БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Ги имаме двајцата главни актери во притвор, третиот се регистрирал како сведок соработник, свиркач, или као веќе се вика таа позиција пред судот, но после објавувањето на оваа снимка мислам дека тешко ќе може да остане на слобода, а истовремено да се задржи интегритетот на целиот процес
Нема ништо поодвратно од криминал без стил. Освен, можеби, криминалот кој се обидува да се стилизира како имитација на недостижните идеали од филмското или рекламно платно. А најодвратнен е кога се прави со идеја која е над самиот криминал. Кога криминалот има политичка агенда.
Боки тредичи е пандишпан испечен од смеша во која се турени сто грама боратовштина, триста грама монтипајтонство, три лажици ванилаајсштина, еден прстофат црногујовштина. Ингредиенси просеани низ таканареченото медиумско сито и печени на 220 степени во рерната на локалната малограѓанштина.
Ми доаѓа да помислам дека актерите во “рекет” не се фатени од некоја скриена камера, туку дека и скриената камера е лажна, односно дека сите играат во една документарна и играна приказна истовремено.
Тредичи оди на примопредавање на парите не како притаена, стопена во околината фигура, туку маскиран во тип по кој и на одење и на враќање се свртуваат сите погледи и во чија чанта секој ќе намириса многу пари. Никој не се плаши од камерите на Камчев, обратно, парадираат како на генерална проба за некој филм. Боки тредичи ми е како Мики Рурк во најнадуаната фаза, а Орце ми личи на Мајкл Пења или на Кристофер Вокен во некои изданија. Нападно е избегнат кадарот кој би покажал кој ги брои парите, а кој ги чека, но ги има актерите како излегуваат од една врата со чанта слична или идентична на онаа во која, во претходниот кадар, беа парите. Сомнителен е спксокот на апоените, со пенкалце, на обичен лист хартија, ко дека на овој што ги зема му е важна точноста на паричната селекција, а не седнува тоа да го провери на лице место.
Но, да не одииме предалеку во претпоставките, независно од основаноста што ја пружаат достапните материјали. Нека да се задржиме на доминантната верзија за „трговијата со влијание”.
Ги имаме двајцата главни актери во притвор, третиот се регистрирал како сведок соработник, свиркач, или као веќе се вика таа позиција пред судот, но после објавувањето на оваа снимка мислам дека тешко ќе може да остане на слобода, а истовремено да се задржи интегритетот на целиот процес и ја имаме Катица, која мора да се стави или да ја стават на располагање на Јавното обвинителство, со цел да се утврди вистината за нејзиниот статус во аферата. Има ли реално влијание во размената за парите или е тоа само симболично ниво што е извлечено од смимките и тонски и фотографски. Тој статус во правна смисла и во оваа фаза останува нејасен и покрај сите напори на снимателите и режисерите и безмалку сите медиуми, како што во општествена смисла е јасно дека е комплетно уништен, независно од крајниот исход на аферата. Во што нејзината одговорност е несомнена.
Јас очекувам дека веднаш по одморите случајот ќе влезе во приоритетна процедура и во обвинителството и во судот.
Најавата на нови, реални или монтирани или играни снимки, е најава не на борба против криминалот, туку најава на борба на криминалот против Македонија. Но, тоа е тема која бара посебна анализа и коментар.