Два дена по нападот врз божиќниот панаѓур во Стразбур, осомничениот атентатор е убиен од страна на полицијата во престрелка во стразбуршкиот кварт Нојдорф. Видлива е намерата на терористите секогаш да ги користатат местата на кои постои масовност и забава која напаѓачите ја толкуваат како недолична и затоа дозволива за атакување
Шериф Шекат загина како и неговите жртви – на улица. Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер соопшти дека 29-годишниот осомничен атентатор е убиен за време на рација во стразбуршкиот кварт Нојдорф. Шекат отворил оган врз полицајците, по што бил убиен. Француските антитерористички сили вчера интензивно го пребаруваа квартот кој се наоѓа југоисточно од центарот на Стразбур.
Напаѓачот ѝ бил познат на полицијата, и важел како потенцијално опасен, бидејќи очигледно претходно за разни деликти веќе бил осудуван како во Франција, така и во Германија. Тој стрелал од огнено оружје врз насобраните луѓе во историскиот центар на Стразбур, каде традиционално се одржува божикен панаѓур, кој привлекува бројни гости не само од градот туку и од целиот свет. Се верува дека припадниците на една воената патрола веќе го раниле напаѓачот во една од двете вооружени престрелки, кои следувале по нападот на божикниот панаѓур.
НЕМА ДОКАЗИ ЗА ВРСКИ СО ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА Полиицијата го блокираше речиси целиот град а во потрагата по напаѓачот учествуваа 350 припадници на безбедносните сили како и два хеликоптери. Освен тоа во цела Франција е прогласен највисок степен на терористичка закана. Тоа се случи по итната седница во Париз, која ја свика претседателот Емануел Макрон . На неа, меѓу другите, присуствуваа, премиерот Едуард Филип и секретарот за одбрана Фиренца Пари.
Шекат во вторникот вечерта о местото на злосторот избегал со такси. Оттогаш му немаше трага. При нападот врз божиќниот панаѓур беа убиени три лица. На четвртата жртва ѝ откажа мозокот.
Непосредно по убиството на антентаторот, терористичката милиција Исламска држава презеде одговорност за нападот врз божиќниот панаѓур. Таа тврди дека напаѓачот бил нејзин војник. Безбедносните сили ја проверуваат автентичноста на оваа информација. Инаку по некои непотврдени верзии тој утрото на денот на трагедијата требал да биде уапсен, но и побегнал на потерата. Во станот имало експлозив, ѓшто значело дека готвел нешто покрупно. Бегството значи дека и полиијата ама и напаѓачот имале свои јатаци и дојавувачи.
По 29-годишниот Шекат следниот ден веќе трагаа околу 800 припадници на француските безбедносни сили. Освен тоа, француската влада ги зајакна силите кои имаат антитерористички задачи. Армиските припадници кои се дел од операцијата „Стража“ требаше да се грижат за безбедност на јавните места и на божиќните панаѓури.
ШТО Е ТОА „СТРАЖАР“ „Стражар“ е антитерористичка операција покрената по нападите во Париз во 2015 година, во чии рамки 10 илјади војници и 4.700 полицајци и жандарми ги обезбедуваат чувствителните локации од терористички напади.
„Станува збор за 500 војници, кои денеска беа вклучени во операцијата Стражар и 1.300 кои во наредните денови ќе им се приклучат на оние веќе ангажирани во обезбедувањето и гарантирањето на сигурноста на Французите“, истакна премиерот Филип
Атентаторот во вторникот вечерта, кога отворил оган во центарот на Стразбур извикувал „Алаху акбар“ (Господ е голем), изјави раководителот на истрагата Реми Хајц. Според наводи на обвинителството во Париз, полицијата уапсила пет лица од опкружувањето на Шекат. Уапсени биле родителите и двајца браќа на Шекат, и лице за кое нема подетални наводи.
Со смртта на Шекат завршува не само потрагата на полицијата, туку и една долга криминална кариера. Шекат бил првпат осуден уште на 13-годишна ворзаст. Во Франција, Германија и Швајцарија вкупно имал дури 67 пресуди за криминал. Во германскиот град Фрајбург бил затворен до 27 февруари 2017 година. Според радиото РББ, Шекат непосредно пред нападот во Стразбур бил телефонски повикан од Германија, но не одговорил на повикот. Нејасно е кој му се јавувал и зошто. Истрагата сега интензивно се занимава со ова прашање.
Тој истакна дека целта е да се обезбедат местата на јавно собирање, во прв ред божиќните панаѓури ширум земјата.