Профеосорот смета дека СДСМ владее салонски, се отуѓува од Народот, додека ДУИ е предолгона власт, цели 20 години
ЛИЛИЦА КИТАНОВСКА
Во евроатланските интеграции се движиме во добра насока, но има многу што да се направи во сферата на економијата, оценува политичкиот аналитичар проф.д-р Мерсел Биљали во интервју за Гласот на Америка на македонски
„Позитивно е што и во внатрешниот и во меѓународниот амбиент, како и во регионалниот, мислам дека сепак се движиме во добра насока, особено кога се во прашање евроатланските интеграции кои се од витално, егзистенцијално значење за нашата држава. Тоа се движи во добра насока. Нормално дека има многу што да се направи, особено во сферата на економијата“, вели политичкиот аналитичар проф.д-р Мерсел Биљали во интервју за Гласот на Америка на македонски.
Тој посочува дека своите оценки ги базира врз основа на расположението на луѓето да ги поддржат тие постапки за кои, како што вели, се мислеше дека секој политичар кој ќе настојува да ги решава ќе заврши многу лошо.
„Тоа не се потврди. Јас мислам дека овој резултат што го имаме повеќе е некакво незадоволсто од премногу затвореност на СДСМ, што знае салонски да владее, што е лошо. Значи треба да биде поблиску до луѓето, со нивните проблеми, да им помогнат колку што можат, ако не можат да им објаснат, а не да им ги затворите телефоните.
Тоа е многу лошо“, вели Биљали, кој посочува дека ДУИ се предолго на власт.
На прашањето дали дел од албанското гласачко тело апстинираше на изборите, Биљали смета дека реалноста е поинаква.
„Не, напротив, мислам дека во голем процент се излезени, но мора да се согласиме со реалноста што државата или власта не ја знае, дека голем дел од младите и тие кои се во средни години се заминати надвор. И тоа посебно овие четири – пет години. Значи, масовно. Можам да кажам дека во моето Чегране, каде што според евиденцијата има околу 9000 жители реално нема ни 3.000“, вели Биљали.
(ВОА њуз)