Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БИТИЌИ: ИНФЛАЦИЈАТА НЕ Е ОД ПЛАТИ И ПЕНЗИИ, ВЛАДАТА ПРЕФРЛА ВИНА

August 19, 2025 Filed Under: Македонија

Колку е реална тезата на премиерот МИцковски дека платите и пензиите се виновни за инфлацијата?

БИТИЌИ Имаме префрлување на вината за неуспешната економска политика врз сиромашнитње слоеви!

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, остро ги оспори тезите на премиерот Христијан Мицкоски дека инфлацијата е последица на зголемените плати и пензии. Според него, наместо реалните причини, Владата „ја префрла вината врз граѓаните“ додека цените растат побрзо од приходите.

Битиќи изнесе низа бројки за да го поткрепи ставот. Синдикалната потрошувачка кошница, вели тој, се зголемила од 61.855 денари во март на 65.328 денари во јули — скок од 3.473 денари — додека просечната нето-плата во истиот период пораснала за околу 1.033 денари. Минималната плата изнесува 24.379 денари и, како што посочи, била зголемена „еднострано, без социјален дијалог“, за 1.800 денари. „За јулската синдикална кошница се потребни речиси 2,7 минимални плати — двајца со минималец во едно семејство и пак нема доволно,“ порача тој.

Тој ги одби и тврдењата дека растот на приходите ја турка инфлацијата. Просечната пензија, рече, практично стагнира по еднократното мартовско зголемување од 2.500 денари. Годишната инфлација во јули достигнала 4,8 отсто, а кај основните намирници порастите се покрути: компирот +56,7%, житата и оризот +25,5%, зеленчукот +23,9%, овошјето и грозјето +15,4%.

Како структурни причини, Битиќи ги наведе нестабилните пазари, високите влезни трошоци, шпекулативното формирање цени и зависноста од увоз на струја — чиј увоз, според него, во мај бил зголемен за 25,9 проценти. Тој оцени дека Владата не нуди системски одговор и дека, наместо примена на Законот за нефер трговски практики „кој би можел да симне цени до 30%“, се води „политички маркетинг“.

„Обидот вината да се префрли на работниците и пензионерите е економски и морално погрешен, и политички срамен,“ рече Битиќи, додавајќи дека „цените не растат затоа што граѓаните заработуваат повеќе, туку затоа што недостига стратегија, се толерираат монополи и се живее со увозна зависност за основни добра.“

Filed Under: Македонија

ТРЕНЧЕВСКА: БУЏЕТОТ ЗА ГОДИНАВА Е ИНДИКАТОР ДЕКА ЌЕ ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
И ЛАНИ ПИШУВАЧИТЕ НА РОМАНИ БЕА АКТИВНИ
НЕУСПЕШНИОТ „САМИТ“  ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ АКТИВИРА ОБВИНИТЕЛСКИ АМБИЦИИ КАЈ ВЛАСТА
ЦРНА ПРОГНОЗА АКО САД ГО ЗАЗЕМАТ ГРЕНЛАНД
ЕВРОПСКИ ОСКАР: ГЛАВНИТЕ НАГРАДИ ЗА НОРВЕШКИ ФИЛМ

Најново

  • ТРЕНЧЕВСКА: БУЏЕТОТ ЗА ГОДИНАВА Е ИНДИКАТОР ДЕКА ЌЕ ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
  • И ЛАНИ ПИШУВАЧИТЕ НА РОМАНИ БЕА АКТИВНИ
  • НЕУСПЕШНИОТ „САМИТ“ ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ АКТИВИРА ОБВИНИТЕЛСКИ АМБИЦИИ КАЈ ВЛАСТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet