Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БИТИЌИ: ОД НОВАТА ВЛАДEЈАЧКА ГАРНИТУРА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

June 12, 2024 Filed Under: Македонија

Како е возможно лидер на опозиција да преговара заем, тоа го нема никаде во светот. Тоа не е начело на добро владеење, тоа е надвор од институционалното водење на државата – смета поранешниот вицепремиер а сегашен пратеник

БИТИЌИ Не може да се каже дека нема да има уставни измени, кога кај еден од коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ европските интеграции

„Имавме два клучни моменти во државата, кои не ми даваат воопшто причина да верувам дека ќе имаме добро владеење. Заклетвата на претседателката на државата беше непочитување на Уставот,  а изјавата на претседателот на Собранието беше непочитување на законите. Ако не почитувањето на Уставот и законите од највисоките претставници на власта е нормална појава, тогаш нивната одлика ќе биде непочитување на владеењето на правот“, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „Клан дебата“, која се емитува на ТВ Клан Македонија.

Тој се осврна и на најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за заем од една милијарда евра, кој го оцени како прекршување на начелото на добро владеење.

„Како е возможно лидер на опозиција да преговара заем, тоа го нема никаде во светот. Тоа не е начело на добро владеење, тоа е надвор од институционалното водење на државата, тој нема мандат да преговара за заеми далеку од очите на јавноста“, рече Битиќи .

Битиќи појасни дека не може да се каже дека нема да има уставни измени, кога кај еден од коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ европските интеграции на државата се поставени како услов.

„Очигледно е дека во политичка кампања може да се излаже било што, граѓаните ќе увидат дека ќе има уставни измени, Бугарите ќе бидат во Уставот, а можеби и  други, коишто и не се споменувале, како што се Грци, како и од други соседни земји. Сето тоа ќе биде направено под изговор за динамизирање на европските интеграции“, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „Клан дебата“, која се емитува на ТВ Клан Македонија.

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet