Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БЛУМБЕРГ: ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ ЗА МИГРАНТИТЕ

June 10, 2025 Filed Under: Македонија

Администрацијата на Трамп побара од Србија да прифати мигранти депортирани од САД

ДА СЕ ПРЕКИНЕ ПАТЕКАТА Западот сака сите свои несакани мигранти да ги репатрира на Балкант бидјеќи репатрацијата во местото од каде што доаѓаат е – нерационална и правно несигурна

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп бара од Србија и другите балкански земји да прифатат мигранти депортирани од САД, објавува Ројтерс, повикувајќи се на Блумберг. Барањето до балканските земји е дел од пошироката американска стратегија за пронаоѓање странски влади кои се подготвени да прифатат депортирани мигранти, пишува Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори, но не прецизирајќи за кои други балкански земји станува збор.

Белата куќа, Стејт департментот и Министерството за надворешни работи на Србија сè уште не ги коментираа наодите на Блумберг.

Во мај, Врховниот суд на САД ѝ дозволи на администрацијата на Трамп да го поништи привремениот правен статус на стотици илјади мигранти од Венецуела, Куба, Хаити и Никарагва кои живеат во САД.

Властите сега бараат потенцијални дестинации за тие мигранти на кои можат да бидат депортирани, според Блумберг.

Тие исто така наведуваат дека Србија е важна за семејството Трамп поради облакодерите во Белград што ќе ги гради инвестициска компанија, чиј еден од основачите е зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер.

Во март, Белград го посети синот на американскиот претседател, Доналд Трамп помладиот, кога се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп го посети Белград во средината на предизборната кампања во САД во септември минатата година. Трамп помладиот потоа организираше вечера за група бизнисмени во хотел во центарот на Белград.

Во меѓувреме германски суд ги блокира плановите на Мерц за справување со несаканата имиграција. Намерата на новата германска влада веднаш да започне агресивно да ја потисне несаканата имиграција беше попречена од одлуката на Административниот суд во Берлин, кој пресуди дека враќањето луѓе без отворање на постапка за азил е нелегално.

Пресудата на судот во итна постапка е сериозен удар за канцеларот Фридрих Мерц, кој дојде на власт со ветување дека ќе се справи со нерегулираната имиграција, пренесува ДПА. Откако ја презеде функцијата минатиот месец, министерот за внатрешни работи Александар Добринт ѝ нареди на полицијата да почне да ги враќа нерегуларните мигранти, дури и ако тие поднеле барање за азил.

Во првиот случај поврзан со новата миграциска политика, Административниот суд пресуди во корист на тројца Сомалијци, кои беа вратени во Полска од Франкфурт на Одра на 9 мај, иако поднеле барање за азил. Како основа за молскавичното протерување, полицијата наведе дека тие „пристигнале во Германија од безбедна трета земја“.(!). Според пресудата, таквиот третман претставувал кршење на германскиот закон за азил и германските власти требало да постапат според правилата на таканаречениот Даблински договор. Тој договор не дозволува едноставно враќање на луѓето, туку ги обврзува членките на ЕУ да започнат комплицирана, долга постапка за префрлање на мигрантите во првата земја од блокот во која влегле.

МИГРАНТИ Британија му даде идеја на Трамп за неговата битка со меигрантите

Судот ја отфрли проценката на владата дека треба да ги суспендира Даблинските правила поради „вонредна состојба“, утврдувајќи дека нема „доволни докази за закана за јавната безбедност и ред“. Германија мора да ја примени Даблинската регулатива во секој поединечен случај, рече судот, забележувајќи дека ова не значи дека на мигрантите им е дозволено да влезат во Германија, бидејќи властите можат да ги вратат од границата.

Инаку, и конзервативната влада на Грција денес објави нови ограничувања на својата миграциска политика за да ги обесхрабри долгорочните престојувања на недокументираните мигранти.

Министерот за миграција Макис Воридис вети дека ќе го укине законот што им дозволува на нелегалните мигранти да аплицираат за дозвола за престој по седум години во земјата. Според нацрт-законот што вчера беше презентиран на владата, нелегалниот влез и престој ќе бидат казниви со затвор до пет години, рече Воридис.

„Треба да има казни за оние што продолжуваат да престојуваат во земјата ако немаат право на тоа“, рече Воридис, кој предводеше крајно десничарска партија пред да се приклучи на владејачката конзервативна партија Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакис.

Колку подолго трае нелегалниот престој, толку поголема ќе биде казната, предупреди министерот.

„Отсега, секој што е нелегално во Грција никогаш нема да има регулиран статус и никогаш нема да добие дозвола за престој“, додаде Воридис.

Според него, помеѓу 55.000 и 65.000 луѓе влегуваат нелегално во Грција секоја година, од кои половина добиваат азил. Минатата година, полицијата уапси 74.000 нелегални мигранти, но само 2.500 беа депортирани. Административниот притвор пред протерување ќе биде продолжен на максимум две години, во споредба со сегашните 18 месеци.

Мигрантите без дозволи за престој ќе можат да изберат доброволна репатријација за да избегнат какви било санкции. Откако дојде на власт во 2019 година, владата на Киријакос Мицотакис ги заостри контролите на копнените и морските граници на Грција, една од главните порти кон Европа за луѓето што бегаат од војна и сиромаштија, главно од Азија, Африка и Блискиот Исток.

 

Filed Under: Македонија

БЛУМБЕРГ: ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ ЗА МИГРАНТИТЕ
ДАЛИ ДА ГЛАСА ДИЈАСПОРАТА НЕ Е ВИСТИНСКОТО ПРАШАЊЕ
ЖИЖЕК: ДАЛИ СТЕ СВЕСНИ ДЕКА ДЕНЕШНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ СТАНУВААТ СЕ ПОГЛУПАВИ СЕКОЈ ДЕН!
ЦРНОБУКИ ГО ПРИВЛЕКУВА ИНТЕРЕСОТ
КОГА БИЗНИС И ПОЛИТИЧКИТЕ МОЌНИЦИ СТАНУВААТ УРЕДНИЦИ: ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ КАМЕРИТЕ?(1)

Најново

  • БЛУМБЕРГ: ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ ЗА МИГРАНТИТЕ
  • ДАЛИ ДА ГЛАСА ДИЈАСПОРАТА НЕ Е ВИСТИНСКОТО ПРАШАЊЕ
  • ЖИЖЕК: ДАЛИ СТЕ СВЕСНИ ДЕКА ДЕНЕШНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ СТАНУВААТ СЕ ПОГЛУПАВИ СЕКОЈ ДЕН!

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet