Претседателот на САД мета дека демократите брза со импичментот ама сега го олабавиле темпото и сакаат што подолго да го држат на отстрел! Како ќе се одвива постапката во Сенатот?
Претседателот на САД реагираше пред Нова година на Твитер за постапката на импичмент; спикерката на Претставничкиот дом вели дека одредбите за импичмент нема да ги испрати во Сенатот додека не се договорат правилата.
Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на постапките на демократските законодавци во врска со импичментот додека легислативата е во мирување пред судењето во Сенатот.
„Радикалната левица, демократите кои ништо не прават, кажаа дека сакаат брзо се` да помине низ Сенатот зашто Претседателот бил опасен за националната безбедност. Сега не сакаат брзо, сакаат бавно. Лажговци“, напиша Трамп на Твитер.
Во гласање по партиска линија, Претставничкиот дом одобри две одредби за импичмент на американскиот претседател. Тој е обвинет дека ја злоупотребил функцијата за сопствена корист и дека правел опструкција на конгресните напори за истрага по неговите постапки.
Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси за неодредено време го одложи испраќањето на документот за импичмент до Сенатот кој е под контрола на републиканците. Таа вели дека нема да преземе акција додека Сенатот не се согласи на правилата според кои ќе се води постапката.
Во меѓувреме Руди Џулијани, личен адвокат на претседателот на САД, Доналд Трамп и клучна фигура во притискањето на Украина да покрене истрага од која политички ќе профитира Трамп, изјави дека ќе сведочи на претстојниот судски процес за импичмент на претседателот и ќе стори сé што може за да го види ослободен.
„Би сведочел, би направил демонстрации“, рече Џулијани при пристигнувањето на новогодишната забава на имотот на Трамп на Флорида.
„Би сакал да го истражам случајот. Не знам дали некој би имал храброст да ми го даде предметот“, рече тој.
Џулијани, поранешен градоначалник на Њујорк и долгогодишен доверлив соработник на Трамп, не се очекува да биде еден од адвокатите на Трамп кој ќе го брани во судењето во Сенатот, а советникот во Белата куќа, Пет Сипилон, најверојатно ќе биде главниот адвокат на Трамп.
Трамп е обвинет за злоупотреба на службената положба со вршење притисок Киев да отвори истрага за поранешниот потпретседател Џо Бајден и за опструирање на Конгресот со попречување на истрагата за неговите активности поврзани со Украина.
И празниците минаа, политичарите во Вашингтон ја истуркаа двонеделната пауза и прашањето на импичментот се враќа на столот. Сепак, не се знае дали Сенатот ќе гласа набргу за ипичментот (каде засега се очекува лесно победа на републиканците и ослободување на Трамп), иако претставничкиот дом – во доменот на својата ингеренција – веќе ја изгласа резолуцијата за Трампово отповикување уште на 18декември. Лидерот на сентското нозинство, републиканецот МичМекдонел нема да започне постапка без да се знае „сценариото“ како би с одвивала таа расправа. Најрпво, инсситира да го добие официјално документот од Ненси Пелоси (резолуцијата за оставка на Трамп) со двете точки. Пелоси не го доставува документот и сака целата процедура, која по неа го бламира претседателот Трамп би потраела.
Што прдвидува постапката во Сенатот? Тоа не е класичен удски процес и не предвидува санкции. Но, ако с докаже дека претедателот виновен, тој треба да понесе отставк на функцијата. Со судењето во Сенатот претседава претседателот на Врхониот суд ма САД. „Во секој друг случај со Сенатот би претседавал потпретсеателот ама во овој случај тоа би бил судир на интереси“ – вели Сузан Лоу Блок од Универзитетот Џорџтаун.
Неколку членови на Претставничкиот дом во Сенатот ќе има улога на менаџери, односно ќе го застапуваат интересот на вториот дом на Конгресот, кој веќе изгласа отповик на претседателот. Претседателот има право да одбере свој правен застапник.
Сенаторите се во овој судски процес главно се во улога на поротници и ќе ги слушнат аргументите на Претставничкиот дом и на Претседателот. Иако Претставничкиот дом донесе предлог за отповикување на претседателот Доналд Трамп за злоупотреба на службената должност и опструкција на Конгресот, сè уште не е јасно како и кога ќе се одвива процесот во Сенатот. Претседателот на Претставничкиот дом Нанси Пелоси рече дека ќе почека Сенатот да ги постави правила за таканареченото „судење“ на претседателот и дури тогаш и официјално ќе испрати резолуција за да се активира во Сенатот. Пелоси рече дека откако ќе има информации за правилата на процесот, таа ќе назначи споментите „менаџери“, кои би ја претставувале резолуцијата за отповикување на Трамп, донесена од Претставничкиот дом на судењето во Сенатот, пренесува Ројтерс.
„Јас не предложив менаџери затоа што сè уште не знаеме како ќе биде арената … Се надеваме на фер процес, како што се надеваме и ќе го почитуваме уставот“, рече претседателката на Претставничкиот дом.
Во овој миг Доналд Трамп е победен од демократското мнозинство во Претставничклиот ом ама во Сенатот мнозинството го имаат републиканците и не се очекува рзрешување. За потврда на инпичментот се неопходни две третини од 100 сенатори, што значи дека 20 републиканци треба да гласаат за демокртската иницијатива а тоа е малку веројатно.
Предводникот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич МекКонел, треба да се состане со лидерот на малцинските демократи Чак Шумер и да постави правила за процесот на отповикување. Медиумите шпекулираат дека тие би можеле да се сретнат во текот на денот.
Меканел ги повика неговите републикански колеги да го поправат „токсичното“ испитување на Доналд Трамп во Претставничкиот дом, испраќајќи го најсилниот сигнал досега дека Трамп нема да биде разрешен, пренесува Ројтерс.
Водачот на мнозинството во Сенатот ги обвини членовите на Претставничкиот дом дека подлегнуваат на „краткотрајни страсти и партиски поделби“ кога гласаа за отповикувањето на Трамп.
„Гласањето не се засноваше на докази, туку на тоа кој какви емоции има кон претседателот. Сенатот треба тоа да го исправи “, рече Мек Конел, кој претходно објави дека ќе соработува со Белата куќа во процесот на импичментот на Сенатот.
Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер изјави дека „демократите сакаат фер и брзо судење“ што ќе вклучува сведоштво од највисоки функционери во администрацијата на Трамп.
„Дали аргументите на претседателот се толку слаби што никој од неговите соработници не сака да го брани заклетва“, праша Шумер, додека го критикуваше Мич МекКонел, кој посочи дека не сака да сведочи.
Доналд Трамп стана третиот претседател на САД, кој доби отповикување во Претставничкиот дом, официјално обвинет за злоупотребата на својата позиција и опструирање на Конгресот.
Дури 230 членови на Претставничкиот дом гласаа за првата точка од предлогот – злоупотреба на службената должност, додека против имаше 197.
Демократите го обвинија Трамп дека ја злоупотребил својата позиција кога тој побарал од Украина да го испита поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, еден од фаворитите за победа на претседателската номинација на демократите. Американскиот претседател исто така е обвинет за спречување на истрагата на Конгресот во врска со ова прашање.