Следи споредбената анализа за состојбата со корона вирусот од 2 до 15 август
ТОНИ ПОПОВСКИ
Вкупниот број новозаразени за две седмици на 100 000 жители (индикатор на Центарот за контрола и превенција на болести на ЕУ според кој се носи одлука за влез во ЕУ/Шенген зона)
Званичниот праг на ЕУ е околу 20 новозаразени на 100 000 жители – еквивалент на просечна епидемиолошка слика во ЕУ но истата од податоци заклучно 12 август е влошена и изнесува 30 новозаразени на 100 000 жители за изминати две седмици.
Според влезни податоци од https://ourworldindata.org/ (сајтот на Оксфорд кој влече податоци од Европскиот центар за контрола на болести) – секојдневно се ажурираат и на нашиот ТРЕКЕР https://treker.mk/mk/stats (период 2 – 15 август):
- Косово: од 143.3 (резултат од минатата седмица за претходни две седмици) раст на 156.5
- Црна Гора: од 145 пад на 116.5
- БиХ: од 110.7 раст на 111.5
- Македонија: од 65 раст на 79
- Албанија: од 47.9 раст на 59.8
- Србија: од 59.7 пад на 49.2
7.Турција: од 14.3 раст на 17.7
Од овие податоци може да се заклучи дека во изминатите две седмици епидемиолошката состојба се влошила во сите држави со исклучок на Црна Гора и Србија.
Вкупно направени тестови на 1 милион жители (за Косово немам податок), во заграда е број на тестови направени за изминатите две седмици на 1 мил. жители:
Извор: https://www.worldometers.info/coronavirus/#countries
- Србија: 91,000 = 91К (7,000 + 7,000)
- Романија: 78К (8,000 + 7,000)
- Словенија: 68К (2,000 + 3,000) и Грција: 68К (10,000 + 7,000)
- Турција: 67К (4,000 + 6,000)
- Црна Гора: 42К (3,000 + 3,000) вкупно или на 1 мил. жители еквивалент на 66 K (Црна гора има 620,000 население)
- Македонија: 60К (4,000 + 6,000)
- БиХ: 49К (3,000 + 4,000)
- Бугарија: 48К (4,000 + 5,000)
- Унгарија: 39К (2,000 + 2,000)
- Хрватска: 33К (1,000 + 3,000)
- Албанија: 15К (1,000 + 1,000)
Разликите во обемот на тестирање во овој регион се големи, илустрирано со податокот дека Србија тестира шест пати повеќе од Албанија и скоро три пати повеќе од Хрватска. Изминатава седмица најмногу тестови имаат направено Грција, Романија и Србија а четврти се Македонија и Турција. За две седмици Грција има направено најмногу тестови, ја следи Романија, па Србија и на четврто место Македонија и Турција.
Тренд на новозаразени за изминатите четири седмици:
Извор: https://www.worldometers.info/coronavirus/#countries
- Романија: 6,987 + 8,433 + 8,512 + 8,751
- Турција: 6,456 + 6,696 + 7,753 + 8,495
- Србија: 2,765 + 2,619 + 1,981 + 1,608
- БиХ: 1,606 + 2,109 + 1,811 + 2,114
- Косово: 1,300 + 1,637 + 1,505 + 1,216
6 . Бугарија: 1,674 + 1,524 + 1,507 + 990
- Македонија: 908 + 957 + 863 + 899
- Албанија: 635 + 759 + 879 + 985
- Хрватска: 539 + 432 + 319 + 877
- Грција: 183 + 421 + 834 + 1,437
- Црна Гора: 675 + 451 + 390 + 372
- Унгарија: 109 + 102 + 127 + 224
- Словенија: 126 + 105 + 76 + 154
Постојан тренд на раст на новозаразени има во Романија, Турција, Албанија, Грција (експоненцијален во изминативе четири седмици !!!) и Унгарија (удвоен последнава седмица). Постојан пад на новозаразени има во Србија иако бројот на новозаразени сеуште е меѓу највисоките во регионот, и во Бугарија и Црна Гора. После три седмици пад во Хрватска изминатата седмица бројот на новозарaзени е утростручен. Епидемиолошката слика осцилира на Косово (со сепак висок број на новозаразени) и Македонија која во споредба со периодот од првата половина на јуни до половината на јули кога имавме над 1,000 новозаразени седмично, сега имаме нешто подобра епидемиолошка слика со постепен пад од над 900 на над 800 случаи седмично. Најдобра во регионов е Словенија но загрижува удвоениот број на новозаразени последнава седмица иако бројот е мал во споредба со другите.
Бидејќи во вторник ќе поминат 5 месеци од почетокот на вонредната состојба а наредната сабота два месеци од нејзиното укинување, добар момент е да направиме пресек според вкупен број на инфицирани лица како процент од вкупно население:
1.Црна Гора: 0.63%
- Косово: 0.62%
- Македонија: 0.60%
- БиХ: 0.48%
- Романија: 0.36%
- Србија: 0.33%
- Турција: 0.29%
- Албанија: 0.25%
- Бугарија: 0.20%
- Хрватска: 0.15%
- Словенија: 0.11%
- Грција: 0.06%
- Унгарија: 0.05%
Поради разлики во број на направени тестови (колку повеќе тестирате повеќе заразени лица регистрирате) и ако ја земеме Србија како репер со најголем број направени тестови во регионот и претпоставиме дека сите други држави направиле идентичен број на тестови како Србија една хипотетичка табела би изгледала вака (* за Косово бидејќи немам податок за вкупен број на направени тестови го земам тој од Албанија):
- Косово: 4.07%
- Албанија: 1.64%
- Македонија: 0.91%
- Црна Гора: 0.83%
- БиХ: 0.70%
- Хрватска: 0.43%
- Романија и Турција: 0.39%
- Бугарија: 0.37%
- Србија: 0.33%
- Словенија: 0.15%
- Унгарија: 0.11%
- Грција: 0.08%
Овој индикатор е битен бидејќи дава сознание за успехот на пристапот на државата во управување со здравствената криза и како општеството реагирало на тој пристап. Со резерва за Косово поради немање сознание за вкупен број направени тестови, по овој индикатор ако се симулира ист број на тестови како Србија, најдобар одговор до овој момент на кризата имаат Грција, Унгарија и Словeнија а најлош Косово, Албанија и Македонија.
Подолу споделив график со споредби поврзани со стапката на смртност од вкупен број заразени од https://ourworldindata.org/ (сајтот на Оксфорд). Во моментов леталитет на вирусот (case fatality rate)глобално е 3.55%.
По однос на моите заложби и предлози од изминатите седмични постови (ги објавувам во недела наутро) сеуште чекам(е на официјална пресметка и објавување на репродуктивен број на инфицирани на ниво на единици на локалната самоуправа (релевантно е прашањето и по однос на претстојното отворање на училиштата). По однос на давање повеќе надлежности на општините и зајакнување на локалниот одговор е статус кво (чекаме да се формира Влада). За донирање на крвна плазма се уште „аплеираме“ а не стимулираме. Не добиваме информации дали и како е подобрено лекувањето (инвестирање во методот кој го применува Д-р Жан Митрев, достапност на лекови засновани на молекулата Favipiravir, дали се применува лекување со Интерферон Бета по методот на тимот на лекари на Универзитетот во Саутемптон или други квалитативни промени во терапијата).
Останете сите со одлично здравје и брзо опоравување им посакувам на сите инфицирани лица.