Соединетите Држави и Германија заедно ќе се борат против негирањето на холокаустот и против антисемитизмот, активност која според државниот секретар Ентони Блинкен ќе „осигура дека сегашните и идните генерации ќе научат за и од холокаустот“.
Соединетите Држави и Германија заедно ќе се борат против негирањето на холокаустот и против антисемитизмот, активност која според државниот секретар Ентони Блинкен ќе „осигура дека сегашните и идните генерации ќе научат за и од холокаустот“.
Зборувајќи во четвртокот пред Споменикот на убиените Евреи во Европа кој се наоѓа во Берлин, Блинкен рече дека негирањето на холокаустот и антисемитизмот одат рака под рака со хомофобијата, ксенофобијата, расизмот и други форми на дискриминација и стануваат „обединувачки повик на оние кои сакаат да ги урнат нашите демократии“.
„Поради тоа ние мора да најдеме иновативни начини да ја заживееме историјата на Холокаустот, не само за да го разбереме минатото туку за да имаме насоки за сегашноста и иднината“ рече Блинкен.
Тој и германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас потпишаа документ за партнерство. Блинкен рече дека двете влади ќе работат на зајакнување на образованието и против негирањето, ќе им помогнат на младите луѓе да ги разберат Холокаустот и антисемитизмот.
„Овој дијалог ќе помогне да се сетиме дека се може да биде загубено, но исто така ќе ни помогне да видиме се што може да спасиме доколку, ако одбереме да се спротивставиме“ рече Блинкен.
Претходно, во четвртокот, Блинкен и либискиот преоден премиер Абдулхамид Дадаиба разговараа во Берлин на маргините на меѓународната конференција во чиј фокус е поддршката за транзиција на Либија кон стабилна власт.
„Многу сум задоволен што ве гледам, го гледам министерот за надворешни работи, делегацијата, особено по вчерашниот добар ден кој ја покажа силната поддршка од меѓународната заедница и Обединетите Нации за Либија да има силна, позитивна иднина како обединета, независна и стабилна земја без странско влијание“ рече Блинкен на почетокот на состанокот.
На конференцијата која се одржа во средата, а чии домаќини беа Германија и Обединетите Нации имаше претставници од 17 држави кои ја изразија својата силна поддршка за националните избори во Либија кои се закажани за крајот на декември.
Холокауст (на хебрејски: השואה Ха-шоа) е термин кој се користи за масовното систематско убивање на околу шест милиони европски Евреи, во текот на Втората светска војна, од страна на нацистичкиот режим во Германија, предводен од Адолф Хитлер.
Овој режим исто така масовно убивал и други народи и групи на луѓе, како: Ромите, Словените, хомосексуалците, хендикепираните, итн.
Зборот Холокауст потекнува од старогрчката кованица holocauston [(ὁλοκαύτωμα, holokáutoma): (ὅλος) holos-целосно, (καῦσις) kausis, causton-палење)] и се користи за да го опише убивањето на околу шест милиони европски Евреи во текот на Втората светска војна, како дел од програмата за планско и методско уништување на Евреите и некои други народи од страна на Адолф Хитлер.
Се започна со бојкотот на еврејските продавници и заврши со гасни комори во Аушвиц, во намерата Адолф Хитлер и неговите следбеници да ги истребат Евреите и другите “неариевци” низ Европа, а подоцна и Светот. Во јануари 1933 година, по десетгодишна политичка борба, Адолф Хитлер дојде на власт во Германија. Додека неговата моќ растеше, тој континуирано ги обвинуваше Евреите за поразот на Германија во Првата светска војна и за економските тешкотии со коишто таа се соочи потоа. Во јавноста, тој ја пласираше расната теорија, според која Германците со светол тен, плава коса и сини очи се супериорна човечка раса, владеачка раса, а спроти нив се Евреите, кои коваат светски заговор со што се обидуваат да ја оттргнат германската раса од позициите во светот што им припаѓаат и да владеат со светот.
Во тој период, Евреите беа едвај еден процент од тогашната 55 милионска германска популација. Германските Евреи во тоа време беа космополити и горди што се Германци по националност, а Евреи по религија. Тие живееа во Германија со векови. Тогаш, како и сега, важеа за интелигентни луѓе со успеси во многубројни професии.
Меѓутоа, германската држава, водена од нацистичкиот режим, со Законот од Нирнберг (1935) најпрвин го забрани бракот меѓу не-Евреи и Евреи и со што Евреите беа отстранети од училиштата како професори, им беше забрането да обавуваат јавни професии, да служат во војската, па дури и да седат на иста клупа во парк со не-Евреи.
Во исто време, добро организираните активности на Министерството за пропаганда на министерот Јозеф Гебелс ги претставуваше Евреите како непријатели на Германија и германскиот народ. Секој ден, по весниците се објавуваа натписи против Евреите, а ѕидовите се облепуваа со антисемитски постери.
Во март 1938 година, Хитлер ги прошири границите на Германија, прогласувајќи припојување (аншлус) на Австрија. И таму Евреите ги изгубија своите основни човекови права. Како и во Германија, беа приморувани на јавна работа зачинета со потсмев под будното око на германската нацистичка младина.
Како кулминација на се, т.н. Ноќ на скршеното стакло (Кристална ноќ), ноќта на 9 спрема 10 ноември, кога 17-годишниот Хершел Гринцпан го уби германскиот амбасадор во Париз, Ернст фон Рат, се смета за официјален почеток на холокаустот.
Користејќи ги аргументите на ова убиство, нацистите го оправдуваа првиот Прогон против Евреите. Истата ноќ, деведесетина Евреи беа убиени, над 500 синагоги беа запалени, а скоро сите излози по продавниците на Евреите беа искршени. Веднаш потоа, се случи првото масовно апсење на поголема група Евреи, околу 25.000, кои беа однесени во концентрациони логори.
Следните неколку недели, огромни бранови на бегалци ја напуштаа Германија, во обид да се спасат, но наидуваа на незаинтересираност од западните земји и Америка. Таков е примерот со бродот Св. Луис, со околу 1000 Евреи, кои, откако биле одбиени да се укотват во Куба и САД, биле приморани да се вратат назад во Германија.
Во говорите на Хитлер, тој ги обвинува Евреите за поразот во Првата светска војна, како и предупредува дека ако не престанат странските финансирања на Евреите, Европа нема да треба да се плаши од болшевизација, туку од претворање во еврејски континент. Тој се обидувал да ги обвини Евреите за лошата економска состојба во земјата, со намера да добие огромна поддршка од германскиот народ. Испровоцирани од неговите говори, тие се придружувале кон германската нацистичка војска. Војната започна на 1 септември 1939 година, со нападот на Германија врз Полска, земја која беше дом на три милиони Евреи. По брзата победа над Полска, Хитлеровата администрација ги оформи Еврејските гета во Лоѓ, Краков и Варшава.
Била забранета секаква комуникација на Евреите од гетата со останатиот дел од светот. Илјадници умреле бавно од глад и болести. Наскоро, гетата потпаднале под администрација на Хајнрих Химлер, водачот на нацистичките СС сили, Хитлеровата најлојална организација, составена од фанатични млади Германци од чиста раса, според наци-стандардите.
Пролетта 1940 година, Химлер наредил градење на концентрационен логор близу полскиот град Освик, преименуван од нацистите во Аушвиц, со намера да се изолираат полските затвореници и да се обезбеди бесплатна принудна работа.