Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БНТ ФАЛИРАШЕ

June 17, 2019 Filed Under: Свет

Пропаста на јавниот дифузер се должи на енормно скапи проект меѓу кои се издвојува оној „Стани богат“

ВЕНЦИСЛАВА АНТОНОВА  АЛЕКСЕЈ ЛАЗАРОВ

КОНСТАНТИН КАМЕНАРОВ Поевтино е на секој гледач да му купам билет за да гледа натпревар, отколку да организирам пренос

„Секој ден открива нешто ново“.- вака еден од истражувачите ја опишува состојбата со финансиите во БНТ. Тој е сега службеник на привременото раководство и на Советот за електронски медиуми (СЕМ), концентрирани на загубите на оваа куќа. Засега е јасно дека БНТ никогаш немала толкави загуби. Дури и покрај фактот дека негативната бројка не е целосна. Според завршните сметки БНТ кон крајот на 2017 година била задолжена 3,4 милиони евра, половина година подоцна имала загуба од 4,3 милиони евра, а на крајот на 2018 година над 18 милиони евра. Но, само неколку месеци подоцна синдикатите во телевизијата испечатија документ од каде се гледа дека медиумот е во долг од „над 17,5 милиони евра“ ама со два други извори таа сума иснеесува цели 25 милиони евра. Годишниот буџет на БНТ – државните субвенции и приходите од реклама се за 2018 година речиси 38 милиони евра што треба да значи дека БНТ е самоодржлива.

В.д. управителот на БНТ Емил Коштјуков, не сака да коментира. Од една страна како десна рака на екипата на Константин Каменаров тој има соодговорност за ситуацијата. Од друга страна тој веќе напиша барање за учество на конкурсот за регуларен диеректор. Од трета страна, кога јавноста ќе ја дознае вистинската сума на загуби другите кандидати може да се откажат. Идниот директор секако ќе треба да смалува од персоналот, но и да смалува од платите на вработените.а тука се проблемите со надворешните соработници и копродукциите.

КОНСТАНТИН КАМЕНАРОВ Поевтино е на секој гледач да му купам билет за да гледа натпревар, отколку да организирам пренос

Неволјата е во тоа што најголем дел од загубите (половината) ги прави компанијата која е сопсственост на НБТ и таа ги открива нејзините дубиози – тврди поранешната директорка Вера Анкова. Почетната идеја била преку втората компанија – НУРС, да се добие втор извор на дотации од државата! Ама тука очевидно не одело како што е планирано.
Според три извори на софиски Капитал (двајца инсајдери и еден Министерството за финансии), постојат четири основи за создавање на загуби:

  • зголемување на расходите по основ на внатрешни продукции;
  • преголеми закупи на спортски правци;
  • неекономско зголемување на платите на вработените;
  • откуп на енормни филмски пакети;

Пример за тоа како се зголемувани тропоците на БНТ се внатрешните продукциски производи, како што е серијата „Стани богат“. Ова инаку беше дел од новите програмски решенија за зголемување на рејтингот на Константин Каменаров. Факт е дека гледаноста навистина скокна, ама по која цена? Бидејќи се покажа дека тоа не е интерен производ, тук има ангажмани на многу лица однадвор. Па цената која официјално требаше да биде 11 илјади евра стана 2,15 милиони евра! Секој ден за спортската емисија „Спортисимо“ се трошат по 2.500 евра а за емисијата по готвењето на Ути Бочварот по 4.000 евра. Месечно за споменатите емисии БНТ троши по 350 илјади евра. И секако тоа не е се.

ВЕРА АНКОВА Поранешнта директорка смета дека фактот што БНТ има фирма во своја сопственост каде се префрлуваат загубите сега дава „резултати“

Во друга прилика Каменаров, лут за парите кои се трошат на спортски настани, што никој не ги гледал, изјавил дека е поевтино да им купи билети на секој гледач што сака да гледа меч отколку да врши пренос! Станува збор за преноси од локален тенис, преноси од шведско или португалско првенство, или преноси од лесна атлетика.
Константин Каменаров говори дека слична е положбата со македонската  МРТВ, но и во јавниот сервис во Чешка или Романија. Сепак во Софија е обратно – се троши „колку што треба“ а отпосле се бараат тие потрошени пари.

 

Filed Under: Свет

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet