30.000 минимална плата со притисок за сите други плати да растат е потреба, не е ни силење, не е нит барање нешто што не би требало да одговори, не бараме како викаат народски „не бараме преку леб погача“, туку е потреба на граѓаните затоа што такви се констелациите севкупни. Ако тоа не го направиме ние многу брзо ќе се најдеме во период во којшто нема веќе да имаме кој да работи. Тогаш било која мерка е нецелисходна.
(продолжува во следниот број)