Еве ќе ви кажам, поради тие закони кои ги имаме денес, имаме проект изготвен пре 6-7 години, финансиран од ЕБРД и средства од ЕУ. Решението кое ни го дале на маса имало три опции кои можеле да се изберат. Нашите познати архитекти и проектанти го избрале најдоброто решение за нив. Ама…
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, објасни денеска зошто проектот за изградба на коридорите има потребна од законски измени.
-Не слушам никаде да се дискутира еден момент. Зошто никој не праша зошто автопатското решение што „Бехтел и Енка“ ќе го гради е Гостивар-Бокојчани, Требеништа-Струга, а Бокојчани-Кичево како ќе се оди? По колски пат? Зошто тоа прашање никој не го постави? Еве ќе ви кажам, поради тие закони кои ги имаме денес, имаме проект изготвен пре 6-7 години, финансиран од ЕБРД и средства од ЕУ. Решението кое ни го дале на маса имало три опции кои можеле да се изберат. Нашите познати архитекти и проектанти го избрале најдоброто решение за нив. Но најдоброто решение поминува врз село Бокојчани. Значи автопат со 45 метри широчина при што треба да се дислоцираат 27 куќи и гробишта 400 години стари – рече Битиќи во интервју за ТВ21.
Мултинационална компанија како „Бехтел“, додаде тој, не може да си приушти да чека некој да се занимава со вакви ситници.
-На „Гугл мапс“ си седнале и проектирале, не излегле на терен. Законското решени тоа им го нуди. Ние сакавме пред 2 годин да го објавиме тендерот, но граѓаните реагираат – извинете, а како ќе ни ги дислоцирате гробиштата? Двете опции кои биле отфрлени биле подобри, поевтини и без никаква штета. Но некој ја избрал оваа траса – рече Битиќи.
Тој рече дека договорот не се објавува поради технолошкиот процес на самата компанија, и дека такви договори се потпишуваат меѓу Влади и големи корпорации.
-Договорот има клаузула за прифатливост и доверливост. Нема ништо да биде сокриено, секој детал и секој денар кој ќе биде потрошен ќе биде обзнаен пред граѓаните, за разлика од другите автопати кои се правеле во минатото – рече Битиќи.
Коридорите се нужни и требало да се изградат 20 години претходно, кажа вицепремиерот за економски прашања Фатир Битиќи во гостувањето во ТВ21.
Североисточниот регион во којшто поминува Коридорот 8, а го градиме од пред шест години е најсиромашниот дел во државата. А вториот најсиромашен регион е Полошкиот регион, додека трет е југозападниот регион кадешто исто така е предвидено да поминува коридорот. Со овој проект сакаме и економскиот развој да го поттикнеме, вели Битиќи.
Тој додаде дека од желбата да се почне што побргу за да се надокнади изгубеното време се прават грешки во објаснувањето на одредени работи.
Договорот којшто е потпишан има една клаузула, којашто вели „приватност и доверивост“ и тоа го има секој еден договор којшто се потпишува меѓу било која Влада и било која меѓународна мултинационална компанија, каде одредени делови што задираат во техничко-технолошкиот процес на самата компанија, да мора да останат доверливи. Замислете ние за вчера најавената инвестиција на „Јагео“ од Тајван, којашто користи одреден технолошки процес, да ги обзнаниме бизнис планот и формулите за продуктите кои тие произведуваат. Па тогаш сите ќе почнат да ги произведуваат тие продукти, рече Битиќи.
Според него секој денар што ќе биде потпишан за ова автопатско решение, за разлика од другите автопатски решенија ќе биде обзнанет на „Отворени финансии“ и граѓаните ќе можат да видат колку пари се трошат. Тој кажа дека договорот треба да биде јавен освен делот за технолошките можности кои на компанијата и даваат уникатна предност пред другите компании.