Придобивката за пациентите – а особено на децата – од можноста да се лекуваат многу различни видови на рак со еден лек е потенцијално голема и им помага да имаат подолг и поздрав живот, смета шефот на британското здравство, Симон Стивенс
Нов вид „револуционерен“ лек за рак кој може да лекува голем број тумори е одобрен за употреба во Европа, пишува Би-Би-Си.
Новиот лек е тестиран од британските лекари, ларотректиниб, има потенцијал да лечи повеќе пациенти и да ги намали несаканите ефекти. Наводно, овој медикамент може да се користи за сите тумори кои носат специфична генетска абнормалност што лекот ја таргетира.
„Придобивката за пациентите – а особено на децата – од можноста да се лекуваат многу различни видови на рак со еден лек е потенцијално голема и им помага да имаат подолг и поздрав живот“, рече шефот на британското здравство, Симон Стивенс.
Меѓу првите пациенти кои ја пробале новата дрога е и двегодишната Шарлот од Белфаст, на која му беше дијагностицирана детскаи фибросарком. Туморот на оваа девојка е предизвикан од генетска абнормалност позната како фукција на генот NTRK. Еден дел од нејзината ДНК случајно се спои со друг и промената на генетскиот код на нејзиното тело доведе до раст на ракот. Но, ваквите генски фузии се случуваат и кај некои карциноми на мозокот, бубрезите, тироидната жлезда и други видови на рак.
„Тоа е навистина возбудлива работа и се работи на широк спектар на тумори, не ограничувајќи се на еден“, изјави д-р Џулија Кишолм, консултант за детски тумори во болницата Ројл Марсден, за Би-Би-Си.
Појавата на овој нов вид на лекови може да означи промена од третманот на „карцином на дојка” или „рак на дебелото црево” или „рак на белите дробови” кон прецизниот лек кој го искористи генетскиот систем на тумори на секој пациент.