Нејиниот роден град по повоф овој 5 Ноември и одели награда за животно дело на познатата интерпретаторка ама и голем борец за заштита на жените заболени од најподмолната болест
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Битолчанката, Виолета Томовска, доајен на македонската народна песна е добитник на највисокото општинско признанеие, наградата “4ти Ноември” за животно дело, Одлуката ја донесе неодамна Управниот одбор за доделување на наградата за 2018 година. Наградата за животно дело за Виолета Томовска беше донесена едногласно со 9 гласа за, изјави Валентин Груевски, претседател УО за наградата.
Виолета Томовска (73) потекнува од музичко семејство. Основното образование го завршила во Битола, каде учествувала во сите музички секции во училиштето и свирела на мандолина, а подоцна станала и член на КУД „Илинден“ – Битола.
Во 1959година се запишала на Учителската школа во Скопје и се зачленила во КУД „Орце Николов“. Од 1959 до 1963 година. секојдневно вежбала клавир со нејзиниот вујко Благој Петров – Караѓуле и со нејзината тетка Блага Петрова – Видец. Уште од млади години, таа имала можност да работи со доајените на македонската музика. Во текот на својата кариеа, ги посетила сите земји каде што има македонски иселеници.
Во 1960 година настапила во радиоемисијата „Микрофонот е ваш“ и добила прва награда, што за неа претставувал поттик за понатамошна работа, а со тоа ѝ се остварила желбата да работи во Радио Скопје. Веднаш потоа, Александар Џамбазов за неа ја напишал песната „Пелистерски очи“ со која станала многу популарна.
Во 1961 година Виолета Томовска започнала да настапува со оркестарот на Радио Скопје, а во 1963 година, за првпат снимила песна во Холивуд, во филмско студио, песната „Судбо, судбино“. Наредната 1964 година, снимила плоча со ансамблот „Танец“ како дует Крнчева – Манчевски во РТВ Белград. За кратко време плочата станала хит (златна плоча), а тие двајца постанале ексклузивци на куќата. Снимила 15 сингл плочи и многу ЦД-а. Нејзини снимки од забавни и народни песни се наоѓаат во архивите на поранешното Радио Скопје, денес Македонско радио. Била омажена за познатиот македонски снимател Јордан Томовски – Франц (1941 – 2011)..
Томовска има богата музичка кариера во која испеала многу хитови и бисери на македонската староградска песна. Меѓу попознатите се хитовите: „Македонско девојче“, „Ој Вардаре македонски“, „Ми товарил Дончо“, „Песна ви пеам, Македонци“, „Молитва“, „Песната е дар од Господа“ и стотина други. Многу песни отпеала и во дует со Кирил Манчевски, Никола Бадев, Наум Петрeски и др.
Виолета Томовска е автор или коавтор на повеќе песни: За тебе се родив (со Кочо Петровски), Песна ви пеам Македонци (со Кочо Петровски и Ѓ. Белџигеровски),Мајко ле мила мајчице[.
Но, многу е значајна активноста во рамките на невладината организација
„Животна искра“, здружението на жени оперирани од малигни заболувања. Истото е основано во 1994 година. Круна на нивната долгогодишна работа и посветеност е добивањето медал за заслуги, со кој ги одликува претседателот Бранко Црвенковски. Беа наградени за исклучителниот придонес во областа на превенцијата и заштитата од малигни заболувања, особено за организирање и спроведување активности за унапредување на здравјето кај жените и подигнување на свеста за навремено откривање и современ третман на карциномот на дојката. Корените на приказната за почетоците на ова здружени потекнуваат од Словенија.
Виолета Томовска – претседателка и Теута Крашница-Чучкова – потпретседателка токму во Љубљана се оперирале од рак на дојка, а поддршката што ја добиле по операцијата од веќе оперираните жени од оваа болест била пресудна моделот на дејствување на тоа здружение да го пренесат и кај нас.
Изминатите години „Животна искра“ ги помина во знакот на кампањите „Слави го животот“ и „Надмудри го ракот – биди здрава жена“. Организирале околу 70 трибини и 50 работилници во руралните средини. Секоја недела нивните членки ги посетуваат новооперираните жени на Клиниката за тораковаскуларна хирургија и остваруваат контакти со пациентите во тој постоперативен период.
„Освен редовните средби со новооперираните пациентки, еднаш месечно имаме средба во Институтот за радиотерапија и онкологија, а остваруваме и контакти со жени кои ни се јавуваат и бараат помош од нас. Традиционално, секоја година имаме повеќе активности и за време на Неделата за борба против ракот на дојката во март и во октомври. Тогаш на жените им даваме пригодни подароци заедно со нашите пријатели и помагатели. Освен со Клинички центар, соработуваме и со медицинските центри низ земјава, каде што одиме на предавања и заеднички ги организираме нашите трибини. Отворивме врати за формирање многу асоцијации во другите градови, како што се Велес, Струмица, Свети Николе, Штип, Кочани, Прилеп, Битола, Пробиштип и со кои, всушност, заеднички се бориме. Се’ уште има многу заболувања, а тоа го дознаваме со посетата на новооперираните, чија бројка неделно изнесува од 11 до 15 жени, а бројот на годишно ниво е зголемен на 700 жени. За нашата земја тоа е голем процент“, вели Виолета Томовска, претседателка на здружението, која уште еднаш ја истакна поддршката на професорите и лекарите на терен и нивното несебично залагање за едукација на жените и подигање на нивната свест за грижа за сопственото здравје.
„Наша грижа е пациентките да имаат соодветна терапија според медицинскиот протокол утврден од лекарот, бидејќи мора да се води сметка за динамиката на примањето цитостатици. Не не’ интересира кој е производителот на лекот, туку да е соодветен. Реагираме по секоја жалба на пациентките кога нема да ја добијат соодветната терапија. Набавката на лекови не е наша работа, ние не сме менаџери во клиниката“, вели Томовска, која најчесто на пациентите им помага со обезбедување контакти за лекување во странство. Иако и кај нас има врвни лекари од оваа област, граѓаните кои можат да си дозволат најчесто се лекуваат во Љубљана, Париз и во Виена, но најголем проблем имаат социјалните случаи.
„Им помагаме околу контактите, но не можеме да ги обезбедиме средствата. Најмногу проблеми имаат социјалните случаи, кои откако ќе се оперираат, треба да си ги платат цитостатиците. Друг проблем се и младите оперирани жени кои сакаат да направат реконструкција на дојка и која Фондот ја смета за естетска хирургија, која сами си ја плаќаат. Фондот треба да ги намали сумите на имплантите за да им се даде можност на тие млади жени повторно да се чувствуваат сигурно, женствено. Во Македонија најмладото оперирано девојче има 19 години и сигурно дека на таквите случаи треба да им се даде таква можност, бидејќи повозрасната жена може да помине и со протеза“, објаснува Томовска, која вели дека поддршката на жените кои се соочуваат со оваа болест значи многу. Психата игра многу важна улога, па оттука оперативниот зафат многу подобро го поминуваат жените кои веќе имале средби со нив.
„Иако секое доживување е индивидуално, сепак, болните сакаат да го слушнат искуството на другите членки. Од тие средби се раѓаат и многу пријателства. Најважно е жената да сфати дека мора да си продолжи со вообичаените активности. На работното место не треба да се однесува трауматично и да ја обврзува околината за некој посебен третман. Нема потреба од затворање на вратата на старите пријатели, тој круг треба да се проширува. Лично во борбата против болеста многу ми помогна враќањето на песната, а има жени кои започнуваат да сликаат или да прават нешто што дотогаш не го практикувале“, завршува Томовска.
Фолк дивата Виолета Томовска е добитник на наградата за животно дело, која ќе и биде доделена утре, на јубилејното 25-то издание на Интернационалниот фолк фест „Филиграни“(кон крајот на годинешниот октомври).
Кога ја споменуваме наградата „4-ти Ноември“ да споменеме дека во неделата истата ја добија како признание за дногодишни потигнувања и уште неколку дејци. Така, едногодишна награда за достигнувања во областа на литературатa ја доби доцент д-р Александар Литовски, историчар. За едногодишно достигнување во областа на спортот, наградата му припадна на Јован Василев, ракометен судија, а за едногодишно достигнување во областа на науката и културата, проф. д-р Иван Додовски.