Лосурдовиот метод ги спојува филозофијата и историјата,соочувајќи ги концептите врз основа на кои историчарите ги користат термините кои се значајни за објаснување и изразување
ГИОМ ФОНДИ
Историографијата на скорешното минато е, покрај економијата, несомнено интелектуална дисциплина во која владеат најдлабоки поделби. Таа носи можност за осврти врз еманципаторските и револуционарни потфати што се случувале во текот на историјата. Постојат бројни решенија кои се алтернатива за капитализмот, што со своето постоење ја оспоруваат неговата теза дека се единствен избор за општествена организација. Овој став, како и потребата на прогрсивните активисти и активистки да им ја приближува историјата чиј дел го инспирирале италијанскиот комунистички филозоф Доменик Лосурдо, кој почина во јуни годинава, да се фати во костец со општа критика на постоечката историографија.
Првото поле што го ставил како предмет на својата анализа е развојот на политичките сили. Надоврзувајќи се на трудовите на Ѓерѓ Лукач за историјата на политичката мисла, тој се обиде да го доведе во прашање големиот либерален наратив за борбата меѓу доброто и злото, слободата и тоталитаризмот, што постои во делата на Карл Попер, на пример. Низ истражувањата на политичкиот либерализам, Лосурдо го продлабочи увидот во форма на претчувство присутно и кај Карл маркс, за длбоката амбивбалентност на оваа филозофија во нејзиниот развој од 17 до 21 век, од Џон Лок до Алексис де Токвил, од идеите за природното право до слободата на поединецот. Либерализмот ја заговара институционализацијата на правото, меѓу кои е и главно правото на сопственост. Таа идеја во теоријата дава основ за еманципација на малцинските групи, но може да се користи и како оправдување за влошување на положбата на оние на кои тие права им се скусуваат – примерот на ропството најдобро ја илустрира оваа суштинска „ексклузива“ на либералната мисла. Границата меѓу либералната и козервативната традиција е во најмала рака нејасна… Тој овој метод го применува на најпочитуваните писатели, како Фридрих Ниче, што му овозможува да ги оспорува нивните најкритични концепти (роб, жена, Евреи и слично) да ги излвече од контекстот и временската рамка од каде извира битен дел од нивното значење.
Неговата перспектива на критичко расветлување им овозможува на неговите трудови на тема на германскиот идеализам да го вкннижи како суштински прогресивен карактер мислителите кои често се прикмажани како претходница на тоталитаризмот – почнувајќи од Хегел. Лосурдо прикажува детали на неговата мисла и суштински ја поттикнува теоријата за човечката заедница која се засновува на рефлексија на Француската револуција и нејзиното почитување.
Лосурдо токму Хегела го користи како светилник кој му помага да ја расветли историјата на реалниот социјализам, втор голем аспект на неговиот труд. Насрпти апстрактното оцртување и негирање на историјата штом се многу застапени во историографијата на СССР и НР КИна, тој настојува да ја опише историјата на револуциите и режимите по нив дојдоа, прикажувајќи ги како обиди во рамки на долгиот и тежок процес на учење. Несовршени и често криминогени тие мораат да бидат сместени во рамките на сопствените истории на долги траења (влијание на австократската традиција, омразата меѓу оддел ни заедници и друго) ама не изложени на судот врз основа на идеалните норми без никаков допир со реалните околности. Одредени луѓе би можеле заклучоците на овие анализи, ама Лосурдо со својот огромен опус постави темели за враќање на големата интелектуална прогресивна традиција.