Фирмата бележи пад на акциите а многу земји гиу забранија летовите на овие типови летала на своја територија
Знамето на ОН беше на половина копје кога делегатите денеска пристигнале на состанокот. Собирот во Најроби и отворањето на состанокот на Генералното собрание на ОН во Њујорк започнаа во знак на оддавање на почит на загинатите. Со минута молчење започна собирот во знак на сеќавање за загинатите колеги.
„Ова е глобална трагедија и Обединетите нации се обединети во тагата. Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските на сите жртви, до владата и луѓето од Етиопија, и ситепогодени од оваа катастрофа“, рече генералниот секретар Антонио Гутереш во Њујорк.
рамата за животна средина на ОН, во глобалното седиште во Најроби, главниот град на Кенија. Загинатите во авионската несреќа во која најмалку 20 од патниците кои загинаа во авионската несреќа во Етиопија патувале на годишното заседание на заседание токму на светскатра организација. Жители на најмалку 35 држави ги загубија животите во оваа авионска несреќа.
Ништо не може да се исклучи како причина за авионската несреќа во неделата, велат од Етиопиан ерлајнс. Според новинската агенција Ројтерс, двајца сведоци рекле дека виделе чад што доаѓал од задниот дел на авионот пред несреќата. Пилотот на авионот доби дозвола да се врати на аеродромот откако имаше одредени тешкотии, изјави Теволде Гебре Маријам, шеф на „Етиопиан ерлајнс“.
Извршниот директор на Етиопиан ерлајнс изјави дека ништо не може да се исклучи како причина за авионската несреќа во неделата.
„Етиопиан ерлајнс е една од најбезбедните авиокомпании во светот“, изјави Гебре Маријам за новинарите за време на обиколка на местото на несреќата.
Во меѓувреме Кина, Индонезија и Кајманските острови ги приземјиа авионите од моделот Боинг 737 МАХ 8. Етиопија објави ден на жалост за 157 лица кои загинаа кога авионот на Боинг 737 Макс-8 упатен за Најроби паднал само шест минути по полетувањето од Адис Абаба, главниот град на Етиопија.
Најмалку 20 од патниците биле упатени кон годишното заседание на Програмата за животна средина на ОН, во глобалното седиште во Најроби, главниот град на Кенија. Знамето на ОН беше на половина копје кога делегатите пристигнале за состанокот во понеделник.
Во соопштение доцна во неделата Бoинг кажа дека нивни тим патува на местото на несреќата да обезбеди техничка помош под водство на Етиопското биро за истрага по несреќи и Американскиот национален борд за безбедност во сообраќајот.
На пилотот на авионот му било дозволено да се врати на аеродромот по пријавените проблеми, кажа раководителот на Етиопиан Ерлајнс, додавајќи дека ништо не е исклучено како причина за несреќата.
Кина, Индонезија и Кејменските Острови ги приземјиа нивните авиони од типот Боинг 737 – Макс 8.
Во авионот биле државјани од најмалку 35 земји.
Се работи за нов авион, доставен во ноември. Се работи за ист модел на авион кој полета од Џакарта, Индонезија во октомври и се урна во Јаванското Море неколку минути подоцна, убивајќи 189 луѓе на него.
Авиокомпаниите во Кина, Индонезија и Етиопија ги приземјиа сите авиони од типот „Боинг 737 МАХ 8“ по авионската несреќа во која загинаа 157 лица
Акциите на авионскиот гигант Боинг денеска брзо по отворањето на берзата паднаа за речиси 12 отсто. Падот на акциите следи еден ден по авионската несреќа во која се сруши авион на Етиопиан ерлајнс, при што загинаа сите 157 лица во авионот.
Авиокомпаниите во Кина, Индонезија и Етиопија ги приземјиа сите авиони од типот „Боинг 737 МАХ 8“ откако авион од тој модел се сруши во неделата на пат за Најроби. Авионот „Боинг 737 МАХ 8“ е истиот модел на авион кој имаше авионска несреќа во октомври. Авионот полета од Џакарта и се сруши во Јаванското море неколку минути по полетувањето, при што загинаа сите 189 лица на летот.
Боинг, вчера кратко по несреќата, излезе со соопштение во кое изрази длабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите. Технички тимови на Боинг ќе се упатат на местото на несреќата со цел да обезбедат техничка помош под раководство на Бирото за истраги на несреќи на Етиопија и Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД“, стои во соопштението.
Од Боинг јавно не ја коментираа загриженоста поради моделот 737 МАХ 8, ниту пак приземјувањето на нивните авиони во три држави.