Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БОГОЈЕСКИ: КАДЕ СЕ ЧУЛО И ВИДЕЛО ОБВИНЕТИ ДА ПРЕГОВАРААТ И ДОГОВАРААТ ЗА ИДНИНАТА И СУДБИНАТА НА ОБВИНИТЕЛИТЕ?

September 3, 2019 Filed Under: Македонија

Каде се чуло и видело, политички партии како на пазар да се пазарат за владеењето на правото во земјата?!?

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ

БОГОЈЕСКИ Во нормална држава изработка на закон за јавно обвинителство би требало да ја прават најистакнати домашни и странски правни експерти

– Каде се чуло и видело, обвинети во истражна постапка да преговараат и договараат за иднината и судбината на обвинителите кои ги обвиниле?!? Каде се чуло и видело, политички партии како на пазар да се пазарат за владеењето на правото во земјата?!? Каде се чуло и видело, обвинители и тоа специјални, да се на средина и организатори на корупциски и мафијашки скандали?!? Каде се чуло и видело, мафијата / империјата да е посилна од државата / Републиката?!? Каде се чуло и видело, закон изготвен од правни експерти да биде предмет на поткусурување на мафијата и да чека одобрување од истата таа мафија?!? Каде се чуло и видело, политичка партија да преговара за укинување на кривични постапки за обвинети лица?!?, прашува Богојески.

Според него, во нормална држава изработка на закон за јавно обвинителство би требало да ја прават најистакнати домашни и странски правни експерти. Како што вели Богојески, нормално би било и:

– Донесување на тој закон во Собранието без никакви политички пазари, едногласно од сите политички партии.
-З асегнати политички партии со криминални афери, први даваат поддршка на новиот закон и истакнуваат дека својата невиност, во која се убедени, ќе ја докажат пред Судот!
– Институциите на државата дејствуваат, по итна постапка расчистуваат со бандитите, јасна е дистинкцијата помеѓу правдата и мафијата, граѓаните се спокојни и со полна доверба во институционалниот капцитет на Републиката.
– Владеењето на правото е бескомпромисно, а на тоа инсистираат граѓаните!
Во услови кога тоа е загрозено на улиците на главниот град на Републиката излегуваат и протестираат 50% од населението во земјата. Од тоа политичарите имаат страв во коски и не помислуваат да тргуваат со правдата!, смета Богојески.

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet