За изградба на пат долг 10 километри битолскиот градоначалник потрошил 283 милиони денари што е совевиден рекорд – километар улица чини 455.000 евра!
СДСМ и коалицијата бараат градоначалникот Тони Коњановски да даде отчет за потрошените над 11 милиони евра за само девет месеци во оваа година.
Во неговиот т.н. отчет наведено е дека се потрошени 283 милиони денари за капитални инвестиции и се изградиле 10 километри патна инфраструктура. По ова изгледа дека е поставен рекорд и еден километар улица чини 28 милиони денари или 455 илјади евра.
Уште пострашно е што од 11-те милиони евра што Коњановски ги потрошил, дури 6,5 милиони евра се дадени за разни трансфери и договорни услуги и стоки или таканаречени оперативни расходи.
Фактот што во отчетот на Коњановски нема никакви детали каде завршиле овие 6,5 милиони евра, буди сомнеж за крајно недомаќинско и неодговорно однесување кон парите на граѓаните. Парите на битолчани се трошат за разни трансфери, договорни услуги и наводната културна програма која полека заличува на пералница на пари, а општината се претвора во менаџерска агенција за концерти.
Според тоа како се однесуваат кон буџетот на општината, односно парите на граѓаните, Коњановски и екипата околу него се континуитет на Владимир Талески, а не на здравите политики на претходната локална самоуправа предводена од СДСМ.
Затоа советничката група на СДСМ и коалицијата како одговорна партија ќе инсистираат на вистински и сериозен отчет за потрошените пари на граѓаните на Битола, а не отчет за потребите на шпицниот градоначалник.
За таа цел, советничката група ќе поднесе Барање до градоначалникот Коњановски да достави целосен извештај за потрошените пари за култура и културни манифестаци во 2022 година. Извештајот да ги опфати сите трошоци за правни и физички лица кои по било кој основ се поврзани со организација и изведба на културните настани, со посебно издвоени трошоци за Бит фест.
Извештајот да се достави до советниците и како транспарентна општина да се објави на страницата на општината.
Граѓаните имаат право да знаат како градоначалникот ги троши нивните пари. Особено, кога гледаат дека Коњановски ништо не реализирал од својата изборна програма и единствено што прави е завршување на проектите за кои претходната локална самоуправа предводена од СДСМ остави подготвена проектна документација и обезбедени финансиски средства.
Градоначалникот Тони Коњановски се избламира со неразрешувањето на директорката на Средното Техничко училиште, Жанета Сервини, ниту за неа поведе дисциплинска постапка!
Се работи, да потсетиме, за сомнителната екскурзија на директорката и нејзиниот заменик во Бугарија која беше изведена без сомнение со корелација со ВМРО ДПМНЕ, кога беше изведена спорна манифестација на отворање на културен центар во Благоевград, што во тотал значеше не е во интерес на нациоалните интереси на Македонија, ниту пак со менаџирањето со образованието.
Директорката Жанета Сервини најмалку два пати самата се фати во лаги кои не доликуваат на просветен работник и раководител на образовна институција – вели Мирјана Захариева Ралевска, советничка во Советот на градот. – Прво, директорката излажа дека ги повела учениците во Бугарија за да најде партнери за Еразмус програмата. Националната агенција за образование потврди дека ниту Техничкото училиште, ниту институцијата каде директорката беше во посета, се дел од Еразмус мрежата. Потоа, Сервини излажа дека била во Софија во приватна режија, за на крај да испадне дека ученици немало, а фотографиите од сите медиумски пишувања во Бугарија чудесно да изчезнат. Вистината ќе ја утврдат надлежните институции кои постапуваат, но во меѓувреме, Коњановски како претпоставен на директорката Сервини мора да постапи, да ја разреши и да поведе дисциплинска постапка.
Градоначалникот Коњановски да не се крие зад паушални изјави во кои го оправдува однесувањето на директорката на Средното Техничко училиште во Битола. Негова должност и обврска е да го штити реномето на институциите во негова надлежност и да назначи квалитетни кадри кои со нив ќе раководат. Техничкото училиште Ѓорѓи Наумов има над 60 години традиција која не смее да биде загрозена од никого, особено не од раковдниот тим и градоначалникот на Битола.