Постојат најмалку три причини зошто Брегзит без спогодба е многу малку веројтен процес, наспроти Џонсон, или токму заради него
АНАТОЛ КОЛЕЦКИ
Сега Борис Џонсон ја реализираше својата животна амбиција и сстана британски премиер, трагикомедијата на Брегзитот се ближи на врвот. Додека остатокот на Унијата гледа на настанот со одвај прикриен ужас, Џонсоновата апотеоза претставува и добра и лоша вест.
Лошата ветс е дека повлекувањето од ЕУ без спогодба, за што е заложува Џонсон, барем во трката за лидерска позиција, кај традиционалните еврофоби – Конзервативната прија, би можела да ја фрли Британија во криза што може да се спореди со пропаста на банката Леман брадерс во 2008 година. Иако тој настан пред се би се почувствувал во областа на трговијата и би траела неколку месеци, но би моќело да има последици со години потоа.
Добрата вест е дека Борис Џонсон е поумен и повешт политичар од претходничката Тереза Меј. Значи ако тој би го сменил погледот кон Брегзитот и до согласност (договор) со Унијата сепак дојде, тоа би било не само политичко изненадување, туку и директен економски потстрек и за Британија и за Европа. Секако, останува предвидувањето дека Британија на долг рок ќе трпи ако до Брегзитот дојде.
Сега Џонсон ветува циклични стимулирања за економијата со зголемена јавна потрошувачка и со намалување на даноците. Ве земји од Унијата – Германија и Франција, ќе имаат корист со заминувањето на Британија, бидејќи, ќе имаат помала конкуренција и ќе ја пополнуваат „дупката“ Особено во лукративните дејности како фармацијата, автоиндустријата, финансиите, медиумите, одбраната…
На политичките кладилници веројатноста се да заврши без спогодба стои на 33 отсто, додека некои финансиски аналитичари проценуваат дека веројатноста од тој настан е 50 отсто. Ова не изннадува со оглед на тоа што Џонсон најголем дел од својата кампања за заземање на челото на ториевците го базираше на тој исход. Постојат најмалку три причини зошто Брегзит без спогодба е многу малку веројтен процес, наспроти Џонсон, или токму заради него.
Најнапред распоредот на силите е најнеповолен во Парламентот ако дојде до изјаснување за таков исход. Ега сите опозициони партии се обедуинети противтоа со ЕУ да се раскине без договор. Парламентарното мнозинство кое Џонсон го има се два или три пратеници. Значи ако двајца пратеници преминат на другата страна, би морале да се распишат нови избори. Овој месец најмалку 40 ториевски пратеници гласале против тактиката на Џонсон, па кандидати за вртење на грбот во Парламентот има доволно. Ако до тогаш Џонсон не донесе некаква нова, поприфатлива верзија на Брегзит тој лесно ќе стане премиер со најкус мандат во британската историја. Тој се наоѓа на многу поризичен терен отколку шпто тоа беше Меј, бидејќи нема расположение да се подржи во доволна мерка напуштање на Унијата без договор со Брисел.
За да избегне груб раскин со Брсел Џонсон има на располагање инструменти кои не и беа достапни на Меј. Џонсон со тоаа нова спогодба можеби би го убедил Парламентот. Оние кои беа тврди ториевци и беа за Брегзит по било која цена и затоа и ја симнаа Меј, сега се во ситуација да прифатат било каков договор само да не излезат на избори. А изборите може да значат Брегзит и да нема! И оние кои се за тоа да не се напушта Унијата во двете големи партии се за тоа дека подобро е било каков договор да постои, само да се избегне колапсот.
Главната опасност сепак доаѓа од европската страна. Дали лидерите на ЕУ ќе му дадат на Џонсон доволно козметички отстапки за „неприфатливиот договор“ на Мејова се претвори во прифатлив „Борисов договор“? Одговорот е веројатно позитивен. Лидерите на Унијата како и Џонсон одвај чекаат да ја заврпат брегзитовската сага. А отстапката која Борис ја посакува највеќе е да нема цврста граница во Ирска – меѓу Републиката и Алстер.
Бидејќи ова со отворената граница е од историско значење само за Република Ирска, Брисел ќе се раководи со интересите на ирската влада. Пет Лихи, коментатор на угледниот „Ајриш тајмс“ забележа дека е подобро да има гранчни контроли после неколку години отколку на 31 октомври! Дури, за неколку години веројанто и ќе дојде до потраен договор за односите меѓу Британија и Унијата од што Даблин би профитирал одново со отворените граници.
Ова нас не доведува до клучната причина зошто треба да се кладиме дека Британија нема да ја напушпти Унијата без спогодба.